Македонија со зголемена стапка на самоубиства

Остајте го Скопје со мангите негови, Скопје не е показател кој колку има, баш напротив од толку шминкерај не можеш да ги познаеш веќе луѓево кои се и што се. И немојте ви се молам со тој муабет СИТЕ, сите немаат. Неколкумина имаат.
Е сега што се однесува до стапката на самоубиства, не е голема , но за жал е очекувана. И да ви кажам право, се мислам дека да не испоискочија луѓево надвор да работат ќе имавме повисока стапка. Оти кај нас ретко кој се самоубил заради духовна или ментална криза, туку заради егзистенцијална криза. Не би требало да ја драматизираме бројката, ама пак не треба и да ја споредуваме со други земји.
 
Не барајте кривица во ЕУ или државата, барајте ја кривицата во себе.
Тоа си е до самиот човек, кој САМ си одлучува дали треба да си го одземе својот живот или не.
Причини можат да бидат мн, меѓу кои и немаштијата.
Не дека не може да се реши тој проблем...
Туку на кој му се работи!?
И самоубиството го гледаат како единствена солуција за да се реши проблемот :toe:
Ама и луѓево гледаат мнооогу филмови!
И си прават филмови.
 
Супер вести...
Можеме да направиме камиказен одред, или луге бомби.. КЕ БИДЕМЕ ПОЗНАТИ :vozbud:

Олвејс лук ат д вајт сајд...
 
Верувај може.Ако сакаш да се увериш ѕирни малце во Ирак и Авганистан како е.Не дека животот тука е супер или нешто.Животот тука е просечен.Нема многу пари но има доволно колку за живот.Гледам низ чаршија сите возат нови коли,сите кој од кој подотеран,сите со нови телефони од 500+ евра.Во државава 50% па и повеќе имаат интернет а сите се жалат како немало пари.Па ви се молам се луксузираат сите а викаат немало пари.Не дека во земјава нема сиромави луѓе кој навистина немаат пари за живот но на тие луѓе никој не им обрнува внимание.Тие се духови.Секој во оваа земја сака да се жали иако нема потреба.На секој се нешто му фали.Разбирам дека секој во општеството цели кон нешто подобро но ние имаме нереални цели.Сакаме да биде како во Германија.Е нема да биде како во Германија доколку ние не се потрудиме да биде како во Германија.Кој ќе дојде на власт краде,кој ќе дојде на функција краде па како да биде подобро луѓе?

Да.Што е тука грешно?
Имаше неколку дискусиии овде и овде

Само за потрошувачката кошница
Овде значи јас не зборам и не вадам факти од ракав . Според таа потрошувачка кошница која е смешна и нереално мала 1 од 3 македонци не може да си ги задоволи потребите .Замисли како ќе изгледаше доколку ја направеа реално? 80 проценти ќе излезе дека едвај преживуваат.

Друго бедно е да споредуваш со Ирак и Авганистан каде луѓето се бомбардирани само поради тоа што имаат нафта или пак случајно испаднале главните производители на хероин. И тоа по игра на судбината и војла на британската и советската елита тие места за неколку декади биле претворени во пекол.

Системот треба да биде праведен и повеќе од 51 посто од народот треба да живее лагодно, не зборам за луксузни коли туку да можат да си дозволат 10 дневен одмор, пристојна храна, платени сметки и еднаш годишно да можат да си ја обноват гардеробата со квалитетна облека не најефтината кинеска стока за која не ни знаат дали е сигурна и да имаат каква- таква заштеда на страна.

Немој да паѓаш толку ниско да не споредуваш со некои земји кои се разорени или во африка дури и со некои африкански и јужно американски земји не можеме да се споредуваме.

Само не знам како само ТИ гледаш богати а не ги гледаш сиромашните околу тебе е се поголемиот број на просјаци, затворени кафичи, цел ГТЦ е пред затворање .
Навистина ме чуди :)
Нереални цели?????!!!
Од кога барање за пристоен живот и без корумпирани политичари стана нереални цели?
Беден изговор за да остане статус кво сегашна ситуација и нереагирање на неправдите. Исто како да речеш остави ги олигарсите да не ограбуваат и експлатираат, ние бараме премногу види како е по останатите земји .
“All that's necessary for the forces of evil to win in the world is for enough good men to do nothing.”-Edmund Burke
Решение : Револуција на начинот на мислење и гледање на работите се друго почнува од тоа .
 
Ова е иронија?
Сериозен ли си?


шо е оронија???
чиста реалност е !!!
сите се жалат а сите имат, секако дека постојат такви шо се мачат за леб ама не се многу
 
Сите се жалат бидејќи човечкото око е незаситно,без разлика дали имаат или не, кај нас некој таму 10% живеат живот а другото само се крпи.

Феникс абе новиве коли се на кредит и не се ништо чудно,ниту пак за фалење.(башка види кои класи се)
+знаеш кои ги купуваат:)

ја ретко да приметам семејство каде работат и маж и жена и така мажот купил кола па имаат викендичка и одат за викенд раат да се истресат.

Еве живеј ти во франција ил англија или ај германија цивилизиран си и работоспособен па можеш да заработиш некои 1500 евра и ем да поминеш месец и да заштедиш нешто т.е таму е нормално да се возат ауди,мерцедеси,мустанг кадилак...ама стандардот е во прашање:)

Инаку ако си во германија и дилаш дрога тогаш си нецивилизиран,неспособен за работа и ретардиран.
 
ја ретко да приметам семејство каде работат и маж и жена и така мажот купил кола па имаат викендичка и одат за викенд раат да се истресат.
ова со работењето го имаше во т.н. социјализам, но немаше стан, викендица, кола...имаше фичо до стоеден, имаше општествен стан за срушена куќа, имаше синдикален одмор во приколки со... имаше такви работи, но немаше викендици, барем за граѓанството за кое збориме со 200-300 евра плата. Пред тој период имаше магариња за превоз, гунче наместо бунда...отсекогаш обичното граѓанство (некогаш подобро, некогаш полошо, никогаш како џермаците или французите -зошто инаку од век имало преселби и печалбарства) живеело скромно, без 4 мобилни, 2 коли, кредит за 200 евра патики...
 
шо е оронија???
чиста реалност е !!!
сите се жалат а сите имат, секако дека постојат такви шо се мачат за леб ама не се многу
Не ми го скокај постот. Имаш детално образложение за таквите ко тебе над твојот пост :)
 
ова со работењето го имаше во т.н. социјализам, но немаше стан, викендица, кола...имаше фичо до стоеден, имаше општествен стан за срушена куќа, имаше синдикален одмор во приколки со... имаше такви работи, но немаше викендици, барем за граѓанството за кое збориме со 200-300 евра плата. Пред тој период имаше магариња за превоз, гунче наместо бунда...отсекогаш обичното граѓанство (некогаш подобро, некогаш полошо, никогаш како џермаците или французите -зошто инаку од век имало преселби и печалбарства) живеело скромно, без 4 мобилни, 2 коли, кредит за 200 евра патики...

Во Тој т.н Социјализам дали институциите функционираа,дали Краш ги почитуваше стандардите а Европа од скопје правеше убај млечни бомбони,како што ми имаат кажувано и во тој т.н социјализам се живеело подобро,народот се хранел подобро(пази колку Анемија имаме нарочито кај женските-па у лебот пардон брашното железо да стават...афрички метод:)) и како што велиш значи од чесна работа се купувала кола а и чат пат и одмор-тоа е точно,така вели и статистиката Ју моделот функционирал се додека не дојдоја наци лобосите.

Е сега пред 30 години мобилен,ѕврц,мрц немало ама серенадите:)

И на крај краеви нашиот БДП е КАТАСТРОФАЛЕН бидеќи ние до денес имаме 40% помалку производство отколку 90-та година,значи СРАМОТА е да се немаме мрднато од место!!!!

Срамота е бидејќи имаме поволна географска положба,имаме ресурси имаме хидропотенцијал предуслови за сточарство,овоштарство...лозарство(кое го уништија делумно),али јбг сега или сме ние како народ ГЛУПИ и некој од власта не Д*ПИ и ние пак песни им пееме или пак јас халуцинирам и тоа горе што го пишува е нереално??
 
Не ми го скокај постот. Имаш детално образложение за таквите ко тебе над твојот пост :)
ти го прочитав не се сеќирај, само мене па не ми е јасно ако ви смета толку многу тие пшолитичари или олигарси зашо не се борите против нив, или што не се кренете против нив, верувај дека ако дојде ептен лошо ситуација тогаш сите ќе се бунат, а вака како шо е кај нас секој си гледа за себе, еден има корист на друг добро му е, нема никогаш никој да се побуни за нешто, а да му сметаше на народот или да беше ептен лошо верувај дека ќе се бунеше народот, зашо никој не трпи
 
Европа од скопје правеше убај млечни бомбони, како што ми имаат кажувано и во тој т.н социјализам се живеело подобро,народот се хранел подобро(пази колку Анемија имаме нарочито кај женските
Европа правеше шеќерни табли наместо чоколади, а народот се хранел подобро оти носел од роднините од село сирење, свињи, грав...сеа свинска глава била мрсна, лукот смрдел, од гравот се прдело, сирењето според испитувањата...бла бла... Сеа јадеме "здрава" храна :)
Него...дури сега приметив, не да нема врска муабетов за викендиците, чоколадите со самоубиствата :pos:

намера ми беше да доловам вековната состојба на народот на овие простори...воглавно скромна живеачка и печалбарство, со што економската состојба како главен причинител излегува дека е вон секоја логика. Со други зборови ради невработеност само луд би се убил, паметен би сработил нешто.
 
шо е оронија???
чиста реалност е !!!
сите се жалат а сите имат, секако дека постојат такви шо се мачат за леб ама не се многу

Стварно бе,низ контејнери кога гледаш да пребаруваат никогаш гужва нема...двајца без тројца се...:tapp:

Европа правеше шеќерни табли наместо чоколади, а народот се хранел подобро оти носел од роднините од село сирење, свињи, грав...сеа свинска глава била мрсна, лукот смрдел, од гравот се прдело, сирењето според испитувањата...бла бла... Сеа јадеме "здрава" храна :)
Него...дури сега приметив, не да нема врска муабетов за викендиците, чоколадите со самоубиствата :pos:

намера ми беше да доловам вековната состојба на народот на овие простори...воглавно скромна живеачка и печалбарство, со што економската состојба како главен причинител излегува дека е вон секоја логика. Со други зборови ради невработеност само луд би се убил, паметен би сработил нешто.

Периодот на Југославија...разликата е во најмалиот социјален притисок кој рајата овдешна го имала во последниве...1000+ години.
А социјалниот притисок е најголема причина за суицид.
Немаштијата сама по себе не е.
Но сликата која ја продава системот е.
Затоа има многу повеќе самоубиства во Јапонија,бидејќи некои не ја достигнуваат зацртаната лоботомирачка слика,модел кој општеството го наметнува како исправен,комбинирано со некои психолошки предизпоции добиваш суицид.
Иако не е само тоа има и многу други фактори,тие се основните.
Така е насекаде само што има разни форми,зависно од стандардите на живеење и традициите.
 
А социјалниот притисок е најголема причина за суицид.
ТоУУ катер :) гледам луѓе по 2-3 семејства во една екс-барака ама не се самоубиле сеуште. Причините според институциите се психички растројства, нестабилност, терминални болести, семејни проблеми...

1. Ментални заболувања 22,72%
2. Соматски заболувања 9,61%
3. Семејни проблеми 16,61%
4. Несреќна љубов, несакана бременост 4,41%
5. Осаменост,отфрленост 4,49%
6. Материјални проблеми 3,79%
7. Неуспех во бизнис 3, 30%
8. Старост и немоќ 5,08%
9. Навредена чест 1, 91%
10. Страв од казна 0,99%
11. Непознато 27, 58%
Дури и материјалните проблеми да се соберат со класа непознато, се добива 31 кома нешто.

Зш и самите психијатри велат дека стапката е обратнопропорционална на сиромаштијата. Колку има во Хаити, колку во Норвешка

Парадоксот е во тоа што транзицијата, кај и да е, ќе мине......, дотолку што еден од малобројните факти што се познати за суицидот е тоа дека тоа е болест, пред се', на оние побогатите општества.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom