- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.587
На насловната страна од овој учебник насликана е мапа која вклучува половина од територијата на Р. Македонија.
Клик за поголема слика
Во „Географија на Албанија“, која се изучува во трета година средно образование, учениците учат не само за сегашните граници на Албанија, но и за регионите, коишто “неправедно“ се изоставени од границите на албанската држава при кроењето на границите во 1913 година, наречени “Treva Shqiptare“ и прикажани на насловната страница во склоп на мапата на Албанија.
Тие ги вклучуваат трите региони од Црна Гора , целото Косово и уште три други региони на Србија, поголемиот дел од Р.Македонија и осум региони на Грција.
Од овој учебник учат македонските и грчките деца во Албанија.
Во посебна глава, насловена како "Албанските области во Грција“ на страна 198, во предговорот, насловен "Состав и местоположба на албанските области", се вели: Тие се албански области неправедно дадени на грчката држава во 1913 година. Историскиот развиток, насилните масовни движења на домородното албанско население и недостатокот од официјални податоци, го усложнува одредувањето на албанските области во Грција, а посебно влијае на социјалните и економските проблеми на овие области. Овие области се расположени во северозападниот дел на Грција, јужните региони на Република Македонија и на југ од албанската држава до заливот Арта во јужен Епир и се состојат од областите, Чамурија, Лерин, Костур, Гревена, Коница итн.“
За да биде поубедлива оваа албанска пропаганда, под насловот "Население и економија“, тие се повикуваат на наводни археолошки “откритија“ и разни историски документи, според кои “ овие области биле населени од страна на древните албанско-илирски племиња.“
Како да го објасниме премолчувањето на македонските власти и во овој случај?
Бидејќи ова не е единствен пример, тука мора да го споменеме случајот со скандалозниот учебник по историја за осмо одделение издаден од „Просветно Дело“ од авторите Владо Велковски, Хаљид Сејди, Аријан Аљадеми, Димка Ристеска и Ѓорѓи Павловски, во кој за Македонците од западна Македонија се користи само терминот „Словени“ и се прикажани како етничко малцинство, кој предизвика остри реакции во 2005-та година за време на владата на Бучковски.
Потоа и текстот во албанскиот месечник за геополитика „Kuvendi“, издаден за мај/јуни 2007 во Тирана, кој се однесуваше на наводното албанско востание во 1912 година и ослободувањето на Скопје, и во кој недвосмислено се омаловажуваше македонскиот народ, му се оспоруваше територијалниот интегритет и притоа навредливо опишувајќи го како “вештачка колонијална словенско-македонска“ држава.
Во меѓувреме, парадоксално сме сведоци на агресивните барања од Здружението на издавачи Албанци кои реагираа на “навредливите“ содржини на македонскиот учебник по Географија и бараа комплетна ревизија на сите македонски учебници.