Нов форум за студенти

  • Креатор на темата Креатор на темата taranenik
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 ноември 2007
Мислења
26
Поени од реакции
0
Сподели знаење, сподели информација.www.fakulteti.com.mk е единствен форум каде што може да се споделат информации во врска со сите факултети во Македонија.Сите студенти може да се регистрираат и да разменуваат мислења и информации во врска со темите кои се поставени на форумот. Секој може да отвори тема, секој може да одговори и несебично да сподели информација и знаење.
 
Убаава идеја, само ви треба многу голема промоција. Ако имате некој да ве поддржи, или најдете начин да излегувате во форма на реклама. Јбг тоа кај нас така функционира. Facebook група е само една од идеите. Смислите слоган за форумот, имиџ итн.
 
Фала за подршката. Форумот е нов, па се надевам дека студентите и останатите кои се засегнати на некој начин со образованието и студентските проблеми ќе се пронајдат себеси на форумот, а нормално и за промоција и реклама дека треба време и организација.
Слоган за форумот е Сподели знаење, сподели информација.
Секој е добредојден да даде забелешки или критики, па и пофалби во врска со структурата и темите на форумот.
 
Добро е не е лошо само phpbb оти бе....оти е бесплатно знам....ама ај натаму ако тргне работата ке ставете vBulletin.
 
Нема гајле и phpbb ќе работи. Има огромни форуми што работат на овој принцип.
 
Добро е не е лошо само phpbb оти бе....оти е бесплатно знам....ама ај натаму ако тргне работата ке ставете vBulletin.

Phpbb3 оти е бесплатно и е некомерцијален форум :-).
Отворени сме за предлози и соработка, така да..здравје :-)
 
Се бараат волонтери за модератори на www.fakulteti.com.mk Да имаат искуство со модерирање на форуми, пожелно е да се студенти на некои од факултетите во Македонија и да бидат во тек со настаните во образованието.
Сите подетални информации може да ги побарате на admin@fakulteti.com.mk
 
Од искуство ќе ти кажам. Ако сам не земеш и го наполниш форумот до тој степен што кога некој од страна ќе го посети и се осети дека дошол на форум што вреди, каде што има некаква содржина... нема никогаш да успееш ако чекаш на другите.
 
Не дека барам модератори за да го наполнам форумот, туку ми требаат за одржување на форумот. Со текот на времето кога ќе се развие дискусија би требало да има некој каок и на сите други форуми кој ќе ги прегледува постовите. И не значи дека секој еден кој се пријави ќе добие модераторско место на форумот. Ќе треба да помине време и да се докаже дека вреди за да модерира.
Сепак ова е доста млад форум, така да времето ќе покаже. Благодарам за советот, ценам искуство.
 
Токму кон тоа и целам цело време исто од искуство. Никој ама баш никој нема да пишува во празен форум. Еве стави се на место на гостин. Што би те заинтересирало на празен форум? (10тина теми, па дури и 100 кога ќе имаш, ќе биде сеуште празен)

Најпаметно (барем така постапив со мојот форум), да замолиш неколку другари/ки, да испоотворите најразни теми, се што ќе ви падне на памет, да се надоврзувате еден на друг, да започнете дискусии, да има избор, па гостин кога ќе види дека веќе се водат некакви дискусии да го заинтересира нешто и да се зачлени и да постира. Веруј ми, почетокот е прееемногу тежок и затоа не успева секој. Кога ќе го надминеш почетокот, после ќе е многу полесно зашто само по себе ќе си иде.

Кај нас кога имавме 100тина теми што мислевме дека сме изнапишале кујзнае колку и кога ќе го погледнеш форумот од надвор како изгледа во целина, пак ќе сфатиш дека е всушност многу празен за да задржиш посетители.
 
Мој предлог ...
Намали ги категориите и темите за секој факултет .. вака изгледа во право е Јане .. мнооогу празно ... а со толку категории и теми ќе изгледа празно уште доолго време ..
таргетирај еден факултет .. односно факултетот/факултетие од каде шо си ти и другите кои засега се регистрирани
собери членство, разработи го малку
На тема/форум за Општи работи остави да се преставуваат од кој факс се ..
како има интерес од други факсови почни да прошируваш категории/форуми .. за на крај да стигнеш до сите овие категории/форуми кои си ги отворил ...

--- надополнето ---

и смени тоа логото :)
.. овакви лога во вид на банер/слика не се интересни ни во мода ..

банерче напрај по стандард (пример 728x90) стај го од десна страна горе ...
Логото (кое ќе го содржи зборот Факултети со .com) со слоганот под него - Сподели знаење, сподели информација - ако е ова слоган итн ...

онака нафрлам предлози ...:)
 
Целта е и тоа, да се соберат што повеќе студенти на едно место да споедлуваат информации, не сао студенти, отворено е и за професори и за асистенти и сите кои сакаат да дискутираат за темите на форумот. И каок што кажав погоре, ова е релативно нов форум, кој полека се развива и нема да се откажеме така лесно. Ќе се потрудиме да ја организираме македонската образовна заедница.
Фала за мислењето, ценам мислење.

Мој предлог ...
Намали ги категориите и темите за секој факултет .. вака изгледа во право е Јане .. мнооогу празно ... а со толку категории и теми ќе изгледа празно уште доолго време ..
таргетирај еден факултет .. односно факултетот/факултетие од каде шо си ти и другите кои засега се регистрирани
собери членство, разработи го малку
На тема/форум за Општи работи остави да се преставуваат од кој факс се ..
како има интерес од други факсови почни да прошируваш категории/форуми .. за на крај да стигнеш до сите овие категории/форуми кои си ги отворил ...

--- надополнето ---

и смени тоа логото :)
.. овакви лога во вид на банер/слика не се интересни ни во мода ..

банерче напрај по стандард (пример 728x90) стај го од десна страна горе ...
Логото (кое ќе го содржи зборот Факултети со .com) со слоганот под него - Сподели знаење, сподели информација - ако е ова слоган итн ...

онака нафрлам предлози ...:)

Фала за предлозите, може и уште некој предлог да дадеш, прифатено е кога е од искусен форумџија.
Банерот е ставен аматерски, затоа што на форумот работам сам, а сум low level noob за phpbb3 :-) Кога ќе се оформи тим, ќе се среди. Во моментот е изработката на логото, кое е осмислено, само треба технички да се дотера.
Темите и категориите сега за сега остануваат така, а имав некои намерно што не ги ставив, па одм астигнаа коментари како недостасуваат факултетите.
ПОлека, полека ќе се исправиме :-)
 
Стави на форумот слики од голи пијани студентки.
Ете ти идеја за бизнис.
 
Се бараат волонтери за модератори на www.fakulteti.com.mk Да имаат искуство со модерирање на форуми, пожелно е да се студенти на некои од факултетите во Македонија и да бидат во тек со настаните во образованието.
Сите подетални информации може да ги побарате на admin@fakulteti.com.mk
Еве ја се пријавувам за модератор, имам се што треба да бидам модератор :) Контактирај ме на marko_ratatata@hotmail.com ако си заинтересиран
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom