Aлбански учебник: половина Македонија е албанска!?

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
На насловната страна од овој учебник насликана е мапа која вклучува половина од територијата на Р. Македонија.

Клик за поголема слика



Во „Географија на Албанија“, која се изучува во трета година средно образование, учениците учат не само за сегашните граници на Албанија, но и за регионите, коишто “неправедно“ се изоставени од границите на албанската држава при кроењето на границите во 1913 година, наречени “Treva Shqiptare“ и прикажани на насловната страница во склоп на мапата на Албанија.


Тие ги вклучуваат трите региони од Црна Гора , целото Косово и уште три други региони на Србија, поголемиот дел од Р.Македонија и осум региони на Грција.

Од овој учебник учат македонските и грчките деца во Албанија.

Во посебна глава, насловена како "Албанските области во Грција“ на страна 198, во предговорот, насловен "Состав и местоположба на албанските области", се вели: Тие се албански области неправедно дадени на грчката држава во 1913 година. Историскиот развиток, насилните масовни движења на домородното албанско население и недостатокот од официјални податоци, го усложнува одредувањето на албанските области во Грција, а посебно влијае на социјалните и економските проблеми на овие области. Овие области се расположени во северозападниот дел на Грција, јужните региони на Република Македонија и на југ од албанската држава до заливот Арта во јужен Епир и се состојат од областите, Чамурија, Лерин, Костур, Гревена, Коница итн.“

За да биде поубедлива оваа албанска пропаганда, под насловот "Население и економија“, тие се повикуваат на наводни археолошки “откритија“ и разни историски документи, според кои “ овие области биле населени од страна на древните албанско-илирски племиња.“

Како да го објасниме премолчувањето на македонските власти и во овој случај?

Бидејќи ова не е единствен пример, тука мора да го споменеме случајот со скандалозниот учебник по историја за осмо одделение издаден од „Просветно Дело“ од авторите Владо Велковски, Хаљид Сејди, Аријан Аљадеми, Димка Ристеска и Ѓорѓи Павловски, во кој за Македонците од западна Македонија се користи само терминот „Словени“ и се прикажани како етничко малцинство, кој предизвика остри реакции во 2005-та година за време на владата на Бучковски.

Потоа и текстот во албанскиот месечник за геополитика „Kuvendi“, издаден за мај/јуни 2007 во Тирана, кој се однесуваше на наводното албанско востание во 1912 година и ослободувањето на Скопје, и во кој недвосмислено се омаловажуваше македонскиот народ, му се оспоруваше територијалниот интегритет и притоа навредливо опишувајќи го како “вештачка колонијална словенско-македонска“ држава.

Во меѓувреме, парадоксално сме сведоци на агресивните барања од Здружението на издавачи Албанци кои реагираа на “навредливите“ содржини на македонскиот учебник по Географија и бараа комплетна ревизија на сите македонски учебници.
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.099
Поени од реакции
174
Glupa Albanska propaganda. Najsmesnoto nesto sto go imam slusnato e deka Crnogorcite bile Ghegi :pos2:
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
ча се отруја... него зафркните од утре јас ќе пишувам книга по историја, што има врска што немам појма. основното го знам па сега останатото ќе го исфилувам некакко
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Можат да напишат во учебникот дека и пола Америка е нивна но реалноста е друга. Пропаганда. Имало и ке има.
Иначе, сите народи, сите земји на овој балканот имаат некакви свои соништа за големи држави. Идеите за ГОЛЕМИ држави се како вирус по балканов.


 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
^^
незнам зошто го релавитизираш ова ...
Да, постои пропаганда насекаде .. и повеќе држави имаат свои „големи“ аспирации ...
меѓутоа испушташ една битна разлика ... Ова погоре во воведниот пост го Учат НА Училиште!

патем Извор
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Сите си имаме големи држави, сите си имаме желби, не знам што ви е чудно за Албанците и за голема Албанија, сон му е на секој Албанец исто како што нас ни е голема Македонија.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Образовниот систем да споредиш со идеи за големи државо кои по интернет се шират се две сосема различни работи.
Голема Албанија се повеќе станува државна политика на Р.Албанија и на сите Албанци.
Времето ќе покаже дека таа идеја ќе донесе нови крвопролевања на Балканот.
Таа идеја е во завршна фаза.
 

saman

Раскажувачот
Член од
1 август 2009
Мислења
367
Поени од реакции
91
Пропагандите се дело од политиката како внатрешна така и надворешна се си има своја тежина,ова богами има голема тежина е за внатрешни употреби како и за Косово и Македонија, да бидат секогаш будни усвитените националистички глави и секако придобивање на нови. Целта е да се поттикне омразата меѓу Македонците и Албанците. Проблемот е зошто Меѓународната заедница не каже 2-3 збора ? Кај нас кажува и прераскажува. Кога се во прашање нашите соседи молчи буквало за се ,или ќе донесе некоја пресуда која не е обврзувачка. Како би било кога во нашите учебници на насловна да стои Голема Македонија ?
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.094
Поени од реакции
9.402
Како би било кога во нашите учебници на насловна да стои Голема Македонија ?
Санкции, бомбардирање па инвазија. Горе доле по тој редослед.

Али јебига секаде има будали па така и кај западните соседи.
Али тек да видиш обичните будали (не официјални) колку забегуваат:

Атлантида бра, Атлантида ееееејјјјј..................... Овие бетер од она Македоноиди..........................

http://www.facebook.com/group.php?gid=2229125738#!/group.php?gid=2229125738&v=info
Things you did'nt know about Albania:

* Albanians was once the qonquerors of europe.

* Jesus (as we know him as) was actually born and raised in Albania. His real name is Jesush Kristici.

* The first airplane was made in Albania by albanians.

* Atlantis actually means Albania in old albanian language.

* Albanians are related with the ancient Egypt. Thats why the pyramids exist in Egypt, the albanians made it.

* Walt Disneys father was albanian.

* Julius Cesar was edugated in the best school in the world, an albanian school.

* The moovie godfather was acutally an albanian mafia story.

* Albert Einstein was married to a beautiful albanian wife. Their kids are now proud albanians.

* Illuminati is actually a secret group of albanians that currently control the world as we know it.

* Al Pacino is actually an albanian, hence the name Al (-banian).

* Jessica Alba is albanian. No wonder she is so hot.

Се зезам, се зезам. Будали има секаде како што кажав.

Шала на страна ова пред се треба нашите таканаречени власти да реагираат, со протесна нота за почеток. Нема што да им се лутиме на албанските издавачи, тоа си е нивна желба и надеж.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Јас би ве замолил да не релативизирате и разводнувате темата со вишфул тинкинг.

Целта на сите дејанија инструирани против македонските интереси е еднозначна на сите полиња и од сите страни, синхронизирано поткопување на сите можни сегменти.

Да напоменам, додека ние се залажуваме со деструктивниот за нас космополитизам, другата страна си ги турка интересите токму на овој начин:

Бараме повлекување и ревидирање на сите учебници, особено на учебникот по предметот Географија, во која се откри дека има сериозни навредувања за Албанците. Треба да се формира посебна комисија каде би биле вклучени надлежни лица од институциите за култура, образование и воспитување. Се надеваме дека грешките и навредувањата на Алабнците ќе влијаат најпрвин кај албанските политичари“, рече Мухамед Муртезани, претседател на Здружението на издавачи Албанци.

http://alsat.mk/vesti/zemja/1157984.html

затоа се потребни вакви конкретни аргументи против измишљотините и лицемерието сервирано од нашите клати-врата земи-плата сограѓани и нивните матични генератори на пропагандата, на државно ниво.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
bojanbt и Брокер, идите фотокопирајте се!

Споредбите ви се имбецилни, мешате баби и жаби на штета на својот* народ.

* или можеби не на својот???
 
S

smart ass

Гостин
Сите си имаме големи држави, сите си имаме желби, не знам што ви е чудно за Албанците и за голема Албанија, сон му е на секој Албанец исто како што нас ни е голема Македонија.
Чекај малце ги заборави балканските војни па распарчувањето и егзодусот од Грција во егејскиот дел-кога ќе видиш ние не бараме никаква голема македонија туку таква каква што била во своите етнички граници мада тоа нема да се исполни али само да напоменам...ние не крекаме како овие за нешто Туѓо.
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Чекај малце ги заборави балканските војни па распарчувањето и егзодусот од Грција во егејскиот дел-кога ќе видиш ние не бараме никаква голема македонија туку таква каква што била во своите етнички граници мада тоа нема да се исполни али само да напоменам...ние не крекаме како овие за нешто Туѓо.
Абе така си е тоа, политиката не уништи и се уште стојам до ставот дека ние се уништивме самите повеќе отколку политиката, сите наши пробугарски, прогрчки, и просрпски ставови ни го донесоа ова. Кога ќе видиш Албанциве се супер не сакаат многу и не си фантазираат за многу, кога ќе видеш Бугарија со Санстефанскиот договор имаа уште поголеми фантазии. Ама сега што било било колку имаме толку барем не мора да ги лажиме поколенијата. Во секој случај оваа не смее така да помини. Во Албанија нека учат што сакаат овде треба да ја учат историјата која ја учиме и ние.

--- надополнето ---




Еве уште една Балканска Фантазија. Министерот за надворешни работи во Бугарија ја има оваа карта ставено во канцеларијата, после толку години желбата на сите балкански држави останува иста.
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Албанциве шикнаа :uvo:
Ова излезе како тоа српското ’’Где год има србе, све је српско’’.
Гледам некои дрва тука спомнуваат дека македонците имале идеализам за ГОЛЕМА МАКЕДОНИЈА... Што има лошо ако си го бараш своето назад?
Македонија била многу поголема, но доволно е да ни ги вратат егејот и пиринот...

Да се вратам кај албанците, мислам дека претеруваат веќе, бараат разни права, глупости и го злоупотребувааат тоа... И штом ке има нешто право се жалат во мегународни комисии. Се понашат ко разгалени детишта, кршат споменици, цркви, манастири... На оние коишто сакаат да им ги купат куќите им прават нереди, со цел да им ја откупат куќата побрзо... Мислам дека оние коишто ја шират идеализацијата треба да кркат 138 mm олово...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom