Извини ако те навредив, го пишувам тоа што го гледам, а досега не сум видела таков вандализам од македонска страна. Се знае кај бит пазар ќе се качат и почнуваат со дерење, плукање, рокање музика, мавање по автобусот. Дали ти ова го нарекуваш култура и цивилизираност?
Извинато ти е, бидејќи воопшто не ме вреѓаат такви ниски мислења полни со предрасуди ,во стил да се подигнува нивото на култура кај едно општество , со цел останатите општества да се понижуват, јас мислам дека не е фер тоа.
Не мисли дека ги бранам немам никаков корист и најмалку ми е гајле што ќе мисли некој за Албанците туку проблемот е дека и двете страни губиме , јас сум против тоа што се прави низ јавниот превоз, исто и мене ми смета тоа што се дерат, пцујат, плукат, мават по автобусот, и пуштат музика.
Вашето мислење колку е нереално толку е и опасно, бидејќи ќе прочита некој од надвор од нашиот град, и одма ќе креира лошо мислење за сите Албанци, ова пропаганда не чини, тоа што вие не сте во состојба да го видите се основа во 4 работи :
Или не сакате да признавате дека проблемот е во двете страни,
Или патувате секој ден во една релација Куќа-Посо (да те подсетам на песната од Екрем Ј.)
Или сте под лошо влијаније на модерната дрога (телевизиската пропаганда )
Или не саката да го признавате моето мислење, зошто сум Албанец( а очигледно е дека никогаш не сте имале чест да се дружите со Албанец)
Се додека ние нема да ја промениме нашата состојба, не очекувајте некој друг да влезе во средина, ова е рационален проблем и бара рационално решење .
Мојот став кон ова проблематика е сите да се грижиме да ја поправиме состобјата најпрвин самите себе да се поправиме после , ако има потреба и да го подигнеме гласот спрема полицијата и лицата кој (не)се грижат за безбедноста на граѓаните, и секако од министерството за образованије да држат предавања и едукативни активности што е доста профитабилно , се едуцират генерациии.
Што значи заедничко да гледаме на работите!
Поздрав