До кога вака?

Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Sakas da kazes deka site sme Bogovi so prethodnata izjava? Ako e toa slucajot, ne si se doizjasnil.

I ja se slagam deka se ima divine spark....a koe e toa "nadvor od ova" sto nema nisto?
Па нема ништо надвор од Бог или надвор од овој свет.
Проблемот е што има повеќе димензии на постоење, а тоа не ограничува да разбереме малку повеќе за постоењето овде у 3Д(4Д) па и натака.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
11
Поени од реакции
0
Ако читаш внимателно ќе видиш дека постоеле две дрва а не едно. у 1 мојсиева 2:9 пишува - ``И направи господ бог да израснат од земјата секакви дрвја ,убави за гледање и добри за јадење, И ДРВОТО НА ЖИВОТОТ СРЕДЕ РАЈОТ И ДРВОТО ЗА ПОЗНАВАЊЕТО НА ДОБРОТО И ЗЛОТО.``
Спрема 1 мојсиева 2:17 бог им забранил да јадат САМО од дрвото на спознанието на доброто и злото. им рекол дека ако јадат ќе умрат. со таа заповед бог им дал можност да покажат дека го прифаќаат како владетел. а самото дрво претсталувало дека само бог има право да одредува што е добро а што лошо.
а тоа што го вика бог во 1 мојсиева 3:22 ``ете адам стана како еден од нас, знаејќи што е добро а што зло, но сега да не ја испружи раката своја и да земе од ДРВОТО НА ЖИВОТОТ и да вкуси па да заживее вечно.....``
Дрвото на животот не им било забрането, всушност од него живееле вечно. поради тоа што не го послушале бог многу е логично да се свати дека тој ги истерал од градината. Бог никаде не лаже.
 
Дрвото на животот ?
Star fire ?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Поентата која е тука изнесена е дека Адам и Ева се казнети поради наводна грешка која ја направиле (Ја одкриле лагата која им ја кажал бог), а биле создадени без сознание за добро и зло! Е сега, зошто им ускратил да знаат правилно од погрешно а после ги казнува затоа што погрешиле? И зошто некој кој е наводно праведен и добар, би создавал некого без сознание за добро и зло?
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
948
Сеуште никој не ми одговори на прашањето конкретно.

КАКО ЈА СОЗДАЛ ДНК КАЈ ЧОВЕКОТ?!?!?! ТОА НЕ МИ Е ЈАСНО!!! КАКО ГО СОЗДАЛ? КАКО??
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
11
Поени од реакции
0
Не знам врз кој основа тврдиш дека биле создадени без сознание за добро и зло. извештајот покажува дека не биле оставени да трагаат без никаква цел или упатства во врска со божјата воља. бог му дал на човечкиот род корисни упатство спрема 1 мојсиева 1:28 рекол - `` плодете се, и множете се, и наполнетеја земјата, и господарете над неа и овладајте ги рибите морски и ѕверовите и птиците......``
Според тоа Адам Ева имале смисловна цел во животот. требало да се грижат за земјината екологија и земјата да ја обезбедат со одговорно население. освен тоа тие би имале трајна иднина за исполнување на таа смисла. Нивниот изглед да не умираат е во согласност со фактот дека човекот има капацитет на мозокот кој далеку го надминува она што може во потполност да го употреби во животен век од 70 - 100 години. Мозокот бил наменет да се користи до недогледно време.
Ако гре вот на Адам и Ева бил божја воља или план на бог, зошто тогаш адам бил истеран од градината како грешник?
евети пример ако ја би напраел нешто што ти сакаш да направам, дали би ме осудувал поради тоа?
 
Како незнаеш врз која основа? Дали се вели во библијата дека им се отвориле очите и почуствувале срам (реакција одкако ќе направиме нешто погрешно) ОДКАКО посегнале по дрвото на спознавање на доброто и злото!? Што значи дека пред тоа ја немале таа особина! Стварно неможам да ве разберам како со сила се правите мутави!
Ако гре вот на Адам и Ева бил божја воља или план на бог, зошто тогаш адам бил истеран од градината како грешник?
Епа и јас тоа те прашувам!
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Сеуште никој не ми одговори на прашањето конкретно.

КАКО ЈА СОЗДАЛ ДНК КАЈ ЧОВЕКОТ?!?!?! ТОА НЕ МИ Е ЈАСНО!!! КАКО ГО СОЗДАЛ? КАКО??
Ти во тоа не треба да навлегуваш. Во библијата си пишува се што треба да знае еден човек и толку. Зошто поставуваш вакви смешни прашања?
Научните книги добиени според истражувања се навреда за библијата, тежок грев.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Не знам врз кој основа тврдиш дека биле создадени без сознание за добро и зло. извештајот покажува дека не биле оставени да трагаат без никаква цел или упатства во врска со божјата воља. бог му дал на човечкиот род корисни упатство спрема 1 мојсиева 1:28 рекол - `` плодете се, и множете се, и наполнетеја земјата, и господарете над неа и овладајте ги рибите морски и ѕверовите и птиците......``
Според тоа Адам Ева имале смисловна цел во животот. требало да се грижат за земјината екологија и земјата да ја обезбедат со одговорно население. освен тоа тие би имале трајна иднина за исполнување на таа смисла. Нивниот изглед да не умираат е во согласност со фактот дека човекот има капацитет на мозокот кој далеку го надминува она што може во потполност да го употреби во животен век од 70 - 100 години. Мозокот бил наменет да се користи до недогледно време.
Ако гре вот на Адам и Ева бил божја воља или план на бог, зошто тогаш адам бил истеран од градината како грешник?
евети пример ако ја би напраел нешто што ти сакаш да направам, дали би ме осудувал поради тоа?[/QUOTE]

Хахахахах он би те осудил и тоа без размислување.
Јас не би ни мислел дали да им простам тоа би била твоја работа(одлука).
Проблемот е што креаторот не е Бог.
А човекот е производ на генетски манипулации.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
20 мисли кажани за религијата од атеисти:

Во светот има многу култури и многу религии и често се случува некој да ја смета својата религија за посупериорна од другата, или попросто кажано, има доста луѓе кои што се длабоко убедени дека тие се во право, при што нивните аргументи главно лежат врз предрасуди. Покрај религиозните, има и такви кои што не веруваат во никакви натприродни сили. Многу од атеистите се доста интелегентни луѓе и нивните мисли се често доста „боцкави“ и провокативни, и често не наведуваат на подлабоко размислување.

20. Човек е прифатен во црква за тоа што го верува, и е одбиен за тоа што го знае. (Марк Твен)
19. Филозофијата претставува прашања кои што можеби никогаш нема да бидат одговорени. Религијата претставува одговори кои што никогаш не треба да бидат доведени под знак прашање. (Анонимен)
18. Со или без религија ќе имате добри луѓе кои што вршат добри дела и зли луѓе кои што чинат злодела. Но за добрите луѓе да прават лоши нешта, за тоа ви треба религија. (Стивен Вајнберг)
17. Штом црквата и Библијата очигледно грешат во своите објаснувања за тоа од каде доаѓаме, тогаш како можеме да им веруваме за тоа каде одиме? (Анонимен)
16. Невидливото и непостоечкото си личат. (Делос Б. Меккон)
15. Две раце во работа можат да сторат многу повеќе од илјада раце склопени во молитва. (Анонимен)
14. Слепата верба е ироничен подарок за возврат на Создателот на човечката интелегенција (Анонимен)
13. Тоа што може да биде прифатено без доказ може и да биде побиено без доказ. (Кристофер Хичинс)
12. Мислам дека и двајцата сме атеисти. Јас само верувам во еден бог помалку од тебе. Кога ќе разбереш зошто ги негираш другите можни богови, тогаш ќе разбереш и зошто јас го негирам твојот. (Стивен Робертс)
11. Не ме мачат нештата во Библијата кои што не ги разбирам, туку тие кои што ги разбирам (Марк Твен)
10. Атеизмот е непрофитна организација (Џорџ Карлин)
9. Апсолутната вера не расипува исто како и апсолутната моќ, но апсолутната моќ единствено се расипува во рацете на апсолутно верните. (Анонимен)
8. Боговите се ранливи нешта: тие можат да бидат уништени со малку наука или доза на здрав разум. (Чепмен Коен)
7. Кога еден човек страда од привидувања, тоа се нарекува лудило. Кога многу луѓе страдаат од привидувања, тоа се нарекува религија. (Роберт Пирсиг)
6. Животните немаат богови, премногу се умни за такво нешто. (Рони Сноу)
5. Повеќето религии ја пророкуваат пропаста на светот и упорно работат на тоа нивните пророштва навистина да се случат. (Анонимен)
4. Религиите се како пилули кои што треба да се проголтаат без да се џвакаат. (Анонимен)
3. Да не бев атеист, ќе верував во Бог кој што одбира да ги спасува луѓето врз основа на нивните дела, а не врз основа на нивните зборови. Мислам дека тој повеќе би ценел искрен и праведен атеист од некој проповедник чиј што секој втор збор е Бог, Бог, Бог а секое второ дело е измама, измама, измама. (Исак Асимов)
2. Религијата од обичните луѓе се смета за вистинита, од мудрите за лажна, а од владетелите за полезна. (Сенека Помладиот)
1. Дали Бог сака да го спречи злото, ама не може? Тогаш не е семоќен. Дали може, ама не сака? Тогаш е зловолен. Дали може и сака? Тогаш од каде сето зло? Дали ем не може, ем не сака? Тогаш зошто се нарекува Бог? (Епикур)

http://www.motika.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=21021&Itemid=15

И сите до една се сосем точни.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
11
Поени од реакции
0
Како незнаеш врз која основа? Дали се вели во библијата дека им се отвориле очите и почуствувале срам (реакција одкако ќе направиме нешто погрешно) ОДКАКО посегнале по дрвото на спознавање на доброто и злото!? Што значи дека пред тоа ја немале таа особина! Стварно неможам да ве разберам како со сила се правите мутавти!

точно е дека откако згрешиле почуствувале срам бидејќи нивната грижа на совест проработила и почуствувале чуства кои ги немале никогаш дотогаш.
но тие пред да згрешат имале совршен човечки живот што значи дека го користеле мозокот со полн капацитет и размислувале на многу повозвишен начин.( и затоа не им сметала голотијата ) но откако јаделе од дрвото им било одземено совршенството во согласност со она што го кажал бог ``во оној ден кога ќе каснеш од него сигурно ќе умреш.`` Во божји очи тие умреле. ако се земе во обзир стихот од Лука 3:38 дедека бил совршен адам бил сметан за Божји син, но откако згрешил му била одземена таа привилегија.
а тоа што некој е совршен не значи дека е и безгрешен, совршениот се одликува со совршено тело совршен ум што значи дека никогаш нема да се разболувал или стареел.
а според 1 мојсиева 1:27. Адам бил создаден според божјиот лик. тоа не значи дека бил како него, затоа што бог е дух. тоа значи дека адам бил создаден со истите особини кои ги има бог како што се љубовта, правдата , моќта... и слободната воља. тоа значи дека Адам не бил програмиран робот. Адам можел сам да донесува одлуки и да избира помеѓу доброто и злото. да изберел да го слуша бог ќе живеел вечно во рајот на земјата, а исто и ние како негови потомци.
 
Јас стварно незнам дали се правиш со сила мутав или нависти си мутав! Како можел да избира помеѓу добро и зло, кога немал сознание за добро и зло?! Како го оправдуваш актот на казнување од страна на бог, кога тој самиот ги создал да не распознаваат добро и зло?
Велиш: "адам бил создаден со истите особини кои ги има бог како што се љубовта, правдата , моќта... и слободната воља." А сознанието за добро и зло го изоставаш!
Делот кој вели дека на Адам и Ева им се отвориле очите и почуствувале срам ОДКАКО посегнале по сознанието е јасно како ден, дека пред тоа тие не поседувале такво сознание!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
20 мисли кажани за религијата од атеисти:
Марк Твен не бил атеист. Тој верувал во Бог, но бил против религиозните институции.
Ист е случајот со повеќето атеисти. Тие велат дека не веруваат во Бог затоа што се згрозени од религиозните институции и лицемерните теисти, особено од религиозните водачи.

Јас сум христијанин и се сложувам со повеќето цитати погоре. Како е тоа можно? Можно е доколку се направи дистинција меѓу изворната христијанска вера проповедана од Христос и религиозните и профитабилни институции што се самонарекле "Црква". Не е право заради волците во свештенички одора да се плука името на Христос.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Незнам каква врска има господ со откривање нови технологии... и незнам по кој осноф мислиш дека ако има господ нема да се развиваме а ако нема ке се развиваме.. тоа воопшто нема смисла, еве на пример ти не веруваш во господ и кажи ми што си придонел за човештвото? ... ништо ! така и си мислеф, како и останатите атеисти све гејови и наркомани .... зашто едноставно не побараш господ да ти прости (сигурно ке ти прости) и остај ги тие фрикови атеисти (само види какви фаци низ историјата биле атеисти и сам ке сфатиш дека грешиш).
Лелеееее...

.... се гејови (не се срами бе..напиши... педеришта) и наркомани...:pos2:

Ова веке стана ноторно..... не ни заслужуваш одговор....:baeh:
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Марк Твен не бил атеист. Тој верувал во Бог, но бил против религиозните институции.
Ист е случајот со повеќето атеисти. Тие велат дека не веруваат во Бог затоа што се згрозени од религиозните институции и лицемерните теисти, особено од религиозните водачи.

Јас сум христијанин и се сложувам со повеќето цитати погоре. Како е тоа можно? Можно е доколку се направи дистинција меѓу изворната христијанска вера проповедана од Христос и религиозните и профитабилни институции што се самонарекле "Црква". Не е право заради волците во свештенички одора да се плука името на Христос.
Навистина???
Тогаш како ја сместила оваа мисла овде:

Тоа што може да биде прифатено без доказ може и да биде побиено без доказ. (Кристофер Хичинс)
Што мислиш Чорбаџија за ова мислење?
Или пак ова:

Боговите се ранливи нешта: тие можат да бидат уништени со малку наука или доза на здрав разум. (Чепмен Коен)
Дали се согласуваш со Чепмен и Кристофер?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom