Прекрасни презентации во Њуjорк и Вашингтон, Канческа-Милевска рулз

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и амбасадорот во САД Зоран Јолевски вчера во нашата амбасада во Вашингтон организраа празничен џез концерт (во исполнение на Владимир Четкар) насловен „Благодарност до американскиот од македонскиот народ”.

Концертот се организира по повод еден од најголемите американски празници - Денот на благодарноста.

Пред почетокот на настапот, минстерката одржа навистина фантастичен говор пред преполната сала на амбасадата и оствари средби со присутните Македонци во САД и со останатите гости.

Претходно во Њу Јорк се одржа изложбата на Вана Урошевиќ во Македонскиот културен центар чиј промотор е Музејот на современата уметност од Скопје и деби концертот на Симон Трпчевски со симфонискиот оркестар на Балтимор во Карнеги Хол.

Мислам дека беше одличен потегот со своето присуство да им даде додатна тежина. Многу убави манифестации за презентација на нашата култура, во опуштена атмосвера, со одлична храна и многу вино.

Да знаете дека имаме многу претставителна министерка!


151072_1451046683975_1467490689_31005561_5700068_n.jpg





76458_1451047443994_1467490689_31005565_1789861_n.jpg
 
Њујорк се пишува споено, не одвоено (Њу Јорк). Поправете го насловот.
 
Поправено, благодарам на забелешката.

Што се однесува до прашањето погоре, Бети е диригент на еден оркестар и засега многу добро диригира.

Нешто што и лично ме тангира е дека Министарството за култура истражи целосно дваесет археолошки локалитети со цел да ја спречи неверојатната (по обим и безобразие) кражба на македонското историско наследство.

Немало друга државна постава да посвети волку внимание на културата.
 
Kанче е закон. :)

Жена ама карпа... :drk:

Устав е!!

Одма се глеа способна и рафинирана жена. Затоа е прифатена добро кога оди надвор.

Битно е дека побудува симпатии, ама ако треба може да те стопи со поглед. :):)

Само морам да кажам дека и Ганка беше ептен јака министерка. Секоја чест!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom