Шевролет спарк

  • Креатор на темата Креатор на темата Чај
  • Време на започнување Време на започнување
Ч

Чај

Гостин
Што мислите за оваа кола, татко ми запна да ја купи била по женска ќе сум можела да ја возам низ град а мене ми изгледа како кутивче мало леле кога ја видов смешна е,ама барем ако е добра да се земи. Мислења за неа? :pipi::pipi:
 
Новиот спарк 2010 или постариот модел?
Ако е новиот
chevrolet_spark_th3.jpg

мислам дека е скап. 8.000 евра основна верзија без клима. За овој незнам, но многу луѓе се жалеа од претходната генерација спарк.
Споредбено, мислам дека Сузуки Алто е подобар избор.
Suzuki-Alto----(1)_th3.jpg

Во секој случај, кое и да го избереш, со здравје да си го возиш.
 
На тестовите во разни списанија и интернет-портали добива добри оценки во поглед на возните својства и комфорот, а и за опременоста (за таа класа возила). Другото е субјективно.
 
Типично градско количе, економично, мало , лесно за паркирање,пикање меѓу коли,качување на тротоари.. :) а за на автопат нз.. не го вози повеќе од 120 не ми изглеа на стабилно, тесно а високо е..
мене лично не ми се свиѓа,не е мој тип , смешно ми е посебно тоа шалтаблата у средина ко чир стаена..јес да кинезине утврдиле дека побезбедно е таму да стои помалце покрети се праело со очите за да ја видиш али тапа е хахах , да не ја ругам, ако ти праи кејф зимај :)
 
Споредбено, мислам дека Сузуки Алто е подобар избор.
Не би се сложил. По ниеден основ не е подобар, освен ако ептен ти се допаѓа дизајнот. Но, тоа е, како што реков, субјективно.
 
Вака,ќе ти кажам јас,го пробав количето,стварно е симпатично,посебно ми се допадна со онаа металик зелена(дречливата) боја.Во живо е уште поубаво,делува некако шмекерски и младалачки.
Предности: Навистина е пространо внатре,не е само реклама,и напред и назад има доволно простор,го турнав возачкото седиште наназад како што мене ми одговара и веднаш се префрлив назад,сеуште беше комотно за седење(се разбира тоа не е лимузина).Серво воланот е одличен,дава добри повратни информации,директен е и прецизен.Чуството зад воланот е уште поубаво,посебно со вклучено ЛЕД-внатрешно осветлување на шалт таблата.Мењачот не е за 5 ама е 4-ка(па не е ова БМВ).Внатрешноста општо земено е за чиста петка 5-ка,делува мошне модерно.И опремата е супер,посебно безбедносната(6 аирбега во серија,АБС итн.)впрочем колава освои 4 звезди на www.euroncap.com и тоа според новите построги критериуми што е за пофалба.
Недостатоци: Слаб мотор на отворен пат што не е за чудење,сепак колава е дизајнирана за градско возење.Успеав максимално да дигнам 120 км/ч и тоа со напор,така да оваа кола е дефинитивно наменета претежно за градска вожња.Исто така после 80 км/ч моторот стана бучен и непријатен(морав да го појачам радиото).
Ете,се надевам дека ти помогнав,ако 90 % од возењето ти е во град,тогаш оваа кола(заедно со Hyundai i10) според мене е best-buy.Но,ако планираш почесто да излегуваш на автопат,тогаш воопшто не ти ја препорачувам,затоа што со основниот мотор(а мислам дека и со малце појакиот) е слаба и недоволно брза.Поздрав и се најдобро:smir:
 
посебно тоа шалтаблата у средина ко чир стаена..јес да кинезине утврдиле дека побезбедно е таму да стои помалце покрети се праело со очите за да ја видиш али тапа е хахах , да не ја ругам, ако ти праи кејф зимај :)
Не е у средина на новиот Спарк. И не се Кинези. :turn:

Spark21.jpg
 
Не би се сложил. По ниеден основ не е подобар, освен ако ептен ти се допаѓа дизајнот. Но, тоа е, како што реков, субјективно.

Не е за дизајнот. Тоа е субјективно.
Сузукито има подобра и докажана техника и мотори, а исто така е и поекономично.
 
Не е у средина на новиот Спарк. И не се Кинези. :turn:

Spark21.jpg

Хехе не сум сигурен кои дошле до заклучок, онака ги лупнав "кинези" пошо мн кинеско ми изглеа таму поставена :) :D а и добро шо им текнало да ја отстранат од таму на новиот... :)
 
Сузукито има подобра и докажана техника и мотори
Сузуки има „име’’ - не мора ништо да значи, впрочем и Даеву не се покажале нешто проблематични, а мислам дека даваат и 5 години гаранција.

а исто така е и поекономично.
Е, да, гледајќи ја брошурата, троши помалку. Но, не сакам премногу да им верувам на фабричките податоци за потрошувачка; многу овде зависи и од самиот возач и стилот на возење, дали се вози на отворено повеќе, со која брзина... Но, како и да е, Сузукито е поскапо - за истите пари отприлика, може да се земе Спарк со посилен, 1.2 мотор. Освен потрошувачката ("questionable") и името, други предности не гледам.

--- надополнето ---

Хехе не сум сигурен кои дошле до заклучок, онака ги лупнав "кинези" пошо мн кинеско ми изглеа таму поставена :) :D а и добро шо им текнало да ја отстранат од таму на новиот... :)
Корејци, Кинези, се исто :)
 
Освен потрошувачката ("questionable") и името, други предности не гледам.

И јас не верувам на каталошките податоци за потрошувачката.
За да не биде под знак прашање еве конкретни резултати.
За сите кои се неинформирани, постои оваа интернет страница каде има реални корисници кои внесуваат параметри за потрошувачката на своите возила. Таму можете да проверете реална потрошувачка за многу модели.

Еве, да направиме споредба:
Сузуки Алто - Мотор 1.0 - 68 КС: Потрошувачка: Просек 4,3 - 5 л/100км.
Шевролет Спарк - Мотор 1.0 - 68 КС: Потрошувачка: Просек 6 - 6,5 л/100км.

Ако за некој ова е мала разлика во потрошувачка, ок. Мене не ми е сеедно да троши 1-1.5л/100км повеќе.

*
Пр. Сузуки Алто (г.п.2009) - изминати 13.674км - потрошувачка 4.39 л/100км.
Пр.2 Сузуки Алто (г.п.2009) - изминати 54.904км - потрошувачка 4.46 л/100км.
Пр. Шевролет Спарк (г.п.2010) - изминати 3.093км - потрошувачка 6,07 л/100км.

__________________

Основна верзија на Алто: 8.300 евра
Основна верзија на Спарк: 8.040 евра

Алто 1.0 со клима: 9.050 евра (+има ESP)
Спарк 1.0 со клима: 8.755 евра

Да, Сузукито е малку поскапо. Таа разлика се комензира со потрошувачката многу брзо. Сузуки Алто GLX има ESP кој Спаркот го нема.
 
Предности: Навистина е пространо внатре,не е само реклама,и напред и назад има доволно простор,го турнав возачкото седиште наназад како што мене ми одговара и веднаш се префрлив назад,сеуште беше комотно за седење(се разбира тоа не е лимузина).Серво воланот е одличен,дава добри повратни информации,директен е и прецизен.Чуството зад воланот е уште поубаво,посебно со вклучено ЛЕД-внатрешно осветлување на шалт таблата.Мењачот не е за 5 ама е 4-ка(па не е ова БМВ).Внатрешноста општо земено е за чиста петка 5-ка,делува мошне модерно.И опремата е супер,посебно безбедносната(6 аирбега во серија,АБС итн.)впрочем колава освои 4 звезди на www.euroncap.com и тоа според новите построги критериуми што е за пофалба.
Недостатоци: Слаб мотор на отворен пат што не е за чудење,сепак колава е дизајнирана за градско возење.Успеав максимално да дигнам 120 км/ч и тоа со напор,така да оваа кола е дефинитивно наменета претежно за градска вожња.Исто така после 80 км/ч моторот стана бучен и непријатен(морав да го појачам радиото).
Ете,се надевам дека ти помогнав,ако 90 % од возењето ти е во град,тогаш оваа кола(заедно со Hyundai i10) според мене е best-buy.Но,ако планираш почесто да излегуваш на автопат,тогаш воопшто не ти ја препорачувам,затоа што со основниот мотор(а мислам дека и со малце појакиот) е слаба и недоволно брза.
Фала за овие податоци :cuc:

И јас се мислам за Спаркот, по логика дека, барем во наредните 5-6 години, поголема кола не би ми требала. А, имав слушнато дека возните својства и комфорот се сосем добри, што мене ми најбитно (помалата потрошувачка на гориво - во однос на некое возило од Б или Ц сегментот - исто не штети). Инаку, јас би го зел моделот со 1.2 мотор ( со попустите мислам дека може да се земе за негде 8.600 - 8.700 максимум, со добра опрема и со ЕСП), а би го возел претежно по локални патишта; поретко по автопат, а и таму негде до кај 110, максимум 120. Белким овој мотор би се справил подобро со тоа, сепак е ~20% посилен.

--- надополнето ---

И јас не верувам на каталошките податоци за потрошувачката.
За да не биде под знак прашање еве конкретни резултати.
За сите кои се неинформирани, постои оваа интернет страница каде има реални корисници кои внесуваат параметри за потрошувачката на своите возила. Таму можете да проверете реална потрошувачка за многу модели.

Еве, да направиме споредба:
Сузуки Алто - Мотор 1.0 - 68 КС: Потрошувачка: Просек 4,3 - 5 л/100км.
Шевролет Спарк - Мотор 1.0 - 68 КС: Потрошувачка: Просек 6 - 6,5 л/100км.

Ако за некој ова е мала разлика во потрошувачка, ок. Мене не ми е сеедно да троши 1-1.5л/100км повеќе.

*
Пр. Сузуки Алто (г.п.2009) - изминати 13.674км - потрошувачка 4.39 л/100км.
Пр.2 Сузуки Алто (г.п.2009) - изминати 54.904км - потрошувачка 4.46 л/100км.
Пр. Шевролет Спарк (г.п.2010) - изминати 3.093км - потрошувачка 6,07 л/100км.

__________________

Основна верзија на Алто: 8.300 евра
Основна верзија на Спарк: 8.040 евра

Алто 1.0 со клима: 9.050 евра (+има ESP)
Спарк 1.0 со клима: 8.755 евра

Да, Сузукито е малку поскапо. Таа разлика се комензира со потрошувачката многу брзо. Сузуки Алто GLX има ESP кој Спаркот го нема.
Интересно, очекував повисока потрошувачка за околу 0.5 литри, но не и цели литар-литар и пол. Фала за линкот. Сепак, јас би земал 1.2 мотор, а таков Алтото нема.

Е, за цените. Спаркот има попуст, оди на нивниот сајт. Моделот со 1.0 мотор и клима можеш да го земеш за 7.500 евра (за ЕСП се доплаќа 250 евра). А, 1.2 со клима и нешто побогата опрема (но сепак без ЕСП - се доплаќа) за 8.700 (со тоа што има и дополнителен попуст за припадници на одредени професионални здруженија кој веројатно би можел да го искористам па и дополнително да ја снижам цената).
 
За цените незнаев. Јас ги гледав од коли.ком.мк. Добар попуст имаат.
Во секој случај, и двете автомобилчиња се убави, нови, добри. И двете се добар избор.:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom