Голема Албанија до 2013 г.?

  • Креатор на темата Креатор на темата zoki_com
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
http://www.time.mk/read/5841745275/2ad184376c/index.html

Директорот на Институтот за регионални прогнози во албанскиот главен град Тирана, Коча Данај, изјавил дека до 2013 г. треба да се формира нова албанска држава


Според неговите прогнози, таа нова албанска држава би требало да ги опфаќа цела Акбанија и цело Косово, но и делови од Србија, Црна Гора, Македонија, и Грција во кои живеат Албанци, пишуваат косовските медиуми.

Оваа своја идеја Коча Данај ја објавил на промоцијат ана неговата политичка листа „Природна Албанија“. Тој смета дека Албанците во овие држави треба да излезат на референдум на кој би се изјасниле за формирање голема албанска држава. Тој очекува брзо да биде донесена одлука за ваков референдум на Косово.
Меѓутоа, Данај мисли дека формирањето на новата држава „Голема Албанија“ може да се постигне по мирен пат и преговори со соседите, и додава дека со
создавањето на голема албанска држава ќе биде добро за стаилностаи развојот на Балканот, како и конечно решавање на албанското прашање.

Данај беше поранешен советник на тројца албански премиери, кого во Албанија не го сметаат за политички наивен и маргиналец, рекол дека за неговата идеја има поддршка од меѓународната заедница.
 
Tesko ostvarlivo, da ne recam nema sansi posebno koga se zboruva za rok od 2 godini. Nekoj nemal sto da pravi pa sakal da izlezi vo javnost, cist obid da se dobie publicitet.
 
Само може да сонува, планот за Голема Албанија е донесен за време на 2-та Светска Војна , и отогаш па навамо им ги перат мозоците на албанците за тоа.
 
toa na bratot da mu go kazuvat

24zc57b.jpg
 
Овој не рекол нешто друго, само оваа изјава ја вергла.

Истото го кажа пред неколку месеци, и повторно доби публицитет.

Треба да му е јасно дека даваат големите сили да има Велика Албанија.
 
Interesno ama sto ako Crna Gora Srbija Makedonija I Grcija resat uopste da ne postoi Albanija :)?
 
И што потоа? Што ќе реши Голема Албанија?
ДА ќе го реши Албанското прашање ама ќе отворат ново Црногорско, Македонско, (можеби) Грчко и ќе го продлабочат Српското (индиректно и Босанското).
Потоа ќе има некои други тектонски поместувања и така кога ќе сме туку така етнички сите чисти. Ќе се обрнеме сите на себе, со своите чисти држави и војски и ќе си еб%ме матер (етнички чисти, да се разбереме).

Факт е дека не знаеме. Факт е дека никој ништо на балканот неможе да направи нешто без АМИН од големите сили. Ако дале АМИН за Голема Албанија, тогаш Голема Албанија ќе има. Ако дале АМИН да се иселуваат Македонци, тогаш тоа и ќе се случи.
Голема Албанија на големите сили им одговара, исто како што од 1830 до денес им одговара браната Грција. (да бидеме реални, Македонија и Бугарија немаат Егејско море само поради тоа што тоа не им одговара на големите сили, исто како што Турците имаат Гејски острови на 2мин пливање од Турскиот брег)
Единствено што останува за Македонците во овој случај е да се адаптираме на дадената ситуација. Бидејки се е во опстанокот... никој натепан (како после Илинден 1903та) неможе ништо да направи.

п.с. Опстанок не значи виткање кичма.
 
Ајјјјјјдеееее сега.Па нели 2013 требаше голема Македонија?Од кај па сеа албанија?
Свашта....
 
А да не тупнат сите некаде комплет во Африка да се порашириме малку, на Балканов очигледно нема место

--- надополнето ---

toa na bratot da mu go kazuvat

24zc57b.jpg

Овај херојов не го најдоа затворен во гепек со куферите заедно?
 
А да не тупнат сите некаде комплет во Африка да се порашириме малку, на Балканов очигледно нема место

--- надополнето ---



Овај херојов не го најдоа затворен во гепек со куферите заедно?


Воџата го направи тоа што требаше па кај сака нека се крие ,кога највеќе требаше храброст тогаш се покажа и докажа ! На трибините снимаа камерите ,а јас не видов никаде таква снимка дека го вадат од автобус битно го направи тоа за што беше дојден ,а што се однесува на Темава ,не верувам дека такво нешто е возможно ,поготово не до 2013 ,но кој знае може пак ќе си бидеме убавата ЈУГОСЛАВИЈА до 2013 ,што е далеку поубаво и попаметно!
 
Баш сабајле кога одев на работа се возам со еден комшија албанец во кола и праиме муабет.
и си викаме и ги псуеме партииве, кога маме им ебам ќе почнат економски говори да држат,
а не националистички или шовинистички. сиромашен народ лесно се лаже.

Седнувам на биро, пијам кафе и ..... ОПААААА
абе ко да сме знаеле за што да збориме.
Па некоја будала, овојпат од Тирана решил ефтини политички поени да лапа.
 
Имајќи предвид во кој век живееме, вакви идеи се глупави и непотребни. Кога Албанија, Македонија и Србија ќе влезат во ЕУ сите албанци, па и македонци и срби ќе бидат поврзани без потреба за тоа да „живеат во една држава“. Но, ако се сетиме на „идеите“ на Љубчо откако го избркаа од ВМРО-ДПМНЕ и на тоа кои луѓе ја подржаа таа идеја за размена на територии и население (Андов, МАНУ) изгледа дека таа идеја е отпочната со реализација.

Од една страна гледаме како половина членки на ЕУ не го признале Косово, ниту би се согласиле на спојување со Албанија, а од друга, се случуваат работи како 2001, па оваа прикаска, како и лустрацијата на Ибар и другарчињата, што мислам дека е поврзано со ова.

Лично сметам дека на никој од големите сили не им одговара да се реши нечие национално прашање, па ни албанското. Единствено прашање кое е решено е грчкото. Затоа грците денес играат како што им свири Берлин и Париз. И она што ние го имаме проблем со нив е веројатно колку да се дрѓи тензија. Исто е и со другиве сплетки од типот на повторно промовирање на оваа идеја за Голема Албанија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom