Во која земја е најдобро да се живее?

Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Не случајно викаат таму кај ти е љубовта, пријателите и работата ќе ти биде најубаво па макар и на Гренланд да живееш.

Инаку за некоја реална споредба би рекол ако имаш пари и кај нас е супер за живеење а ако немаш никаде не е убаво.

За тие што не сакаат да работат социјалниот систем во ЕУ е прекрасен но и стимулира разни паразити ништо да не работат и само да се легачат нешто што кај нас па од друга крајност не постои, дури и за тие што навистина им треба помош заради невработеноста.

Главната разлика е што во ЕУ има повеќе работни места и се подобро платени но ако сега после повеќе години поминати надвор направам споредба со фина пара може и кај нас супер да се поживее, нормално ако се има пристојно платена работа што кај нас и не е така лесно да се најде.

Лежерноста која кај нас ја има, убавата клима, вкусните зеленчуци и овошја (кои за жал се повеќе се „европеизираат“ и губат од вкусот) одење на кафе и слично надвор ги има многу помалку. Сепак и покрај тоа на тој што едвај сврзува крај со крај тоа не му помага многу.

У краен случај пак ќе се сведе на првата реченица, каде се снајдеш за егзистенција ќе ти биде супер.
 
П

Пепси_

Гостин
vo sekoja zemja samo vo makedonija NE
И јас така викам ама колку че ми се исплате... дефинитивно во македонија не можам да живеам оти има голема не правда и се по ред ( сеа че речите а у др држави да не е по арно) ама така е како што е јасно ми е дека колку и да се трудам тука во Мк нема да можам да се истакнам најмногу оти секаде требе врски а преку вакво ми е од тиа збор ВРСКИ да го слушам виче за 10 тина години може че ни требат и врски за мастика да си купиме ( преку ред де)
 
Член од
20 ноември 2010
Мислења
738
Поени од реакции
749
Се согласувам со тебе! Јас два пати имам појдено во Германија, и животот е многу подобар од овој овде. Мене многу ме нервира некој што живее во странство и кога ќе ми рече: Како дома никаде нема, вие незнаете колку ни е нам тешко одделени од татковината и роднините. Па кога им е толку тешко нека се вратат во Македонија, кој ги брани! :)
За Швајцарија не сум размислувала никогаш, во Шведска и Норвешка не сум била, но Норвешка неколку години по ред важи за земја каде најубаво се живее. Германија...Сум била, и лично би живеела таму, иако е страшно голема разлика од тука, би требало доста време за некој Македонец да се привикне таму да живее. И за крај, Холандија, земја каде што сум била неколку пати, и едвај чекам повторно да одам...Прекрасни луѓе, прекрасна атмосфера, едноставно се во суперлативи...Се функционира беспрекорно...Здравството е на многу високо ниво (смешно е да се споредува со нашето), имав можност од блиску да се запознаам со нивниот систем...Образованието исто е страшно добро...За друго не би можела многу да коментирам...Во секој случај, се надевам дека за некоја година ќе можам таму да се преселам...

А за тие што викаат дека Македонија е најдобра за живеење, очигледно е дека не прошетале низ светов и не виделе подобро...(ова важи за повеќето)
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
- Австралија
- Канада
- Скандинавските земји
- Холандија
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.089
Во хумусна и варовничка.Мада не е лошо и во хидроморфна земја.Освен со атмосферските врнежи, оваа земја повремено или постојано додатно се наводнува со подземни води или со површински (поплавни) води.Башка и тие води се незасолени и неалкализирани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom