Кунг-Фу vs Аикидо vs Таеквондо vs Кик-бокс vs Karate

М

Мартин`

Гостин
Слушнал некој за JKD(Jeet kune do) или поново кажано ММА?Не тресете само зелени на форумов туку читнете нешто...
Еве објасни ти де ако си запознаен повеќе, ете мене ме интересира. Ако можеш пишувај :)
 
С

Спенсер

накратно... од повеќе техники,ги зема ударите кои тебе највеќе ти одговараат (спој на техники)... дечкото ке ти објасни повеќе...
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Уште ли такви муабети која вештина е најдобра, веќе ми прекурче се исти муабети да слушам со години :angry3:.

Колку конституции толку вештини, затоа што секој мајстор малку си ја модифоцирал и си ја прилагодил за негов стил на борба и никаде не важи поговорката така добро како овде дека храната за ковачот би го убила кројачот.

Вештина се бира меѓу другото и по афинитети и конституција па така за еден масивен и набиен тип со широки коски карате многу повеќе ќе одговара отколку за некој со витка става и потенки коски. За некој брз и виток кинески бокс од меките системи повеќе ќе одговара отколку тврд систем каде ќе мора да се бори со „волови“ 3 пати појаки од него.

У краен случај ниеден систем не е добар ако ученикот е лош, нема талент и не работи редовно. У таков случај без разлика од која вештина, тој што е поспремен, повеќе тренирал, поинтелигентен е и има повеќе кондиција ќе победи.

И да напомнам, ништо тоа не вреди во улична борба со физички појак и трениран ако ги немаш истренирано прстите и шаките за кршење или пробивање. Тогаш каква вештина да си ако тој е добро спремен со го наебал и подобро бегај.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Еве објасни ти де ако си запознаен повеќе, ете мене ме интересира. Ако можеш пишувај :)
Ако разбираш добро англиски изгледај ги клиповиве..документарна емисија од Брус Ли за Џит Кун До,верувај ќе ти станат многу работи јасни околу боречките вештини,стилот на борба и како се применуваат заедно.Ако не ти оди толку англиски..ќе пробам да ти преведам нешто од нет..

Part 1 - Jeet Kune Do

Part 2 - Jeet Kune Do

Part 3 - Jeet Kune do

Part 4 - Jeet Kune Do

Part 5 - Jeet Kune Do

Part 6 - Jeet Kune Do

--- надополнето ---

Вештина се бира меѓу другото и по афинитети и конституција па така за еден масивен и набиен тип со широки коски карате многу повеќе ќе одговара отколку за некој со витка става и потенки коски. За некој брз и виток кинески бокс од меките системи повеќе ќе одговара отколку тврд систем каде ќе мора да се бори со „волови“ 3 пати појаки од него.

У краен случај ниеден систем не е добар ако ученикот е лош, нема талент и не работи редовно. У таков случај без разлика од која вештина, тој што е поспремен, повеќе тренирал, поинтелигентен е и има повеќе кондиција ќе победи.

И да напомнам, ништо тоа не вреди во улична борба со физички појак и трениран ако ги немаш истренирано прстите и шаките за кршење или пробивање. Тогаш каква вештина да си ако тој е добро спремен со го наебал и подобро бегај.

Немој да ме сватиш погрешно,немам ништо против тебе ама тоа погоре нема врска,значи физичката конструкција не игра никаква улога со изборот на боречка вештина(освен ако си сумо борач),боречката вештина се прилагодува кон стилот на борба на индивидуата или поединецот,значи нема врска дали некој е повисок,поразвиен,послаб,понизок.Делот за улична борба,таму нема правила,значи јас слободно можам да користам убод во очи,удар во гениталии,гризење уво,гребење и слично..затоа повеќето боречки вештини се сега спорт,затоа што ако постоеле тие правила борбите немаше да имаат рунди затоа што борбата ќе беше завршена за помалку од една минута..
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824

искрено кажи колку време тренираш Jet Kune Do пошто стварно немаш појма од реалноста или пак никад не си бил во тепачка.. иначе тренираш во The Strongest?:pos2:
 
Немај гајле правилно ќе те сфатам ама тоа за тебе не збори многу позитивно :).

На такво тврдење дека конституцијата не игра никаква улога при избор на вештина можам само да нишам со глава и ништо повеќе :).

Во делот за улична борба е се точно шо кажа ама каква врска има тоа со мојот пост или сакаш на тивок начин меѓу редови да ни докажеш дека Брус Ли во улична борба би ги направил партал двајцата Кличко, Тајсон кога беше шампион, Масутатсу Ојама или Сун Лу Танг (ете и еден Кинез да ти ставам) :). Ако сепак погрешно сум те разбрал слободно игнорирај го овој дел.

Да си читал повеќе литература за борбени вештини би знаел колку траеле некои од легендарните борби а тоа не било една минутка (се збори за саати а понекогаш и денови) посебно кога и двајцата се мајстори. Првите мечови во модерен бокс траеле и по 100 рунди и биле практично со голи раце. Е сеа ако твоето тврдење го базираш на филмчиња од стил на Роки е веќе друга прикаска.

Чек да ја имаш првата улична борба со 30 кила потежок од тебе и добро трениран (запамти го ова) па да видам како ќе си поминеш :).

Битно тренира па сеа шо малку забегал од реалноста ќе му простиме :).
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
искрено кажи колку време тренираш Jet Kune Do пошто стварно немаш појма од реалноста или пак никад не си бил во тепачка.. иначе тренираш во The Strongest?:pos2:
Просветли ме :) Инаку шо има врска колку тренирам?И да тренирам 3дена или 3месеца или 3години не сум квалификуван да коментирам?Читам поназад гледам се фалиш колку долго имаш тренирано повеќе боречки вештини..без навреда ама се прашувам колку од тие си ги сватил и сакал како вештина за да ги смениш повеќето.И муабетот беше за најдобра вештина..и како најглавно ЈКД е повеќе филозофија одколку што е боречка вештина...ќе прочиташ и на нет дека е таа коренот за денешните толку познати ММА(Mixed Martial Arts),и поради тоа неможеш да споредуваш две различни вештини...има да читнеш само кој го интересира,повеќето тренираат колку да научат нешто ново,а кога ќе го изучуваат 1година се откажуваат оти им изгледа здодевно и сакаат нешто ново,а во принцип не ги знаат ни основните работи за вештината која тренираат.

--- надополнето ---

Немај гајле правилно ќе те сфатам ама тоа за тебе не збори многу позитивно :).

На такво тврдење дека конституцијата не игра никаква улога при избор на вештина можам само да нишам со глава и ништо повеќе :).

Во делот за улична борба е се точно шо кажа ама каква врска има тоа со мојот пост или сакаш на тивок начин меѓу редови да ни докажеш дека Брус Ли во улична борба би ги направил партал двајцата Кличко, Тајсон кога беше шампион, Масутатсу Ојама или Сун Лу Танг (ете и еден Кинез да ти ставам) :). Ако сепак погрешно сум те разбрал слободно игнорирај го овој дел.

Да си читал повеќе литература за борбени вештини би знаел колку траеле некои од легендарните борби а тоа не било една минутка (се збори за саати а понекогаш и денови) посебно кога и двајцата се мајстори. Првите мечови во модерен бокс траеле и по 100 рунди и биле практично со голи раце. Е сеа ако твоето тврдење го базираш на филмчиња од стил на Роки е веќе друга прикаска.

Чек да ја имаш првата улична борба со 30 кила потежок од тебе и добро трениран (запамти го ова) па да видам како ќе си поминеш :).

.

Несакам да докажам ништо меѓу редови,и секако филмовите со Брус Ли се само филмови,кога на улица е друга работа како што кажа и самиот...значи јас не реков дека на улица ќе истепаш ти сам 3ца или 4ца...значи таму нема правила тоа сакам да ти кажам..ти ако сакаш биди и Б.Ли јас ако имам пиштол џабе ти е..мислам дека сваќаш шо сакам да ти кажам...а ако избираш вештина според конструкција како ти шо викаш,знаеш и самиот за тоа има категории во тежина така да не би се паднал некој понизок и полесен против некој потежок..и таму се паѓа во вода.
 
Мило ми е дека ја враќаме дискусијата на пореално ниво, така може да се дискутира.

Сепак кога нешто тврдиш треба да си конзистентен до крај. Кога велам конституцијата е и те како битна за избор на вештина (како и талентот пошто треба вештината да ти „лежи“) мислам пред се на борбениот аспект на истата.

Јас никаде не спомнав борба во ринг со правила каде имаш категории пошто тука веќе завлегуваме во спортскиот аспект на една вештина нешто што мене лично не ме интересира и за што воопшто не правев муабет.

За улична реална борба пак ќе остане тој што е физички појак, поинтелигентен и потренирам тепа у секој случај без разлика од која вештина да е.

Впрочем тоа и ни беше муабетот дали има најдобра вештина и јас пак тврдам дека нема таква туку секој според свои афинитети ќе си одбере најдобра за него.
 
Ок,значи јас се извнувам изгледа јас погрешно сум те сватил во првиот пост,сакав да ти го кажам истото тоа ти сега самиот шо го напиша за уличната борба/ситуација,дека се зависи до индивидуата не до боречката вештината,а делот за која вештина одговара за која конструкција сепак мислам дека кој сака може да ја научи секоја вештина независно од големината,секако,секоја конструкција има свои и добри и лоши страни независно од реална борба или натпревар.
 
Ок, битно се разбравме :).

Се согласувам со напишаното а посебно со тврдењето дека секоја конституција има свои добри и лоши страни и баш тоа и сакав да го потенцирам претходно, дека при избор на вештина кога ќе земеш таква каде добрите страни на твојата конституција се доминатни ќе имаш повеќе успех отколку ако тренираш таква каде лошите би дошле максимум до израз.

Верувам сум јасен што сакав да кажам :wink:.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Доволно јасно,мило ми е што се сложуваме:)
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Слушнал некој за JKD(Jeet kune do) или поново кажано ММА?Не тресете само зелени на форумов туку читнете нешто...
Кажи што сакаш на ова да ти одговорам? Кога доаѓа збор за вештини сите некако се прават паметни,а кога ке дојде моментот да се докажат е тука ги нема..Не дека имам нешто против тебе али неможеш да викаш не тресете зелени кога не ги читаш целите постови.. Јас тренирам ММА моментално и знам што е JKD пошто сум тренирал.Мене највеќе ми одговара ова како вештина а не викам дека останатите не се добри.Слушам совет од човек кој знае,кој пробал и го користи.А не од човек што има учено дека Тој и Тој го правел тоа.. Мислам дека ме сваќаш

--- надополнето ---

Можете да ги споредувате борците,но не и боречките вештини...

Се зависи од подготвеност и слично...

Ја тренирам таи бокс (Мау таи) и не би менувал... аикидово некако нежно ми е и сл... малце можеби е брутално ова и кик боксот,но тоа е тоа :)
па фала богу али кој да ја свати работава :)
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Можете да ги споредувате борците,но не и боречките вештини...

Се зависи од подготвеност и слично...

Ја тренирам таи бокс (Мау таи) и не би менувал... аикидово некако нежно ми е и сл... малце можеби е брутално ова и кик боксот,но тоа е тоа :)
За Аикидото од искуство збориш си тренирал ? Да разјасниме нешто немам против таи боксот ништо ,баш напротив ми се допаѓа.

Аикидото ви/ти изгледа нежно бидејќи има доста сложени движења ,цело време треба да бидеш исправен ,да бидеш влице влице со противникот и сите техники требаат да изгледаат како "танц" да бидеш усогласен и во хармонија со противникот. И секако овие целосни техники кој што се изведуваат школски на тренинг ,на полагање ,мали се шансите да ги примениш баш такви во реална борба. Бидејќи во аикидото гледаме БОРБА и двајцата знаат да се борат , и двајцата имаат улога ,и двајцата се борат ,а не едниот стои и овој му прави магии.

Доколку се најдеш во ситуација каде што мора да се бориш аикидото ќе ти помогне премногу (ако имаш тренирано од 3+ години отприлика) ,сум се нашол во ситуација и сум го применил ,ај да не изгледа дека се фалам зошто мразам кога некој се фали во врска за боречките вештини. И мислам дека техниките кој што вклучуваат виткање на зглобот на противникот се бајаги опасни ,можеш лигамент ,коска да му сломиш за миг и.т.н.

Ако сакаш да видиш вистинско аикидо и неговата суштина посети го ,,Хенбо'' или Fudoshin .
 
Не се фалиш и мене многу зафати ми се имаат најдено во корист посебно кога имам борење ..Јас тренирав реално аикидо 3 ипол години и не се каам што почнав со аикидо а продолжив со друго.. Ама сепак мислам реалното е подобро од традиционалното.. Пошто се разликуваат некои техники..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom