Sabbath - седмиот ден

  • Креатор на темата Креатор на темата Genesis
  • Време на започнување Време на започнување
Пошто дома го имам толкувањето од професорот, не ми е проблем да видам на кои извори се повикува проф. Гроздановски. ПАтем кажано, во Црквата постојат извесни резерви за учењето од блажениот Августин, а Тертулијан е сметан за едед од најраните учители во Црквата, но не ми е познато дека е титулиран со „Свет Отец„, што значи дека Црквата има причина за таквиот став кон Тертулијан. На Ориген пак, светоста воопшто не му е доделена, поради неговите искривувања во изворното црковно учење, иако се покажал како добар учител.

Ќе проверам, во секој случај...

Христијанството е мноогу поголемо од само православието, така да бирање на “овој за нас е свет а оној не е ..“ е еднострано гледање. Али ајде сепак ќе видиме професорот од кој свет (за православието) отец тврди дека Исус изгледал како што го опишува.
 
Не е погрешно да се повикуваме на зборот Божји, туку е погрешен идолатрискиот однос кон Светото Писмо, во стилот „Јас, Писмото па Бог„.

Абе ти што збоуваш. Каков идолатриски однос. Од кај го измакна ова. Библијата ти е Божјото Писмо, и како такво се што е внатре кажано од Бога - така е. И треба да се почитува.

Јас цело време ти давам аргументи од Библијата, од Божјите зборови. А ти истите ги порекнуваш, и упорно го тврдиш спротивното на Бога. А ти човече, ја поставуваш Библијата настрана и влечеш заклучоци и ги следиш човечките објаснувања, и промени на Божјиот збор. И ти дадов еден куп Библиски поткрепени цитати во корист на Саботата, а ти неможеш да најдеш ниту еден за да го оправдиш денешното празнување на неделата.

На кого треба да се верува - на Библијата, на Исус, на својот Бог кој ја осветил Саботата, и никаде не ја укинал - или на човечката промена на заповедта.
 
Еден ден, ќе ти текне дека Писмото постои и дека е истолкувано уште пред твоето раѓање.

--- надополнето ---

Христијанството е мноогу поголемо од само православието, така да бирање на “овој за нас е свет а оној не е ..“ е еднострано гледање. Али ајде сепак ќе видиме професорот од кој свет (за православието) отец тврди дека Исус изгледал како што го опишува.

О.К.

Ќе постирам утре.
 
Еден ден, ќе ти текне дека Писмото постои и дека е истолкувано уште пред твоето раѓање.
.


Да оти ова е многу тешко за толкување, па да треба да се собираат еден куп луѓе да го толкуваат со години.

8 Помни го саботниот ден, за да го осветуваш.
9 Шест дена ќе работиш и ќе ги вршиш сите свои работи.
10 А седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог. Тогаш никаква работа не ќе работиш: ни ти, ниту твојот син, ниту твојата ќерка, ни твојот слуга, ниту твојата слугинка, ниту твојот добиток, ниту странецот што е внатре во твоите порти.
11 Зашто во шест денови Господ ги направи небото и земјата, морето и се; што е во нив, а на седмиот ден се одмори. Затоа Господ го благослови и го освети саботниот ден.


Не знам што толку му толкувале на ова.
 
Не е тешко за толкување, колку што е тешко за разбирање а уште потешко за прифаќање.

Еве што вели 4-тата Божја заповед: „Сеќавај се на денот за одморот за да го празнуваш: шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот посвети му го на Господа, твојот Бог.„ Така , источната Црква празнува во недела, а не во сабота. Во сабота, празнуваат јудеите и конфесиите кои повеќе го сакаат Стариот Завет, а се именуваат како „христијани„..

Барањето стих во Писмото, каде Христос ја одредува неделата за ден за одмор, е исто што и барањето стих во Писмото, во кое Христос себе Си се титулира со категоријата „бог„, како што некои членови бараат стих во кој Он (би) рекол „Јас Сум Бог.„

Новиот Завет не е уреден нормативно, како што е уреден Стариот, туку Новиот Завет само укажува на насоките по кои треба да се движиме, а не да се фаќаме како пијани за плот. Прецизирањето на Христовото учење е дадено во црковниот катихизис, така да секое приватно толкување, значи и неприфаќање на црковото учење. Цркава пак, е тело Христово и надвор од умот е некој во Црквата да исполнува волја поинаква од Христовата. Така, кога Христос би одредил да ја празнуваме саботата, тога Црквата би ја празнувала саботата. Евангелијата и делата Апостолски покажуваат поинаква пракса од јудејската, а и Црквата е сосема нова категорија во Светот, која има учење кое е битно поинакво од јудејското.
 
Барањето стих во Писмото, каде Христос ја одредува неделата за ден за одмор, е исто што и барањето стих во Писмото, во кое Христос себе Си се титулира со категоријата „бог„, како што некои членови бараат стих во кој Он (би) рекол „Јас Сум Бог.„

13. Вие ме наречувате Учител и Господ, и право велите, бидејќи јас сум таков

14. Ако пак, Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, тогаш и вие сте должни еден на друг да ги миете нозете

Јован 13
 
MIKI1 те читам и по другиве теми, гориш од желба за докажување, ама често си противречиш на самиот себеси.Штета, сигурен сум дека би бил многу добар соговорник доколку не би се трудел слепо да одбраниш одредена теза.
 
gade, јас ништо не докажум, туку посочувам какво е учењето од Црквата, кое (учење) го прифаќам, за разлика од привантите ставови од форумџииве. Но еве, ајде ти лично, тргни го моево слепило и кажи ми каде грешам...

--- надополнето ---

13. Вие ме наречувате Учител и Господ, и право велите, бидејќи јас сум таков

14. Ако пак, Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, тогаш и вие сте должни еден на друг да ги миете нозете

Јован 13

Во посочениве цитати, на кое место Он (Христос) вели дека Е Бог? „Господ„ не е исто што и „Бог„. „Господ„ е име, а „Бог„ Е битието кое има Божји атрибути.
 
Во посочениве цитати, на кое место Он (Христос) вели дека Е Бог? „Господ„ не е исто што и „Бог„. „Господ„ е име, а „Бог„ Е битието кое има Божји атрибути.

Има повеќе господди?
 
Да. Отецот и Синот и Светиот Дух.
 
Untitled-5.jpg
pencil.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom