Sabbath - седмиот ден

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Во ред. Ајде сега, наброј кои се тие Заповеди, оти во она кое Христос го вели, во контретниве стихови, никаде не е спомената саботата. Рационалното извлекување посреден заклучок дека под Заповедите се подразбира и саботата, ќе не одведе во јудаизам.

Сите деноминации, кои се фаќаат за саботата, повеќе наликуваат на јудеи отколку на христијани. Тие вршат просто механичко пренесување на саботата од Сатриот во Новиот Завет и се однесуват како слепци, кои го занемаруваат Новиот Завет и сите промени кои Новиот Завет ги донесе, а кои делумно ги опфатив во мојот претходен пост.

Не случајно, современите православни богослови препорачуваат читање на Светото Писмо така, што прво ќе се чита Новиот Завет, а после и Стариот: обратното читање го практикуваат повеќето деноминирани заедници, па затоа помил им е Стариот Завет. Патем кажано, толкувањето на Стариот Завет е точно само ако тоа толкување се врши во духот од Новиот Завет. Поинаквото толкување, ќе не донесе во состојбата од денешните јудеи, кои не случајно не го прифаќаат Новиот Завет, а Христа Бога Го прифаќаат уште помалку...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Во ред. Ајде сега, наброј кои се тие Заповеди, оти во она кое Христос го вели, во контретниве стихови, никаде не е спомената саботата. Рационалното излекување посреден заклучок дека под Заповедите се подразбира и саботата, ќе не одведе во јудаизам.
Исус кажал за СИТЕ прописи. и Најмали.
Саботата е првата Божја заповед. Пред и да постојат евреи пред и да постои Адам, Ева, првиот грев. Беше вселената, земјата, бог и саботата. Пред и да биде првото убиство, пред и да биде првата прељуба, првата кражба, првото богохулење.
Саботата влезе во десетте божји заповеди. Исто како и она Не Убиј. Исус нигде не ни кажа дека не смееме да НЕ убиваме. Дури може да се вклопи и во еутаназија “љуби го ближниот свој“ Од сомилост и љубов да убиеш некого да му ги скратиш маките - ете одма извадивме благослов на црквата да се убијат болни стари немоќни пошто оп одовде оп одонде може да се искомбинира и таква дозвола.

Ако гио прочиташ прво новиот завет ќе видиш дека исус не предупрдеил дека :
1. Не дошол да укине старозаветни заповеди и пророци
2. Дека тие ќе важат додека постои небото и земјата и додека не се исполни се
3. Дека никој да не не поучи дека е укината и најмала од тие заповеди.

Ти велиш сосема спротивно од она што Исус го кажал:?

1. Дека Исус дошол и ги укинал старите заповеди и пророци
2. Дека се е исполнето и не постојат повеќе земјата и небото
3. Дека слободно може да менуваме заповеди (не само најмалите туку и оние најголемите)

Сосема сосема сприотивно од она што Исус го рекол. Пред неговите јасни зборови, недвосмислени се мижи а се верува на зборови на луѓе кои после со своите човечки умови и разбирања чепкале низ писмата па комбинирале стих овде стих онде и носеле свои заклучоџци со гласање како треба да биде.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Кога Христос вели дека не дошол да ги укиние Законот и пророците, тоа Он и го чини, но пред се во свое име, како Месија. Навистина, Он не смао што не ги укина, туку и ги исполни.

Во еден од претходните постови, никаде не напишав дека Христос ги укинува Законот или пророците...и не ми припишувај нешта кои не сум ги напишал, оти некој од членовите на форумов тоа така ќе го разбере па после ќе ми требаат три дена да дообјаснувам што сакав да кажам.

Но не ми кажа каде е спомената саботата, во стиховите на кои самиот се повикуваш. „Подразбирањето„ на нешта кои никаде не се споменати, е чисто субјективен заклучок, кој лесно може да биде и погрешен.
 
За да се укинат законите и пророците треба да се исполни се и да престанат да постојат земјата и небото.
Се е исполнето?
Исус умре воскресна и крај? готово се е исполнето нема што повеќе да се чека да се исполни? Сега е настапена вечноста во која нема што повеќе да се чека?
јас колку што знам, а можеби грешам, нели НЕ Е исполнето Исусовото второ доаѓање, страшниот суд воскресение на мртвите и божјото царство на земјата. Уште многу работи не се исполнети. (а и земјата и небото се уште си постојат)

Инаку со игра на зборови можеме со денови да се подаваме, “Кажи каде исус рекол да се слави неделата место саботата“ “Кажи каде исус рекол дека хомосексуалноста не е добра“ Кажи каде исус рекол дека после него нема да има други синови божји“ “Кажи каде исус рекол дека проституцијата е грев“ “Каде исус рекол дека контрацепцијата и абортусот не се дозволени“ “Каде Исус рекол дека убивањето е забрането“.... може стотици теми да се отварат “Каде во библијата Исус рекол или не рекол за нешто“

Овде имаме конкретен случај кој е јасен и прецизен. Имаме јасен збор на Исуса. Тој му се обраќа на луѓето. Старозаветните заповеди не се променувваат со неговото доаѓање. Тој ги исполнува, и ни вели дека ќе постојат се додека не се исполни се и додека постои и небото и земјата. Кога се ќе се исполни, кога ќе воскреснат мртвите ќе им се суди на сите ќе дојде исус повтторно ќе биде уништено злото .... е тогаш ќе се укинат заповедите и саботата
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Еве, ти посочи каде е тоа сторено, и посочи стих каде Христос вели дека не смееме да ја промениме саботата...
Вака сега, стихот кој што Let3 го цитира и следните негови два одговора и плус од мене:

- Божјиот збор, Божјите закони, се безвременски. Бог ги дава и тие важат се додека самиот Господ не рече поинаку. А самиот Господ никаде не ја преместил Саботата. Човекот неможе нив да ги менува, него негова должност е да живее по нив, т.е. да ги исполнува.

- Исус бил на земјава. Тој имал можност тогаш да ја замени Саботата, но тоа не го направил, напротив спорел со луѓето за нивниот погрешен пристап кон неа. Исус никаде не спомнува дека Неделата треба да е неработен ден. Или за преминот Сабота - Недела.

- Никаде во Библијата никој не зборува за неделата како за неработен ден, никаде не пишува за поместувањето на Саботата во недела.

Значи Господ ја дава заповедата за Саботата, Тој не ја укинува нити преместува во недела
Исус живее по Божјите закони, не учи за Саботата и никаде не је преместува во недела

Смената на саботата во неделата не е Библиски основана, тоа го нема таму напишано. Смената на саботата во неделата не е направена од нашиот Бог.

Епа кога неделата не е осветена, овластена, дадена за неработна, за ден за негов помен, од нашиот Бог, тогаш со кое право таа се слави денес?

Се што не е Библиски поткрепено, а е во контра со Божјите, Исусовите зборови треба да се отфрли. А славењето недела е токму тоа - непослушување на Бога, неизвршување на неговата заповед, а кој не го врши тоа не може да се нарече вистински верник.
 
Кон болтуваното, по редослед:

1. Христос не ја премести сабоата, оти и Он го почитуваше Стариот Завет. Но, се чини дека забораваш оти токму Он го воведе Новиот Завет, кој не е прост продолжеток на Стариот, туку усовршување на истиот. Така, Новиот Завет навистина е нов, со својата духовност. Но, Он ја основа и Црквата, која не е механичко-робовски исполнувач на Заповедите, туку тело Христово.
2. Ако тргнеме по логиката „..Исус кажал/не кажал...„, тогаш, ајде да видиме, не шпекулативно, туку евангелски, каков бил односот Христов кон саботата?
3. Во Писмото, многу работи не се напишани. Иако ти посочив стих во кој јасно се гледа во кој ден се собирале Апостолите, ти упорно велиш „Исус не ја променил саботата„. Арно ама, Апостолите не се собира во сабота, ниту Апостолите и придаваа значење на саботата.
4. Ако велиш дека Исус (небаре Го знаеш од улица...) ги почитувал Божјите Закони, забораваш дека Он е одредувачот на тие Закони, што значи дека Он е Господар и на Законите, како што е Он Господар и на саботата, а не обратно.
5. Замената на саботата е зачната евангелски, а потврдена од Црквата.
6. Христос влезе во Ерусалим, во недела, Христос, конечно, воскресна во недела и на крајот на краишатата, Христос ќе дојде по врот пат во недела, не во среда...Доволно?
7. Како изгледа вистинскиот верник?
 
Епа што не е јасно тогаш? Еве овој мој цитат кој што ти не ми го коментираше "Божјиот збор, Божјите закони, се безвременски. Бог ги дава и тие важат се додека самиот Господ не рече поинаку." Чим самиот Господ не ја променил Саботата тогаш што треба повеќе да се дискутира?
Велиш усовршување на стариот завет - значи издигање на саботата на духовно ниво, нејзино усовршување во начинот на практикувањето, а не нејзина промена.

2. Ако тргнеме по логиката „..Исус кажал/не кажал...„, тогаш, ајде да видиме, не шпекулативно, туку евангелски, каков бил односот Христов кон саботата?
Ти одговорив неколкупати, но и Исус ти одговори

И Исус проговори и им рече на закониците и фарисеите: „Дозволено ли е да се лекува во сабота или не?”
А ним им рече: „Кој од вас, кога ќе му падне синот или волот во кладенец, не ќе го извади веднаш во сабота?”

И им рече: „Дали е дозволено во сабота: да се прави добро или зло? Да се спаси душа, или да се погуби?” А тие молчеа.

Еве го Исусовиот однос кон Саботата.

3. Во Писмото, многу работи не се напишани. Иако ти посочив стих во кој јасно се гледа во кој ден се собирале Апостолите, ти упорно велиш „Исус не ја променил саботата„. Арно ама, Апостолите не се собира во сабота, ниту Апостолите и придаваа значење на саботата.
Не ја променил, и ти тоа го твдиш исто. А што има врска кој ден се собирале апостолите? Тие не го практикувале првиот ден како ден за одмор. Тие не славеле Сабота во недела. Апостолите не и придавале значење на саботата? Изгледа Исус грешка ги учел, а? Да не празнуваат Сабота?

Дела ап 13
13 А Павле и неговите придружници отпловија од Пафос и дојдоа во Памфилиска Пергија. Тука Јован се оддели од нив и се врати во Ерусалим.
14 А тие заминаа од Пергија и дојдоа во Писидиска Антиохија; и влегоа во синагогата во саботен ден, и седнаа.

42 А кога излегуваа, ги молеа да им ги проповедаат овие зборови и во идната сабота.

44 А во идната сабота се собра скоро целиот град да го чуе Божјото слово.

Дела Ап 16-13 А во саботата излеговме надвор од градската врата, кон реката, каде што имаа обичај да се молат. И седнавме и им зборувавме на собраните жени.

Дела Ап 17:2 И по својот обичај Павле влезе при нив и, три саботи редум, расправаше со нив од Писмото,

Лука 23

54 А беше ден на подготовката, и саботата настапуваше.
55 По него одеа и жените, кои беа дошле со Исуса од Галилеја, и го видоа гробот и како беше положено Неговото тело.
56 Потоа се вратија и приготвија мириси и миро; а во саботата, почиваа, според заповедта.

Јован 19:31 Бидејќи беше ден на Подготовка, Јудејците, за да не останат телата на крстот во сабота - зашто таа сабота беше голем ден - го замолија Пилата да им ги скршат колената и да ги симнат.

4. Ако велиш дека Исус (небаре Го знаеш од улица...) ги почитувал Божјите Закони, забораваш дека Он е одредувачот на тие Закони, што значи дека Он е Господар и на Законите, како што е Он Господар и на саботата, а не обратно.

Да де. Господар е на Саботата, Господовиот свет ден. Не вели недела. Вели сабота, според заповетта.

5. Замената на саботата е зачната евангелски, а потврдена од Црквата.
Ма немој. Баш никаде не е таа зачната во писмото. Оти бре никаде не пишува за таа замена на саботата во недела. Оти никаде вакво многу битно нешто(Промена на една од 10 заповеди) нема споменато.

6. Христос влезе во Ерусалим, во недела, Христос, конечно, воскресна во недела и на крајот на краишатата, Христос ќе дојде по врот пат во недела, не во среда...Доволно?
Ни приближно. Што има врска сето тоа со Саботата? Не воскреснал во Сабота поради почит кон неа. Неработен ден е. Се одморал во гробот, а неговите ученици се одмарале дома.

7. Како изгледа вистинскиот верник?
Оној кој го сака својот Бог и ги слуша неговите зборови.

И така Мики, Саботата не ја замени нити Исус, нити неговите апостоли(дури и Павле ја почитувал Саботата). Смената на Саботата ја нема во Библијата и затоа таа е неоснована, погрешна итн.

--- надополнето ---

Еве ти и други стихови

Пословици 30

5 Секое Божјо слово е испитано, Тој им е штит на оние, кои се надеваат на Него. 6 Не додавај им ништо на Неговите зборови, за да не те изобличи и да не те смета лажлив.

Римјаните 7 12 Затоа Законот е свет; а и заповедта е света, и праведна, и добра.

Малахија 3 6 Зашто Јас, Господ, не се менувам, затоа вие, Јаковови синови, не бевте уништени!

Исаија 43 13 од вечноста - Јас Сум! И никој не избавува од Мојата рака; што ќе направам, кој може да го измени?”

Исаија 66 23 Од нова месечина до нова месечина, од сабота до сабота, секое тело ќе доаѓа за да се поклони пред Моето лице - говори Господ.

Второзаконие: 4:2 Ниту додавајте нешто на тоа што ви заповедам ниту одземајте нешто од тоа; вршете ги заповедите на Господа, на својот Бог, што ви ги давам.

Вторрозаконие 12 32 Пазете сè што ви наредувам; не додавај му ништо на тоа и не одземај му ништо.”
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
„....и ќе дојде денот Господов, како крадец во ноќно време; тогаш небесата со голема бучава ќе ги снема, и стихиите ќе пламнат и ќе се разрушат, а земјата. и се што е на неа,
е изгоди...„ (Второ Петрово, 3.10)

„...бидејќи вие самите многу добро знаете: денот Господов ќе дојде како крадец во ноќно време...„ (Солуњаните, 5.2).

„...Однесувајте се достојно меѓу нзнабожците, па тие, кога ќе ве напаѓаат како злотворци, да Го прослават Бога во денто на посетата..„ (Прво Петрово. 2.12).

За кој „...ден Господов...„ зборуваат Апостолите во наведените стихови? Зашто никој од нив не вели „..саботата Господова...„? Во кој ден ќе биде второто Христово доаѓање, кое го наведува Св. Ап. Петар?

„... Тој Му рече: „Кои?„. А Исус одговори: „Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно;„...„ почитувај ги татко си и мајка си, сакај го ближниот свој како себе си!...„(Матеј, 19.18, 19.19).

Зашто Христос не на споменува саботата, иако ги споемнува и другите Божји заповеди?

„...зашто Синот Човечки е господар и на саботата...„ (Матеј, 12.8).

Зашто Христос го наведува саботниот ден, иако Он е господар и на средата?

Значи, имаш еден куп новозаветни места, во кои е зачната промената на денот за одморот, а ти упорно се фаќаш за старозаветни одредби, како јудеец. Ако ништо битно не се промени со Новиот во однос на Стариот Завет, тогаш, зашто Христос дојде? Да ни рече дека нема да ја смени саботата? ПА сега и ние ќе бевме јудеи и немаше да се именуваме со името Христово...
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Ти можеш да ја прелисташ Библијата 100 пати и никаде нема да го најдеш тој премин на Саботата во недела. Сите во Библијата си слават Сабота. Господ ја дава заповетта за Саботата и само тој може да ја промени таа заповед. Но Тој такво нешто не сторил. И не сум ти јас крив што Исус вака рекол

Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно

И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно

Еве ниту Исус не ја заменил Саботата. И неговите апостоли си ја славеа Саботата.

Господ не ја замени Саботата - човекот го направи тоа.

А Господ вака ни вели

Второзаконие: 4:2 Ниту додавајте нешто на тоа што ви заповедам ниту одземајте нешто од тоа; вршете ги заповедите на Господа, на својот Бог, што ви ги давам.

Вторрозаконие 12 32 Пазете се; што ви наредувам; не додавај му ништо на тоа и не одземај му ништо.”

И така Саботата си важи додека Господ не ни каже поинаку.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Значи, имаш еден куп новозаветни места, во кои е зачната промената на денот за одморот, а ти упорно се фаќаш за старозаветни одредби, како јудеец. Ако ништо битно не се промени со Новиот во однос на Стариот Завет, тогаш, зашто Христос дојде? Да ни рече дека нема да ја смени саботата? ПА сега и ние ќе бевме јудеи и немаше да се именуваме со името Христово...
Исус беше јудеец, евреин. Обрежан. Прогласен и наречен цар јудејски и од приатели и следбеници и од неприатели. Поздравуван како цар јудејски од народот, од мудрецте, распнат како цар јудејски од Римјаните. Новата религија на Павле мораше да се одели од јудаизмот прво поради строгите јудајски прописи кои им беа неприфатливи на паганите, и второ поради тоа што евреите биле најголеми неприатели на Рим. Затоа иако израсна од јудаизмот, парадоксално јхристијанството мораше да ги раскине сите свои врски со нив и не само да ги раскине врските туку и да ги прогонува своите јудајски корени.
Исус кажа што имаше во врска со старозаветните прописи и тоа го кажа многу јасно. Некако црквата мижи на тоа. “Апостолите се собирале во недела и ете тоа значи дека саботата не важи повеќе“. Зборовите на Исус се ставаат како помалце важни од оние на Павле или собиранка на апостоли.

Тогаш небото се отвори храмот на Бога и се јави ковчегот на заветот во неговиот храм и имаше светкавици и гласови, громови и земјотреси и гррад голем“
Откровение 11. 19

Христијаните го преставуваат страшниот суд како шалтерски систем. “Ти си? Јудеец, Аха, оди на шалтер 3-23 земи документи и потврда и оди да ти се суди во соба 12..... следен, “Јас сум христијанин (некој) ...,Ти си за шалтер 4-23, земи потврда и чекај да те побараат пред соба 8, СЛЕДЕН.. јас сум атеист... ти одиш на 6-2 земи потврда и чекај пред 10....“

Ни едно мислење на нитиу еден црковен филозоф или писател не може да го побие или надвладее ова:

Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно

Се кога ќе собереш од нов завет што рекол Павле или Савле или Петар или Јован или Марко или Џони..... не можат да ја покријат ова изјава на Исус. Толку едноставно и прецизно кажано. Не остава место за сомнеж што сакал да каже или што се “крие“ зад тие зборови или на кој му се наменети.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ти можеш да ја прелисташ Библијата 100 пати и никаде нема да го најдеш тој премин на Саботата во недела. Сите во Библијата си слават Сабота. Господ ја дава заповетта за Саботата и само тој може да ја промени таа заповед. Но Тој такво нешто не сторил. И не сум ти јас крив што Исус вака рекол

Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно

И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно

Еве ниту Исус не ја заменил Саботата. И неговите апостоли си ја славеа Саботата.

Господ не ја замени Саботата - човекот го направи тоа.

А Господ вака ни вели

Второзаконие: 4:2 Ниту додавајте нешто на тоа што ви заповедам ниту одземајте нешто од тоа; вршете ги заповедите на Господа, на својот Бог, што ви ги давам.

Вторрозаконие 12 32 Пазете се; што ви наредувам; не додавај му ништо на тоа и не одземај му ништо.”

И така Саботата си важи додека Господ не ни каже поинаку.
Во ред. Живеј мирно со своето убедување дека саботата е денот за одмор, т.е. денот Божји.

--- надополнето ---

Исус беше јудеец, евреин. Обрежан. Прогласен и наречен цар јудејски и од приатели и следбеници и од неприатели. Поздравуван како цар јудејски од народот, од мудрецте, распнат како цар јудејски од Римјаните. Новата религија на Павле мораше да се одели од јудаизмот прво поради строгите јудајски прописи кои им беа неприфатливи на паганите, и второ поради тоа што евреите биле најголеми неприатели на Рим. Затоа иако израсна од јудаизмот, парадоксално јхристијанството мораше да ги раскине сите свои врски со нив и не само да ги раскине врските туку и да ги прогонува своите јудајски корени.
Исус кажа што имаше во врска со старозаветните прописи и тоа го кажа многу јасно. Некако црквата мижи на тоа. “Апостолите се собирале во недела и ете тоа значи дека саботата не важи повеќе“. Зборовите на Исус се ставаат како помалце важни од оние на Павле или собиранка на апостоли.

Тогаш небото се отвори храмот на Бога и се јави ковчегот на заветот во неговиот храм и имаше светкавици и гласови, громови и земјотреси и гррад голем“
Откровение 11. 19

Христијаните го преставуваат страшниот суд како шалтерски систем. “Ти си? Јудеец, Аха, оди на шалтер 3-23 земи документи и потврда и оди да ти се суди во соба 12..... следен, “Јас сум христијанин (некој) ...,Ти си за шалтер 4-23, земи потврда и чекај да те побараат пред соба 8, СЛЕДЕН.. јас сум атеист... ти одиш на 6-2 земи потврда и чекај пред 10....“

Ни едно мислење на нитиу еден црковен филозоф или писател не може да го побие или надвладее ова:

Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно

Се кога ќе собереш од нов завет што рекол Павле или Савле или Петар или Јован или Марко или Џони..... не можат да ја покријат ова изјава на Исус. Толку едноставно и прецизно кажано. Не остава место за сомнеж што сакал да каже или што се “крие“ зад тие зборови или на кој му се наменети.
Пишуваш/опфаќаш премногу теми во еден и ист пост па тешко можам да одговорам....Задржи се на една тема и биди појасен во коментарите. Цитираш стихови, небаре е доволно да го цитираш стихот и со тоа си завршил работа. Кога веќе цититраш, посочи и што се се подразбира под цитираното. Богословското толкување на стиховите од Писмотот, секогаш е повеќеслојно и повеќезначно, а не просто читање на одреден стих.

Патем кажано, Црквата веќе 2 000 г. ја слави неделата („киријаки„-„денот Божји„) а не саботата. Значи, Црквата има причина за пренесување на саботниот ден за одмор во неделниот, оти да беше поинаку, досега Христос и Духит Свет ќе најдеа начин да ја опоменат Црквата за нејзиното отстапување од волјата Божја, како што Христос тоа го има сторено кон Црквите, во Откровението Јованово.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Патем кажано, Црквата веќе 2 000 г. ја слави неделата („киријаки„-„денот Божји„) а не саботата. Значи, Црквата има причина за пренесување на саботниот ден за одмор во неделниот, оти да беше поинаку, досега Христос и Духит Свет ќе најдеа начин да ја опоменат Црквата за нејзиното отстапување од волјата Божја, како што Христос тоа го има сторено кон Црквите, во Откровението Јованово.
А како Исус ги опоменува тие што ја слават саботата и го држат шабатот?
умираат масовно? несреќи и мизерии ги пратат со години.... Им се јавува на сон?
Инаку црковните оци уште во 3 и 4 век со писма ги опоменувале верниците да не ја држат саботата. и некои цркви христијански со векови ја држеле саботата така да празнување на саботата било вообичаено векови по Исуса, а црквата со сите сили сакала тоа да го искорени.

Еве едно прашање, што толку лошо и грешно во држењето на сабота? со што тоа Бог ќе се навреди ако некој ја пази и чува саботата како ден божји? што е тука толку опасно да црквата мора писмено да ги опоменува верниците да не ја држат саботата?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А како Исус ги опоменува тие што ја слават саботата и го држат шабатот?
умираат масовно? несреќи и мизерии ги пратат со години.... Им се јавува на сон?
Тие што ја слават саботата, не се дел од Црквата, т.е. не се тело Христово, па Он нема потреба да ги опоменува на некој јако специјален начин. Сите оние кои се надвор од Црквата, се водат или по својот ум или по световни правила, а плодовите/последиците од таквите однесувања, покажуваат дека луѓето кои се надвор од Црквата не се Христови и дека повеќе го сакаат Светот и злото во Светот отколку својот Творец.

Да, најзабеганите колективи, кои се далеку од Христа, навистина добиваат колективни казни во облик од колективни несреќи.

Оние пак, кои се во Црквата, за своето отстапување од Христа и Неговите Заповеди, добиваат „опомени„ преку искушенијата кои Он ги допушта и до поединците во Црквата и до Црквата како заедница. Боговидците pak, кои како и Св. Ап. Јован во Откровението, имаат личен контакт со Бога од Кого можат непосредно да добијат одредни сознанија но и опомени..

--- надополнето ---

Инаку црковните оци уште во 3 и 4 век со писма ги опоменувале верниците да не ја држат саботата. и некои цркви христијански со векови ја држеле саботата така да празнување на саботата било вообичаено векови по Исуса, а црквата со сите сили сакала тоа да го искорени.
Посочи, кои се тие Оци (со име и презиме), кои некого принудуваат да ја слави саботата? Па и вонбиблиски извори велат дека раните генерации/заедници од тазе покрстени јудеи, навистина ја славеле саботата. Ништо чудно, оти тоа е инерција од нивната претходна вера.

--- надополнето ---

Еве едно прашање, што толку лошо и грешно во држењето на сабота? со што тоа Бог ќе се навреди ако некој ја пази и чува саботата како ден божји? што е тука толку опасно да црквата мора писмено да ги опоменува верниците да не ја држат саботата?
1. Грешното во држењето на саботата е повеќекратно. Јудеите ја држеа и сеуште ја држат саботата, па со тоа, повеќе ќе наликуваме на јудеи или „адвентисти„ или „сведоци„, но никако не можеме да бидеме Христови. Јудеите беа екслузивен. одбран народ Божји. Денес, нема одбрани народи, туку личности, со име и со презиме, кои се дел од Црквата/телото Христово. Јудеите не се дел од Црквата, барем повеќето од нив, со исклучок на ерусалимската патријаршија. Држењето на саботата е враќање наназад, а не фаќање пат кон ветеното Царство Небесно и Христово.

2. Бог ќе се навреди ради славењето на саботата, оти секое славење на саботата е навраќање на Стариот Завет, што автоматски значи и лично или колективно неприфаќање на Христовиот Нов Завет и на Црквата, која Он ја основа, преку Духот Свет. А Црквата пак, не ја слави саботата, иако се сеќава на истата, туку ја слави неделата, како ден Божји. Нелогично е телото Христово да ја слави неделата, а главата на Црквата-самиот Христос, да одредува да се слави саботата.

3. Црквата баш и не мора да дава „писмени „опомени, оти за тоа постои цела Божја Заповед, која го одредува денот Божји, денот за одмор, денот во кој Го славиме Творецот а не творенијата. Заповедите Божји веќе се дел од црковниот катихизис.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Тие што ја слават саботата, не се дел од Црквата, т.е. не се тело Христово, па Он нема потреба да ги опоменува на некој јако специјален начин. Сите оние кои се надвор од Црквата, се водат или по својот ум или по световни правила, а плодовите/последиците од таквите однесувања, покажуваат дека луѓето кои се надвор од Црквата не се Христови и дека повеќе го сакаат Светот и злото во Светот отколку својот Творец.

Да, најзабеганите колективи, кои се далеку од Христа, навистина добиваат колективни казни во облик од колективни несреќи.
Човече не збори глупости. Оној што го почитува Божјиот збор, Божјите заповеди и Исусовото учење бил грешен? Па свесен ли си што зборуваш? Почитувањето и исполнувањето на 10те Божји заповеди било неправилно? Погитувањето на Божјиот збор водело кон сакање на злото, а не на Бога. А ти од каква Библија читаш? Од Божјото Свето Писмо или некоја сатанистичка книга. Па вака да зборуваш да не се слуша Бога?

2. Бог ќе се навреди ради славењето на саботата, оти секое славење на саботата е навраќање на Стариот Завет, што автоматски значи и лично или колективно неприфаќање на Христовиот Нов Завет и на Црквата, која Он ја основа, преку Духот Свет. А Црквата пак, не ја слави саботата, иако се сеќава на истата, туку ја слави неделата, како ден Божји. Нелогично е телото Христово да ја слави неделата, а главата на Црквата-самиот Христос, да одредува да се слави саботата.
Бог ќе се навреди ако ги почитуваме неговите заповеди?

3. Црквата баш и не мора да дава „писмени „опомени, оти за тоа постои цела Божја Заповед, која го одредува денот Божји, денот за одмор, денот во кој Го славиме Творецот а не творенијата. Заповедите Божји веќе се дел од црковниот катихизис.
Ами таа Божја заповед не беше оваа:

8 Помни го саботниот ден, за да го осветуваш.
9 Шест дена ќе работиш и ќе ги вршиш сите свои работи.
10 А седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог. Тогаш никаква работа не ќе работиш: ни ти, ниту твојот син, ниту твојата ќерка, ни твојот слуга, ниту твојата слугинка, ниту твојот добиток, ниту странецот што е внатре во твоите порти.
11 Зашто во шест денови Господ ги направи небото и земјата, морето и се; што е во нив, а на седмиот ден се одмори. Затоа Господ го благослови и го освети саботниот ден.

--- надополнето ---

Ај вака да те прашам. Да речеме дека црквата не ја замени Саботата. Да речеме дека до ден денеска Христијаните се уште си слават Сабота, а не неделеа. Дали сметаш дека некој читајки ја Библијата би заклучил, би забележал, дека всушност погрешен ден славиме? Дека треба да се слави недела, недела да биде неработен ден? И по кој тоа цитат од Библијата такво нешто би забележал?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Посочи, кои се тие Оци (со име и презиме), кои некого принудуваат да ја слави саботата? Па и вонбиблиски извори велат дека раните генерации/заедници од тазе покрстени јудеи, навистина ја славеле саботата. Ништо чудно, оти тоа е инерција од нивната претходна вера.

Евзибиј ни кажува дека синодот во Лаодицеја во 364 година од нова ера ги прекорува верниците и им налага да престанат да го слават сабатот.
Тоа е 330 години по смртта на Исус. То не е некоја инерција останата од татко или дедо, тоа се веќе 10ина генерации по Исуса кои го слават сабатот
Во почеток на 2ри век Игнациј Антиохиски пишува послание до Магнезијаните поради почитување на старозаветни (јудејски) заповеди а Галантјаните дури и го држеле и обрежувањето како составен дел од верата.

Исус јасно кажа дека старозаветните закони и прописи не се понишуваат (а тука спаѓа и саботата) туку дека си остануваат и ќе важат се додека постојат земјата и небото и не се исполни се. Христијанството пак стои на спротивно стајалиште од Исус и вели дека старозаветните закони се укинати и не важат повеќе. Во стариот завет е со заповед и хомосексуалноста наведена како голем грев. Дали и таа заповед е укината како и она за саботата?

Првите христијани, она заедница во Ерусалем, под водство на Исусовиот брат Јаков и апостолот Петар, како и следбениците и учениците кои го виделе и слушнале Исус, никогаш не се откажале од старозаветните закони и прописи. Си останале верни на Јудаизмот и така ги подучувале и барале од своите припадници да бидат. За нив немаше ни идеја за промени на некакви закони или прописи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom