Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
- Возраст
- 39
Дарко Ангеловски има 15 години, учи во ЕМУЦ и живее во нас. Илинден. За последен пат е виден во петокот и од тогаш се смета за исчезнат. Семејството на 15 годишниот Дарко Ангелковски ги замолува сите граѓани доколку имаат каква било информација за него или ако го забележат некаде да се јават на 070 742439.
СЕДУМ ДЕНА ПАНИКА ВО СКОПСКОТО СЕМЕЈСТВО АНГЕЛКОВСКИ
Ни трага ни глас од скопски средношколец
Неизвесност и напната атмосфера последниве седум дена владее во домот на скопското семејство Ангелковски, од скопската населба Илинден, кои чекаат некој да им јави каде им е малолетниот син Дарко кој, во петокот, откако излегол од дома не се вратил. Неговите најблиски се обидуваат да го најдат, а за помош се обратиле и во полицијата која веќе почнала голема потрага по скопскиот средношколец, ученик во ЕМУЦ „Никола Тесла“. Дарко Ангелковски во петокот попладне го напуштил својот дом и оттогаш никој не му видел трага. Младиот средношколец околу 15 часот дошол дома. Неговите родители не биле дома, само помалата сестра. Тој и кажал дека во автобусот со кој се возел кон дома се степал со друг ученик. - Јас последна го видов брат ми, сами бевме дома. Тој ми кажа дека во автобусот со кој се враќал од училиште се степал со некое дете. Тој го удрил по лицето и по грбот, но не му беа нанесени видливи повреди - вели сестрата на Дарко. Веднаш потоа излегол од дома без да и каже на сестра си каде планира да оди. Од тој момент неговото семејство го нема видено. Дарко, велат неговите најблиски, немал никакви семејни расправии со некој член од семејство, па претпоставуваат дека тој несвесно го напуштил домот. Кога дошле неговите родители и кога се увериле дека синот Дарко го нема да се врати, почнале да го бараат кај нивните најблиски и кај неговите другари. Но, од потрагата немало резултат. Следниот ден, со слика од Дарко тие пристигнале во полициска станица каде што го пријавиле чудното исчезнување на нивниот син. Од скопската полиција велат дека засилени полициски екипи се обидуваат да го лоцираат Дарко и ги проверуваат сите можни траги кои би им помогнеле во истрагата. Семејството на 15-годишниот Дарко Ангелковски ги замолува сите граѓани доколку имаат каква било информација за него или ако го забележат некаде да ги се јават на 070 742 439.
Извор