Во која земја е најдобро да се живее?

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Е убаво е ама работиш ко црнец и си доаѓаш во петок дома скапан ни викенд гледаш ни ништо.

Убаво е во странство, но ги нема благодетите како кај нас. Во странство можеби ќе земаш повеќе, но излегување во град сред работна недела нема шанси, слободно време после работа скоро и да се нема. Плус даноците кои се плаќаат на државите таму се големи. Еден познаник мој во Шведска отишол на работа и кога видел колку данок треба да се плати отишол кај шефот и го прашал зошто и плаќате на државата вие толку данок? Треба помалку. И го избркале наредниот ден :toe:

Најубаво е тука, можеби имаш помала плата од вработените во другите држави, но си имаш и слобода за која напоменав погоре.
Пријателов што е во Канада работи електро инжињер во фирма,женет е,има деца,секој четврток зема плата,има автомобил,за викенд не работи,пола Канада ја има прошетано,оди на годишен одмор на летувалиштата на Атлантикот,моментално живее под кирија и плаќа кирија колку што е овде сметка за струја.Три години е таму и не размислува за назад.
Секако школото си го прае своето,тој што се жали од странство сигурно таму работи физичка работа.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Пријателов што е во Канада работи електро инжињер во фирма,женет е,има деца,секој четврток зема плата,има автомобил,за викенд не работи,пола Канада ја има прошетано,оди на годишен одмор на летувалиштата на Атлантикот,моментално живее под кирија и плаќа кирија колку што е овде сметка за струја.Три години е таму и не размислува за назад.
Секако школото си го прае своето,тој што се жали од странство сигурно таму работи физичка работа.
Епа сигурно дека електроинженер би земал толкава плата, фала богу дека и тоа игра улога :smir:[
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Е убаво е ама работиш ко црнец и си доаѓаш во петок дома скапан ни викенд гледаш ни ништо.

Убаво е во странство, но ги нема благодетите како кај нас. Во странство можеби ќе земаш повеќе, но излегување во град сред работна недела нема шанси, слободно време после работа скоро и да се нема. Плус даноците кои се плаќаат на државите таму се големи. Еден познаник мој во Шведска отишол на работа и кога видел колку данок треба да се плати отишол кај шефот и го прашал зошто и плаќате на државата вие толку данок? Треба помалку. И го избркале наредниот ден :toe:

Најубаво е тука, можеби имаш помала плата од вработените во другите држави, но си имаш и слобода за која напоменав погоре.
Мислеше на ова нели :tv:

 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Ова и чичкоми го рече..беше тој во Шведска ..ама луѓе..таму ем зимаш ем давачку преку глава..данок на ова данок на она..а тука со една плата од 35-6 илјадаркки вика слободно моеш нормално да живееш..
35-6 нека си ги сонува и нека му биде убаво... Да живеам у држава кадешто секој глеа да те заебе, секој потпишува ебани договори и на крај друг народ доаѓа и ти ја превзема државата а ти глеаш и ќутиш... Не фала боље ќе ми биде да отидам у друга држава и од таму да се јачам колку сум горд македонец одколку да седам тука да немам што да јадам и да ми биде страв да отидам на лекар .. Не фала, живеј си ти со чичкоти со 35-6илјади плата(собери едно цело семејство 4-5луѓе у фамилија 20.000 приход имаат преку сила, па што попрво) и јас ќе ти викам секоја чест. Би барал азил у било која друга држава подалеку од државите од третиод свет и ќе живеам од социјално. А најдобра држава за живеење според мене е Холандија или Данска. 1 поплака на вести или друг медиум немам слушнато во врска со нивниот економски режим и начинот на кој се справуваат со некои (фиктивни) "кризи". И да.. да напоменам дека социјалното изнесува 1000евра по персона. Епа дека нема да ме боли кичма цел живот ...
 

шеф на подземје

зумбулот
Член од
25 август 2010
Мислења
1.213
Поени од реакции
76
Пријателов што е во Канада работи електро инжињер во фирма,женет е,има деца,секој четврток зема плата,има автомобил,за викенд не работи,пола Канада ја има прошетано,оди на годишен одмор на летувалиштата на Атлантикот,моментално живее под кирија и плаќа кирија колку што е овде сметка за струја.Три години е таму и не размислува за назад.
Секако школото си го прае своето,тој што се жали од странство сигурно таму работи физичка работа.
ima nesto vistina vo ovaa.Ima luge koj se snasle t.e izucile .
Luge bes skolo da otidat na rabota ke mu dadat azbest da rabotat ke mu dadat ve-ce da cistat i toa za mnogu pomalku pari.
Najdobro e da se snajdes vo svojot grad da si zimas ubava plata i da si na super rabotno mesto.
p.s kako doma nema nikade t.e kako tvojot roden grad ,prijateli ,zaavi,rodnini...Uavo e i vo stranstvo ama vo Las Vegas ,Monte Katlo kade sto e kremot ama na drugi mesta tesko.
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
За кој како дома си е дома.
Еве на пример во Прага,Чешка, жената не работи, од сабајле си заврши домашните работи потоа цел ден се излежава и го шета кучето и такви глупости. Мажот со една пристојна плата и тамн им е. Поради тоа што има неколку големи маркети секој ден има попусти. Си купуваш една карта од отприлика 1000 денари (што за таму е ништо) и си шеташ низ цела Прага со метро или трамвај со неа без ограничување. Јадењето пиењето се многу поефтини за разлика од кај нас, па дури и на половина. Така да, прекрасно е за живеење.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Со оглед дека само во Македонија имам живеено ќе речам Македонија - best place to live

Шо би рекол Цацко - додека не пробам Лав ,за мене Свињата е крал на животните :D
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Најубаво место за живеење е Скандинавија(Шведска,Норвешка и Данска).Со една плата можеш да живееш сам под кирија,па дури и со кредит да си уплатиш стан(да купиш таму стан цените се нешто слични како тука).Работни места има,и работниците имаат огромни поволности,им се плаќа прекувремено,бонуси,викенди се слободни и слично.Шведска е преубава,се е средено,се е убаво,преубави девојки...

Кога би имал можност нормално дека би отишол таму да живеам.Со оглед на тоа дека огромен дел од македонските фамилии живеат месец за месец,не гледам перспектива тука.

Нормално дека никогаш не би си отишол од Македонија кога би земал солидна плата,со која можеш да си дозволиш нормални работи како среќлиите од Скандинавија!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom