Интер - Милан, "Derby della Madonnina", недела, 14 ноември!

Кој ќе биде епилогот од овој меч ?


  • Вкупно гласачи
    150
Статус
Затворена за нови мислења.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432


Во недела, 14 ноември, очите на вљубениците во фудбалот ширум светот ќе бидат вперени на фудбалската „Скала“ во Милано. „Џузепе Меаца“ или „Сан Сиро“, кој како сака да го нарече фудбалскиот храм во овој град, ќе биде сведок на 175-тата лигашка фудбалска пресметка помеѓу големите градски ривали, ФЦ Интернационале и АЦ Милан.

Темите поврзани со „Дербито на Мадонина“ обично содржат многу историја но овој пат ќе го прескокнам тоа затоа што сите знаеме од какво значење е овој натпревар за навивачите на двата клуба насекаде низ светот. Дербито кое изобилува со одлична кореографија, хумор, страсно навивање и жар на теренот ќе биде топ тема деновиве, а долго по натпреварот ќе биде пресмет на остри дискусии помеѓу „завојуваните страни“.

Минатата сезона помина во доминација на Неразурите. Интер славеше убедливо на стартот на сезоната со 4-0, со головите на Тиаго Мота, Ето, Маикон и Станковиќ. Во вториот дел од сезоната пак Милито и Пандев погодија за 2-0 и потврдување на надмоќта. Беше тоа еден победнички, моќен Интер кој на чело со Мурињо освои се што можеше да освои, и еден Милан кој предводен од неискусниот Леонардо и критикуван поради составот во поодминати години, не можеше да ја издржи трката.

Оваа година како и да е, работите се сменија. Од Интер замина „Специјалниот“, а на негово место дојде Рафаел Бенитез. Освен младите Кутињо и Биабиани, раководството на Интер не донесе засилувања за тимот, а во меѓувреме си замина и Марио Балотели. Кај Росонерите пак на тренерската функција дојде Алегри, но дури пред крајот на преодниот рок кога Берлускони ги доведе Златан Ибрахимовиќ и Робињо, се подигна оптимизмот кај навивачите дека Милан конечно има состав кој може да го симне Интер од тронот. Доаѓањето на швеѓанецот предизвика секакви реакции од страна на навивачите на Интер и токму неговиот настап на дербито во дресот на ривалот ќе придонесе за посебна атмосфера на трибините.

Дербито во недела Милан ќе го дочека од првата позиција. Тимот собра 23 бода и се чини лесно победува против помалите екипи, што е предуслов за освојување на Скудетото. Офанзивниот состав на Милан во главно има проблеми со одбраната, нивната слабост се бековските позиции и тоа посилните екипи се обидуваат да го искористат. Од друга страна, нападот предводен од Ибрахимовиќ е најсилното оружје на Росонерите, кои вечерва можеби го загубија Пато за дербито. Но и покрај тоа, Милан сеуште ги има Робињо и посебно Пипо Инзаги кој е во својата втора или трета младост.

Навивачите на Милан со право очекуваат победа гледајќи го составот (или тоа што преостана од него) на Рафа Бенитез. Серија на бизарни повреди ги зафатија Неразурите по што дербито ќе го пропуштат Самуел, Маикон, Тиаго Мота, Жулио Цезар, Марига, Мунтари и Камбиасо. Се вратија предходно повредените Пандев, Милито и Станковиќ, кои ќе се обидат да ја задржат серијата на непоразеност на Интер на домашен терен, а можеби и да покажат дека Европскиот шампион е кадарен и покрај проблемите, да слави на дербито. Интер во моментов заостанува три бода зад Милан.

Во недела е празник на фудбалот. Нека победи подобриот!
 

Marso

Io sono INTERISTA!
Член од
22 јануари 2006
Мислења
1.456
Поени од реакции
311
0:3 за Милан (ИбраХОМОбич, Амброзини, Пато)
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Мислам дека Милан е во моментов во подобра форма во Интер.Ако ми се чини веќе 3 меча по ред Интер нема победа.
Типувам победа на Милан од 0-1,иако е дерби и формата не мора ништо да значи,типичен пример Ливерпул - Челзи и Милан - Јувентус.
Стави и анкета.
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.955
Поени од реакции
1.349
Се надевам на победа на Милан, мора да се искористи лошата форма на Интер и да се добие ова дерби.(само Бенитез да не добие отказ:))
Стрелец Ибрахимовиќ.:icon_lol:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Победа на Милан 104:85...

Заеби резултат, не се знае како ке биде. Милан е во форма за голови но ипак прима голови лесно. Додека пак Интер има многу повредени и по 3 натпревари без полн плен, сака враќање на победничките патеки. Тесна утакмица и ке решава искуството, дали на тренерите или играчите - ке видиме по тоа дали емоциите ке надвладеат или тактиката...Тесен натпревар очекувам но со многу голови. Но како росоњер - очекувам победа на Милан, макар и минимална. :)
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
Интер тепа , стај анкета :toe:
 
Член од
24 февруари 2010
Мислења
599
Поени од реакции
407
Ќе биде интересен натпревар.
Интер нема пораз дома 2 сезони меѓутоа се во лоша форма која не е никаков фактор во овие дерби натпревари а имаат и куп повредени играчи
Милан со Алегри кој треба да се навикне како е да се води голем тим годинава нема победено на ниту едно дерби меѓутоа во последните два натпревара покаже огромен напредок во играта.

Се надевам на прекин на серијата од 3 победи на Интер и победа на Милан но задоволен сум и со бод од ова гостување

Мој тип 1-2 Стрелци-Станкович за Интер Сидорф и Силва за Милан
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
започнува долго препукување ќе се наполнат 20тина страници :)

Искрено очекувам во најмала рака бар бод може и победа но тешко е иако и на Интер да не му играат многу играчи сепак е големо дерби кое може да го реши еден потег на некој играч.
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Очекувам Милан да добие едно убаво пердашење од страна на Интер пошто најверојатно у тој градот таму постои само еден клуб колку што знам ја ...:pos2:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Види ...ДОБРО е шо не игра Самуел зашо да играше Самуел со Лусио заедно , Пато ке се шеташе напред,назад ...вака Кордоба бар поагилен е , ке го фаќа поише (се надевам)

Киву ни е ПРОМАЈА у екипава и очекуем робињо/пато/роналдињо (кој и да е по таа страна - да му ја ебе мамата у пичка , пошо ств. не е за играње веќе ....прееска го глеам голот ради него го примивме , пошо не рипна типот (ваљда фуфка ради повредата)

Ето ке им ја скине цела одбрана на Билан т,д дека ке даеме гол ке даеме ....ама срединава ни е средно жалосна ....Ако се прашуем ја .... можеме да им се држиме САМО АКО се врати желбата кај играчите (нешто што не веруем дека ке го има , пошо крофната е неспособна)
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Според моменталната форма, Милан е подобар... али ова е градско дерби, едно од најголемите во светот и желбата е поголема од се' и кај двата тима. Мој тип нерешено 2:2 :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom