До кога вака?!
Се додека има луѓе кои веруваат во Господ, Исус Христос, нашиот спасител!
Не може да ја замени науката религијата, зарем не сваќаш дека има нешто во нас што се нарекува душа. Не можеш на научен начин да испиташ што всушност е тоа, но знаеш дека е двигалетна сила, предводена од некој друг. Нашето сваќање, размислување го достигнува плафонот, а господовото нема граници, еве ти една проста компарација.
Дефинитивно може да ти се даде титула „Најглупавото поставено прашање“ на форумов. До кога вака?! Ти се молам!
Ако нешто неможеш да докажеш со помош на науката, според тебе значи дека треба буквално да веруваш во глупавите приказни насловени како библија?
Многу пати сум го кажал ова, и пак ќе го повторам: Една работа е да видиш соба со запалено светло и врз основа на тоа да претпоставиш дека во собата има човек, а сосема друго само врз основа на "запаленото светло" да тврдиш дека има човек, дека е 180цм висок, 80 кг тежок, со кратка црна коса, со сини очи, со чевли број 45.....итн, итн, итн!
Вие верувате во следнава безсмислица:
-Бог го создава човекот без сознание за добро и зло!
-Му забранува да го спознае доброто и злото!
-Кога луѓето сепак го одкриваат ги казнува, иако незнаеле што значи погрешно а што исправно!
-Поради тоа што дознал што е добро а што зло, човекот е казнет да страда и со мака да ја обработува земјата и поради овој "грев" сите луѓе кој се раѓаат автоматски се грешни!
-За да ги спаси луѓето од овој "грев", бог се праќа самиот себеси на самоубиствена мисија за да ги спаси луѓето од самиот себеси, на тој начин што ќе го прифатат како единствениот пат и вистина!