Liverpool v Chelsea | 07.11.10 | Anfield Road,Liverpool | 17 h |

  • Креатор на темата Креатор на темата Kostic
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи?


  • Вкупно гласачи
    78
Статус
Затворена за нови мислења.

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.612
EMP-5903420.jpg

Liverpool FC v Chelsea FC
Anfield Road,Liverpool
07.11.2010 - 17 h
Day 11


По големите дербија Ман.Јунајтед - Ливерпул(3-2),Челзи - Арсенал(2-0),Ливерпул - Арсенал(1-1),следува четвртото големо дерби на Англија,меѓу екипите на Ливерпул и Челзи.Челзи доаѓа на Енфилд Роуд како актуелен шампион по одличната сезона што ја имаше со освоена двојна круна,додека Ливерпул едвај обезбеди место во Лига Европа,за да подоцна изгуби од Атлетико Мадрид во двомечот за финалето.

Челзи на Енфилд доаѓа по мечот во средата од лигата на шампионите каде го торпедираше Спартак Москва со 4-1,додека Ливерпул вечер(четврток) го игра својот меч против Наполи во Лига Европа,поранешниот куп на уефа.По 10-те кола Челзи е прв на табелата со 25 бода,додека Ливерпул е на 13-то место со 12 освоени бодови.

Последните 5 меча на Челзи во премиер лигата:

Ман.Сити 1-0 Челзи
Челзи 2-0 Арсенал
Астон Вила 0-0 Челзи
Челзи 2-0 Вулфс
Блекбурн 1-2 Челзи

Последните 5 меча на Ливерпул во премиер лигата:

Ливерпул 2-2 Сандерленд
Ливерпул 1-2 Блекпул
Евертон 2-0 Ливерпул
Ливерпул 2-1 Блекбурн
Болтон 0-1 Ливерпул​

Нека биде фантастичен меч и нека подобри подобриот.
Заборавив да ставам нерешено во анкетата,нека стави некој од модераторите.
Коментирајте.​

:tv:​
 
Со оглед дека не се последни кола и не се решава првак, 19та титула на Јунајтед и слично...типувам дека Џерард нема да му асистира на Дрогба за победа. :icon_mrgr
А се ми оди кон тоа дека Ливерпулците ќе изгинат на терен и дека или ќе извадат нерешено или пак ќе успеат и да победат...арно ама со Челзи нема заебанција, така да исто колку што имаат шанса едните, истата ја имаат и другите.
Нерешено, мој конечен тип.
 
Победа на Челзи !

п.с нерешено не може да заврши ? :pos:
 
Победа на Челзи,далеку е посилен од Ливерпул,плус и многу се паднати црвените од ЕНФИЛД!

Очекувам интересен натпревар кој според мене ке заврши 1-3!

Челзи: Дрогба х2 и Лампард (ако игра,незнам дали се има опоравено)
Ливерпул: Џерард!
 
Победа за зелените!!! :music3::music3::music3:
 
Колку и да се слаби моментално,ја мислам дека можат да заеба работа.Иако од секој изгубија сезонава,против нас ќе ја остават душата.Плус сега се во некаква мини форма со две победи по ред,па згора на се играат и на Енфилд.
Дерби си е дерби и ништо не е сигурно,па победата на Челзи не е воопшто осигурана.Како нивни фан ја се надевам на победа,каква било важно 3 бода да се земат,а што ќе се случува во недела допрва ќе видиме.
Само сигурен сум дека ќе има бајги голови и утакмицата ќе биде интересна и неизвесна,впрочем како и утакмиците на Челзи и Ливерпул последниве 4-5 сезони.
 
постара слика за вовед не можеше да најдиш :pos: :pos:

а шо се однесува до утакмицавааа... јас мислам, а и ситее дека ова ќе е лесна победа за Челзи.... ама според тоа што се деси минатиот викенд на дербито Милан - Јувентус, кога сите го имавме Милан како главен фаворит и според формата и според играчите, а на крај Јувентус се радуваше не 3-те бодови и на оваа утакмица се е можно... затоа е дерби :) никогаш не се знае
 
Shit бе за црвените гласав, мислам дека нерешено ќе биде 1-1, 2-2 така нешто.:)
 
Изгледа секој тим против вас ја остава душата.

Иначе победа на Ливерпул.
 
Неписмен си,и чисто сумњам дека имаш гледано некој натпревар помеѓу Челзи и Ливерпул,така да неам намера да ти објаснуам

Туку види го еј,и овде ли најде бибер во манџата да стаиш бе?:pos:
 
Неписмен си,и чисто сумњам дека имаш гледано некој натпревар помеѓу Челзи и Ливерпул,така да неам намера да ти објаснуам

Туку види го еј,и овде ли најде бибер во манџата да стаиш бе?:pos:
Па мислам дека во последните 5 години немам пропуштено дерби Челзи-Ливерпул,нема потреба да ми објаснуваш.
Лани што душа оставија,сеуште неможат да се соземат:tv:
 
Сеуште ми е чудно што втора година по ред нема да ги гледам ливерпул челзи во лига шампиони .

 
Па мислам дека во последните 5 години немам пропуштено дерби Челзи-Ливерпул,нема потреба да ми објаснуваш.
Лани што душа оставија,сеуште неможат да се соземат:tv:

Лани беше друга прича.За Ливерпул немаше значење таа утакмица и не играше со сити сили,плус поарно Челзи да освоеше него Манчестер,за нив.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom