Емисијава иде во моментов и гости се Бора Чорба и Слаткар а водител е Џаро превара :pos2:
ЛЕГЕНДАРНИОТ МЕНАЏЕР СТАНУВА ВОДИТЕЛ
"Џаро Плац" со Бора Чорба и Слаткар
Откако организираше пет илјади концерти, и намести стотици фудбалски натпревари, легендарниот менаџер Велибор Џаровски- Џаро станува тв водител. Вечерва на "Канал 5" телевизија, во 22 часот, ќе се емитува првата авторска емисија на Џаро, наречена "Џаро плац". Шоуто на Џаро и неговите гости ќе оди секој втор четврток во живо.
Во првата емиисија, ќе гостуваат српската рок легенда Бора Чорба и македонската хип-хоп ѕвезда Слаткаристика. Џаро со своите гости ќе зборува на тема: пцуењето во песните некогаш и сега. Во текот на другите емисии, Џаро ќе им биде домаќин и на Здравко Чолиќ, Горан Бреговиќ, Калиопи, Есма, Цеца, и уште многу пријатели со кои соработувал.
" Низ неформален муабет со моите гости ќе се сеќаваме на анегдотите од наше време, но нема да ги изоставам ниту младите макеоднски ѕвезди кои за мене се феномени", вели Џаро. Во студиото ќе има и публика, контакт со гледачите преку "фејсбук", и посебна рубрика наречена "спортска обложувалница". За музиката во студиото ќе бидат задолжени "Киензи бенд". (А.Г.)