20 мисли кажани за религијата од атеисти:
Во светот има многу култури и многу религии и често се случува некој да ја смета својата религија за посупериорна од другата, или попросто кажано, има доста луѓе кои што се длабоко убедени дека тие се во право, при што нивните аргументи главно лежат врз предрасуди. Покрај религиозните, има и такви кои што не веруваат во никакви натприродни сили. Многу од атеистите се доста интелегентни луѓе и нивните мисли се често доста „боцкави“ и провокативни, и често не наведуваат на подлабоко размислување.
20. Човек е прифатен во црква за тоа што го верува, и е одбиен за тоа што го знае. (Марк Твен)
19. Филозофијата претставува прашања кои што можеби никогаш нема да бидат одговорени. Религијата претставува одговори кои што никогаш не треба да бидат доведени под знак прашање. (Анонимен)
18. Со или без религија ќе имате добри луѓе кои што вршат добри дела и зли луѓе кои што чинат злодела. Но за добрите луѓе да прават лоши нешта, за тоа ви треба религија. (Стивен Вајнберг)
17. Штом црквата и Библијата очигледно грешат во своите објаснувања за тоа од каде доаѓаме, тогаш како можеме да им веруваме за тоа каде одиме? (Анонимен)
16. Невидливото и непостоечкото си личат. (Делос Б. Меккон)
15. Две раце во работа можат да сторат многу повеќе од илјада раце склопени во молитва. (Анонимен)
14. Слепата верба е ироничен подарок за возврат на Создателот на човечката интелегенција (Анонимен)
13. Тоа што може да биде прифатено без доказ може и да биде побиено без доказ. (Кристофер Хичинс)
12. Мислам дека и двајцата сме атеисти. Јас само верувам во еден бог помалку од тебе. Кога ќе разбереш зошто ги негираш другите можни богови, тогаш ќе разбереш и зошто јас го негирам твојот. (Стивен Робертс)
11. Не ме мачат нештата во Библијата кои што не ги разбирам, туку тие кои што ги разбирам (Марк Твен)
10. Атеизмот е непрофитна организација (Џорџ Карлин)
9. Апсолутната вера не расипува исто како и апсолутната моќ, но апсолутната моќ единствено се расипува во рацете на апсолутно верните. (Анонимен)
8. Боговите се ранливи нешта: тие можат да бидат уништени со малку наука или доза на здрав разум. (Чепмен Коен)
7. Кога еден човек страда од привидувања, тоа се нарекува лудило. Кога многу луѓе страдаат од привидувања, тоа се нарекува религија. (Роберт Пирсиг)
6. Животните немаат богови, премногу се умни за такво нешто. (Рони Сноу)
5. Повеќето религии ја пророкуваат пропаста на светот и упорно работат на тоа нивните пророштва навистина да се случат. (Анонимен)
4. Религиите се како пилули кои што треба да се проголтаат без да се џвакаат. (Анонимен)
3. Да не бев атеист, ќе верував во Бог кој што одбира да ги спасува луѓето врз основа на нивните дела, а не врз основа на нивните зборови. Мислам дека тој повеќе би ценел искрен и праведен атеист од некој проповедник чиј што секој втор збор е Бог, Бог, Бог а секое второ дело е измама, измама, измама. (Исак Асимов)
2. Религијата од обичните луѓе се смета за вистинита, од мудрите за лажна, а од владетелите за полезна. (Сенека Помладиот)
1. Дали Бог сака да го спречи злото, ама не може? Тогаш не е семоќен. Дали може, ама не сака? Тогаш е зловолен. Дали може и сака? Тогаш од каде сето зло? Дали ем не може, ем не сака? Тогаш зошто се нарекува Бог? (Епикур)
http://www.motika.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=21021&Itemid=15
И сите до една се сосем точни.