Македонците не сакаат во НАТО и ЕУ со друго име!

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Според најновата анкета спроведена од Институтот “Прогрес“ 79,8 отсто од граѓаните во земјава се за влез во НАТО И Европската Унија. Само 8,1 отсто се против, а 12,1 отсто немале одговор за прашањето “Дали го поддржувате влезот на Македонија во НАТО и ЕУ?“. Но, кога граѓаните се прашани дали се за промена на името се цел примем во евроатланските организации ставот драстично се менува. Високи 62,6 отсто од граѓаните одговориле дека нема да поддржат промена на името се цел прием во ЕУ и НАТО, 30,7 отсто би поддржале ваква промена, а 6,7 биле без одговор.

anketa-vlez-vo-eu-i-nato-01.jpg

Се забележува мал пад во одлучноста да не се менува името доколку таква промена поддржат сите политички субјекти во земјава. На прашањето “Доколку сите парламентарни партии поддржат одреден предлог за промена на името, дали вие би го поддржале на референдум? 53,2 отсто одговориле со “да“, 37,2 отсто одговориле со “не“ и 9,6 отсто немале одговор.

Анкетата на “Прогрес“ ја покажува и се поголемата недоверба на граѓаните во политичарите и партиите. Истражувањето на јавното мислење покажува дека 27,6 отсто од граѓаните не планираат да гласаат на парламентарни избори, 24,4 биле неодлучни и одговориле со “не знам или немам одговор“.

anketa-vlez-vo-eu-i-nato-02.jpg

Останатите на прашањето “Доколку утре се одржуваат парламентарни избори за која партија би гласале? 23 отсто би гласале за ВМРО ДПМНЕ, ЗА сдсм 11,5 отсто, 6,5 отсто за ДУИ, 2,9 за ДПА, 1,4 за Нова Демократија, 0,6 за ЛДП.
На следното прашање “Што мислите која партија би победила на следните избори“ 44 отсто од граѓните одговориле со “не знам“ , 32,1 отсто одговориле ВМРО ДПМНЕ, 10,4 отсто СДСМ.

Анкетата покажува дека мнозинството испитаници немаат доверба во ниту еден политичар на Македонија. Од прашањените 31,8 одговориле во ниеден, со “не знам“ одговориле 16,3 отсто. Сепак со најголема доверба од граѓани е премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски со 23,5 отсто доверба, потоа претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски со 9,2 отсто, Али Ахмети 6,8 отсто, Мендух Тачи 3,4 отсто, Имер Селмани 2,3 осто и Руфи Османи 1,1 отсто.

anketa-vlez-vo-eu-i-nato-03.jpg

Анкетата е спроведен телефонски на 1111 испитаници од 12 до 15 ноември годинава.

Извор: Точка

Нема што повеќе да се зборува, јасно е. Народот не сака НАТО и ЕУ по цена на сопственото име и идентитет.
 
е не бе тетки ќе си играме уште...:tv:
 
Анкетата покажува дека народот не го познава проблемот и изворот на проблемот со името.
Ветото во тие организации е силата од каде црпи Грција.
Големите земји во тие организации се дирекна потпора на Грција во спорот со името.
Истите тие се и главните менаџери на етинчкото чистење на Македонците и поделбата на Македонија.

Да влезеш во ЕУ и НАТО под Република Македонија, неможеш.
НАТО и ЕУ се против правата на Македонците за своја држава.

Акција реакција.
Ако НАТО и ЕУ се против правото на Македонците за сопствена држава, нормално следи реакција, ние сме против ЕУ и НАТО.
Ова од анкетата покажува лоша состојба на духот на Македонецот.
 
Јас и по ова име нејќам, а пак не по друго.

--- надополнето ---

Анкетата покажува дека народот не го познава проблемот и изворот на проблемот со името.
Ветото во тие организации е силата од каде црпи Грција.
Самите не сме свесни колкава услуга ни прави Грција со ветото за во НАТО и ЕУ, сега сеуште рано е ама за некоја година ќе се увиди целата скапана структура таму.

Нормално,секој нормален човек кој има барем малце ум е против, не сметајќи ја тука баграта (а ја има )
 
Јас воопшто не сакам влез на Македонија во НАТО.
 
Абе штом Бугарија е во ЕУ и НАТО то не чинит и брзо че го немит.
Колку си во право за ова само да знаеш :smir:- дури и бугарите самите си признаваат:

Мај наистна којто се заел с нас ништо хубаво не е видјал,спомнете си Византија,имахме с неја вземане -даване и помен нјама от неја ,после и османската империја се зајаде с нас и от неја папер не остана,след това с Австро-унгарските и германците правихме ал'шт-вериш и те јадоха хурката ,дојде ред и на ссср и варшавскијат договор и всички знајат какво последва ,а сега да му мислјат сашт и ес ,заштото и за тјах скоро ште се говори в минало време,с една дума бациликос-булгарикум ,см'ртоносна нелечима бактерија.

Отдавна чакам разпадането и на ЕС, както това се случи с всички с'јузи, с които бјахме с'јузници-СССР, Оста, Руска империја, Турска империја, Византијска империја, Римска империја... . С којто сме се хванали, все е пот'нал, к'де с наша помошт,к'де без такава....Време е и ЕС да последва с'дбата им..Кој ли с'јуз ште ни приеме за членове тогава?! Може би Африканскијат....барабар с Кадафи, напред к'м Неокомуниз'м с елементи на ислјамска д'ржавност!

Пророчеството се сб'дна.Влјазохме в ЕС и с'јуз'т тр'гна надолу.

и уште еден куп вакви изјави :pos2:
 
Високи 62,6 отсто од граѓаните одговориле дека нема да поддржат промена на името се цел прием во ЕУ и НАТО, 30,7 отсто би поддржале ваква промена, а 6,7 биле без одговор.
62.6 па и не е баш така високо као што сакаат да прикажат. Според пописот има околу 64.2% македонци по што излегува дека само македонците (и тоа не сите не сите минус 2%) се против промена на името...а познавам и други националности кои не се за промена на име....мислам дека македонците паѓаат овде на матурски испит.
На прашањето “Доколку сите парламентарни партии поддржат одреден предлог за промена на името, дали вие би го поддржале на референдум? 53,2 отсто одговориле со “да“, 37,2 отсто одговориле со “не“ и 9,6 отсто немале одговор.
Ова се уште полоши резултати...по се изгледа пропагандата да се смени името и притисоците за жал с успешни. Посебно загрижува што 53.2% се роботи-сајборзи, а не луѓе за да мислат со своја глава.

--- надополнето ---

Нормално,секој нормален човек кој има барем малце ум е против, не сметајќи ја тука баграта (а ја има )
излегува дека тие 53% не се баш "нормални" штом велат дека ќе поддржат предлог според избор на политичките партии
 
Јас сум у тие 8.1% кој у никаква варијанта не би сакал да членувам во еу и нато.
 
Во овој момент потребно е Македонија да си створи националистички водач како што направија Србите во Италија, Иван Богданов (nе мислам на палење на знамиња).

Не го сакам национализмот кога се однесува Албанци и Македонци, но национализам за заштита на нација и јазик, да, подржувам.

Едно прашање: во кој правец ќе се одвива внатрешната и надворешната политика доколку Албанците застанат во одбрана на името и Македонскиот јазик и нација ?
 
Во овој момент потребно е Македонија да си створи националистички водач како што направија Србите во Италија, Иван Богданов.(Не мислам на палење на знаме) Не го сакам национализмот кога се однесува Албанци и Македонци но национализам за заштита на нација и јазик, да подржувам. Едно прашање во кој правец ќе се одвива внатрешната и надворешната политика доколку Албанците застанат во одбрана на името и Македонскиот јазик и нација ?
Многу важно е како го толкуваш национализмот.За мене тоа е љубов према својата нација и тука не гледам ништо лошто.Ако ја видиш анкетата со политичките партии ке видиш дека таков водач моментално не постои во Македонија.Што се однесува до Албанците немој да помислуваш на солидарност за името.Тие како прво во целиот проблем со името гледаат шанса за нешто друго . Овде се заслепени со сепаратистички идеи а надвор знаат да бидат и големи швајцарци ,норвежани па и италијанци.Сега за сега единствена светла точка во политиката што се однесува околу националните интереси е шефот на држава Иванов .Сите овие серковци кои толку години се во политиката и му се смееа на изборите може вода да му носат.
 
Она што во секојдневниот говор (кај нас) се нарекува национализам, всушност треба да се нарекува национал-шовинизам. Национализмот, како и патриотизмот, е благородно чувство, ослободено од комплекси и омраза.
 
Се сложувам со тебе,дефиницијата која ја напиша дека национализмот е љубов спрема својата нација е во ред, би те надополнил дека национализам е и љубов спрема својата Татковина својата Држава. Не сакам национализам кога се употребува за внатрешни цели како од Македонците така и од Албанците,мислам дека на сите ни е јасно дека живееме во иста држава. Зборувам за национализам кон својата татковина како Македоците така и Албанците се родени овде. Идентификувањето на Албанците во Македонија со Косово и Албанија е опасно за Државата, тоа е она што не ми се свиѓа кај дел од Албанците. Доколку Албанците застанат позади името Грција може да го папа.Грција како свој партнер ѓи гледа Албанците во Македонија иако во Грција не им дава никакви права дури не ѓи признава како народ. Не можам да ѓи сватам Македонците кој ѓи третираат Србите како браќа и секогаш кога Србин или Србоман ќе влезе во конфликт со Албанец од Македонија Македонците ја заземаат страната на Србите без притоа да размилсат дека ние живееме во иста држава со Албанците тие се дел од нас. Единствен заеднички настап со Албанците имавме кога го признавме Косово тогаш имаше доста Македонци кој по форумите застанаа зад таа одлука и застанаа позади Албанците. Зборувам за националистички водач кој ќе ѓи води и Албанците и Македонците водач кој ќе ја води Македонија . Не е убаво кога Албанец фаќа сеир на Македонец и обратно.

--- надополнето ---

Она што во секојдневниот говор (кај нас) се нарекува национализам, всушност треба да се нарекува национал-шовинизам. Национализмот, како и патриотизмот, е благородно чувство, ослободено од комплекси и омраза.

Омразата ја ствараат политичарите заедно со новинарите и никој друг. Едни за власт друѓи по директива на власта или опозицијата или едноставно за да имаат добра приказна.
 
Според најновата анкета спроведена од Институтот “Прогрес“
Високи 62,6 отсто од граѓаните одговориле дека нема да поддржат промена на името се цел прием во ЕУ и НАТО, 30,7 отсто би поддржале ваква промена, а 6,7 биле без одговор.

Се забележува мал пад во одлучноста да не се менува името доколку таква промена поддржат сите политички субјекти во земјава. На прашањето “Доколку сите парламентарни партии поддржат одреден предлог за промена на името, дали вие би го поддржале на референдум? 53,2 отсто одговориле со “да“, 37,2 отсто одговориле со “не“ и 9,6 отсто немале одговор.

Нема што повеќе да се зборува, јасно е. Народот не сака НАТО и ЕУ по цена на сопственото име и идентитет.

Мислам дека не е сосема сосема јасно.

Без да сејам параноја, меѓутоа, од каде изникна овој “Институт“ Прогрес?

Иако навидум резултатите се претставени позитивно, воопшто не ја отсликуваат онаа одлучност против промена на името од претходните анкети, а и воопшто расположението кое владее кај народот, особено по се поголемиот евро-атлантски скептицизам. (не само кај нас)

Се обидува суптилно, завиткано во убава украсна хартија, да се протне подготвеноста на народот да го смени името, опаѓаат процентите против, наводно мал пад бидејќи поголемиот би бил веднаш изразито сомнителен, а уште повеќе, да не речам убедлива е спремноста да се смени името доколку за тоа се договорат “Политичките Партии“ и прифатат друго име.

Треба ВЕДНАШ да се реагира на ваквите подметнати “анкети“ од непознати институти и невообичаено краткиот временски интервал во кои се вршат едноподруго едни исти анкетни прашања.

Апелирам ваквите подметнувања да се разобличуваат и отфрлаат, секогаш потенцирајќи дека сите Македонци сложно се против промена на името и против влез во НАТО или ЕУ под услов менување на името, без разлика на политичкиот концензус и убедувањата да го сториме тоа.

Еве два начина за анализа:

1. Ако тие од мравка прават слон. Вие од слонот направите мравка.
Овој начин на спротивставување наложува воздржаност, внимателност, здрава доза на сомничавост и пасивен отпор. Ваквиот начин на однесување е препорачливо бидејки најчесто при убедувачка кампања убедувачите сакаат да прифатиме нешто некритички и брзоплето, без размислување.

2. Ако тие од слон прават мравка. Вие од мравката направите слон.
Овој начин на спротивставување наложува состојба на приправност, радозналост и активно учество. Убедувачите колку што сакаат да ги истакнуваат своите предности или предностите на своите идеи, постапки или производи истотолку сакаат да ги омаловажат или изостават своите недостатоци.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom