Дали е време за рехабилитација на Вистинскиот Св. Мухамед ?

Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Spiros... ne tresi gluposti. Zedni ste za vistinata,svesni deka Muhammed a.s e milost i spas no pustiot sejtan okovi na vratot vi stavil ta pocnavte nov muhamed da izmisluvate... Muhammed a.s ne bese rob na nisto sozdadeno,kako sto bese i Isa a.s sozdaden. Muhammed a.s bese rob na SOZDATELOT,taka i negovite sledbenici ne se robovi na nisto sozdadeno,pa ni na Muhammed s.a.w.s,tuku robovi se na SOZDATELOT.

Nam senkata ni e samo pomajka. Nam Allahovite pratenici ni se samo dokaz deka postoi nesto pogolemo od niv. Kako sto senkata ni e dokaz deka postoi sonceto. Ednas ova ti go imav napisano:

Pticata se vozdiga visoko vo vazduh i leta,a i nejzinata senka isto taka na zemjata dolu leta.

Nekoj bolen sakal da ja ulovi ovaa senka na zemjata,mislejki deka e ptica. Se umoril trcajki po nea.

Ne ni mislel deka toa e pticata vo fantazijata,samo senka na pticata sto leta. Ne znael bednikot kade e teloto na onaa senka-pticata.

Ja nategnal srelata i ja frlil na senkata. Prackata koja e frlena od srelata bila prazna,no i mestoto kade sto bila senkata bilo prazno.


Kovcegot za delata od tvojot zivot (zambilj)KE TI BIDE PRAZEN,zatoa sto zivotot ti pominal vo lov na senki !

Senkata Allahova na zemjata na kogo ke mu bide pomajka,ke se spasi od fantazijata i lovenje senki zaludno.

Znaci,ne bidi lovec na senki od divec.Trcajki po senkata,ke ti pobegne vistinskata lovina. Senkata neka ti bide znak deka postoi nesto sto ja pravi taa senka,pa baraj go nego !
Znaj,prijatele.Isus (a.s) i Site Bozji pratenici a.s i site Evlii,se senka na Allahovoto svetlo.

FATI SE ZA NIVNIOT SKUT,bez kolebanje i sumnjicanje,
da najdes spas na ovoj svet od losiot kraj na ovoj svet i spletkarenja.

Zborovite od Qur'anot: "Kako ja pruzi senkata..." ja prestavuva slikata na evliite.Tie se dokaz za Allahovoto svetlo.

Ne odi ti vo taa dolina bez vodic,kazi,kako sto kazal
Ibrahim a.s.: "JAS NE GO SAKAM ONA STO E PROLAZNO".

Odi i najdija senkata od Sonce,sledi ja... neka ti sluzi za dokaz,no znaj,deka toa e SAMO SENKA.

Ako na pat te stegne zavidnosta za grlo,priseti se,deka
zaradi zavidnosta iblis (proklet da e) pokazal neposlusnost.

Zaradi zavidnost se zastramil Iblis od Adema a.s i pocnal,isto taka da se bori od zavidnost.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Побратиме, Единсвениот Вистински и Совршен БОГ, својата Спасителна СВЕТЛИНА - за спасение на сите - Ја отелотвори во Исус (Иса) Христос (Месија), чиј верен слуга и следбеник беше вистинскиот Св.Мухамед!
Тој навистина никому не нанесе бол, а (БОГ да чува) далеку беше од тоа некого своерачно да убие, како што чедата на темнината во нивните “сведоштва“ лажат дека своерачно колел стотици луѓе!

Исламот - како што ни го покажа Исус - е најубавата, најмирољубивата и најчистата вера, а вистинскиот Св. Мухамед беше еден од нејзините следбеници!

Порано или покасно, сите ќе ја дознаат Совршената Вистина, која од душманите била, и е' негирана, угнетувана, уништувана, ... но (елхамдулилах) без успех!

Што побрзо светот се разбуди за БОЖЈАТА Светлина, тоа е поубава неговата иднина!

Иншалах
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
E drug Islam spiros ne postoi osven ovoj Islam koj denes go poznavas. A ti,ti si zapravo toj na kogo temninata svetlina mu se gleda. Ti si kako onoj lovecot na senki.... cel zivot vo lov i tebe na senki ti pomina.
Ti si prijatele kako liljakot... a i mnogu tuka. Antipatijata koja ja imate prema Muhammed a.s i prema Islamot,dokaz e deka vo nego postoi toplina i svetlina.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Ти гарантирам дека најважното не го имаш видено, но без грижи, Денот доаѓа кога секој ќе Ја види Светлината на Единствениот СОВРШЕН БОГ и Ислам во Исус!

Секој!

Дотогаш посакувам се' најубаво и поздравувам


Шалом + Селам + Мир вам!
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
abee ovoj spiross od forum na forum se edno isto kazuva nee si interesenn ..
ednas ti pisaav pak ke ti pisaam za da svatisss,, no ne veruvaam vo toaa.

da spiros denot doaagaa ellhamdullilah koga ke ja razberete vistinata .
kuranot ja odeluva vistina od nevistinata,
kuranot e cuvar na prethodnite knigi i toj kon niv e iskren ja obelodenuva i podrzuva vistinata vo niv, a lagata ja iznesuva na videlina i ja otvrla.
spirose, spasitelot e eden ,zasolnisteto e edno, bog e eden , ne se zmoruvaajj so obrakanje kon nesto drugo , ne trpi ponizuvanje pokoruvajki se na toa,ne potcenuvajse sebesi, ne se zamoruvaj so trcanje po niv,
spasitelot e eden klucevite na se ' se kaj nego, uzdite na se ' se vo negovi race, se' se razresuva so negovata naredba, ako nego go pronajdes, si pronasol se sto tie potrebno, ke se spasis od beskrajnite ponizuvanja i stravovi.. blagodarnosta i velicenjeto, pofalbite, samo nemu mu pripagaat samo toj e dostoen na niv, blagodetite se negovi i izleguvaat od negovata riznica, toj e sopstvenik na sovrsenata ubavina i dobrina sto se bezbroj pati nad sovrsenstvoto, ubavinata i dobrocinitelstvoto na se sto e vidlivo, na se sto postoi vo celata vselena , zapamti spirose bog e samo eden ne moze da bide mnogubroen , nema ortak nema sinovi nema kerki nema sopruga, nee zavisen od pomosnici i ortaci,

spierose, treba da svatis i site drugi, kuranot gi razotkrivaa planovitee na licemernite koga vo tajnost gi podgotvuvale,razotkrivanjeto na skrienite evrejksi cuvstva i situacii nis koi tie pominuvalee; eveego toj kuranski tekst.
OVOJ KURAN IM KAZUVA, NA SINOVITE IZRAILOVI, NAJMNOGU ZA ONA VO STO TIE SE RAZMENUVAAT,(EN, NEML76.)sovrsenata vistina e kuran kerim koj ja razotkriva ikrivenosta na poranesnite narodi evreii i hristijani vo nivnite knigi,, kuranot ja razotkriva vistinata koja ja iskrivile sledbenicite na poranesnite knigi , koi ne poseduvaat nikakov lanec na prenositeli, nitu pak svojstvo na objava i nadahnenie
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Мухамед се родил во Мека, 570 година. Мека бил трговски и верски центар на арапскиот свет. Тука минувле караваните со стока и трговците. Во Мека било и едно светилиште , во кој бил еден камен „Каба“ и муслиманската легенда вели дека Каба е во близина на бунарот на кој Агара, Авраамовата ропкина, ја изгаснала својата жед. Тој камен е во облик на квадар, 15 м должина, 10 метара ширина и 12 метара висина. Тие веруваа, пред појавата на Мухамед, дека во тој камен се наоѓаат боговите на сите бедуински племиња, 360 богови, идоли. Меѓу тие идоли тие ги свртуваа и блажена Дева Марија и Исус Христос. А најголем бог бил Алах. Во тоа време кога се родил Мухамед, тука биле христијански и еврејски заедници, но биле еретички, затоа што верувале дека Исус е само пророк, а не и Син Божји. Овие племиња од старо време се нарекувале Исмаилци, по синот на Агара кој го имала со Авраам, Исмаил.

Раѓањето на Мухамед и неговото прво „видение“
Раѓањето и детството на Мухамед било тешко. Неговиот татко умрел пред неговото раѓање, а мајка му кога имал 6 години. Грижата за него ја презел неговиот чичко Абу Талиф, и кога малку пораснал го ставил да работи во неговата продавница. На 25 години се запослува кај Хадиџе, жена која водела трговија со каравани и која била многу богата. Набргу станува водач на нејзините каравани и многу патува. Така доаѓа и во Сирија каде ги запознава монасите кои биле еретици. Се оженува со Хадиџе, иако таа е постра од него 20 години. Хадиџе имала еден роднина, свештеник по име Варак, кој бил главен во сектата на назиреите. Овој свештеник бил Мухамедов учител 40 години. Варак го превел Стариот Завет и Евангелијата на арапски јазик. Но Евангелието кое го превел било евангелие на Евреите кое се повикува на Евангелието по Матеј, но е искривено, некои работи се исфрлени, така да ова Евангелие не зборува за Исус Христос како Син Божји. Овој свештеник на крива секта, го признава Исус како пророк но не и како Син Божји. Варак, секоја година го водел Мухамеда во една пештера на планината Хира, каде се молеле 40 дена и 40 ноќи. Ги читаа читањата, евангелијата, и се зборува дека Мухамед тогаш имал непрекинати напади на епилепсија. Една година додека бил во пештерата заедно со Варак и се молел, се случила таа судбинска ноќ. Му се објавил Мелек Габриил (ангелот Гавриил) и му рекол: „Мухамеде, ти си божји пратеник, а јас сум архангел Гавриил“. И ангелот му го објавил целиот Куран во една ноќ. Кога дошол дома, тоа свое „видение“ го раскажал на својата жена, и таа му поверувала. Етапи од животот на Мухамед
Мухамед има четири етапи на својот живот. Три етапи во Мека и една етапа во Медина. Зборот куран доаѓа од арапскиот глагол кој значи читање, аможе да се преведе и како кажување. Тие велат дека Куранот е книга која е објавена на Мухамед, но која била на небото, и му е дадена на Мухамед директно од небото.
Куранот е поделен на 114 сури (глави), а секоја сура е поделана на ајети (редови). Сурите се подредени по должина. така најдолгата сура се наоѓа најпрво, а најкратката на крајот. Многу сури се противречни. Еден муслиманин може да цитира една една реченица од една сура, а друг спротивна реченица од друга сура, па и двојцата да бидат во право. Прва етапа од животот на Мухамед 612-615 година
Во првата етапа од својот живот Мухамед се обраќа кон монотеизмот. Ги видел неправдите што ги прави идолопоклонството, користејки ја наивноста на сиромашните луге, и тоа не го прифаќа. Тој себе си не се ссмета за оснивач на нова религија, туку како надир, претеник. И како пратеник божји ги моли своите сонародници да се откажат од лесниот живот на идолопоклонството, да се обратат зошто бог ќе им суди. Во почетокот тоа го проповеда на својата жена и своите роднини, а потоа и на пријателите. Но како ја шири таа своја проповед наидува на отпор кај старешините на своето племе, имено тој припаѓа на племето Курејаши, кои мислат дека тој проповеда нешто опасно, дека поклониците кои доаѓале во градот да се поклонат, сега ќе престанат да доаѓаат, нема тука да ги трошат своите пари и тие ќе изгубат од својот профит. Во тоа време Мухамед бил многу блиску до „лугето на книгата“, а тоа беа евреите и христијаните. Првите 40 сури зборуваат за божиот суд, и за повикот на обраќање кон чистиот монотеизам и ја потикнуваат љубовта кон сиромашните. Втора етапа од животот на Мухамед 615-619 година
Во 616 година старешините на племето Курејаши го истеруваат Мухамед и неговите ученици. Мухамед останува во Мека, но изолиран, во гето. 80 негови ученици морале да заминат во Абесиниј, каде царот ги прима мислејки дека се христијани. Во 618 година ситуацијата се променува кога Хамза и Ома се преобраќат на верата Мухамедова. Мухамед е јавно признаен за пророк, и може слободно да проповеда. Тој се претставува како пророк кој ги пренесува пораките од Стариот и Новиот Завет на арапски јазик. Во новите 40 сури има доста фрагменти и реченици блиски до евангелијата. Така се зборува за Дева Марија (Меријамин), за Исус (Иса) кој е пророк, а не Син Божји. Куранот го цитира Светото Писмо, но го изопачува, цитира на свој начин. Тука ја нема Историјата на спасението. Мухамед бил неписмен, и кога ја цитира Библијата, ја цитира по усно предание, како што чул од Варак, од сектите, од назиреите и хедонитите. Зборува за Тора (Петте книги Мојсееви) но та е хипотетична Тора, зборува за евангелијата - но тие се хипотетични евангелија. Мухамед не бил писмен, така да не можел да ги чита оргинал Тора и Евангелијата. Курнот во сегашниот облик е редакција на калифот Абу Бекр. Тој видел дека има премногу записи, и наредил да се направи редакција на Куранот и да се запалат сите други верзии на Куранот. Сега веке нема никакви историски записи за Муахмед. Муслиманите велат дека јудеизмот е религија која се потпира на парите, а христијанството е возвишена религија, толку возвишена што не е остварлива. Значи, еврејството е нешто земско, засновано на парите, христијанството е неостварливо, и тие понудуват религија која е остварлива и погодна за секој човек. За да се стане муслиманин, не треба нешто посебно, туку само три пати да се каже: „Алах е бог, Мухамед негов пророк“ и веќе си муслиманин. Куранот забранува да се чита интегралниот текст на Стариот и Новиот Завет, така да муслиманите занаат за Стари и Нови Завет само толку колку што пишува во Куранот. Трета етапа од животот на Мухамед 619-622 година
Во овој период, Мухамед доживува лична трагедија. Умира неговата жена Хадиџа и неговиот чичко Абу Талиф кој го штитеше. Тогаш поголемиот дел од жителите на Мека се дигаат притв него, и тој во таа ситуација, рекол дека имал уште едно видение. Во тоа видение рекол дека бил воден од бог на еден пат, и доведен до еврејскиот храм во Ерусалим, и дека од ангелите бил одведен во небото. Тука ги видел сите пророци, кои го подржале, и му рекле: „Бог те повикал, биди силен“. Со тоа тој го потврдува своето послание како пророк. Во овој период напишува 5 сури за есхатологијата. Четврта етапа од животот на Мухамед 622-632 година
Четвртата етапа е времето во кое се раѓа исламската ума, односно теократската држава. Во Медина имале некои меѓусебни расправии и кавѓи, па го повикале Мухамед да ги помири. И тој отишол, и ова одење од Мека во Медина се нарекува хидџра, што значи патување. Таму Мухамед оснива ума и станува нејзин политички и верски водач. Мухамед го шири исламот преку дава, што значи повик, божји повик. По Мухамед секој човек се раѓа како муслиманин, но потоа христијаните и евреите го расипуваат. Тој вели дека видел еден договор на небото, во кој пишувало дека Алах ги собрал сите души на луѓето и ги прашал дали ке го прифатат неговото владеење. И душите му рекле: да. Мухамед во Медина успеал да донесе мир, но немал подршка во проповедта од населението. Затоа почнал да бара подршка од евреите, но кога почнал да проповеда, тие виделе дека Мухамед не знае ништо, дека нема појма, дека погрешка зборува за Тора. И направиле грешка. Го исмејале и понижиле. Тоа Мухамед никогаш нема да им го прости. Стана најголем непријател на христијаните и евреите. Пред овие настани, тоа беше една збрка од религии, но после овој настан кој во Мухамед предизвикува голема лутина, тој остро го одвојува исламот од јудејството и христијанството. Зборува дека Евреите го искривиле Писмото, дека тие се лажни, а не тој. Мухамед се претставува како обновител на заветот што Бог го склопил со Авраам и Исак, но никогаш не проповеда за обеќањата што Бог ги дал на Авраам, Исак и Јаков, не зборува за обеќаната земја. Воведува данок, и почнува да ги напаѓа караваните. Тој за себе земал 20%, а другото го давал на жителите на Медина. Еднаш кога нападнал еден караван на поклоници кои патувале за поклонение, а тоа е светогрдие, не го поделил пленот со жителите на Медина. И тоа било причина за војна. Илјада војници од Медина против 300 војници на Мухамед. Мухамед победил во таа битка. После ова, Мухамед почнува безмилосно да ги пљачка караваните на евреите и христијаните, притоа убивајки ги лугето кои ги пратат. Се враќа во Мека, каде на жителите им дава ултиматум да се обратат, во спротивно ќе бидат заколени. Во Мека се гради голема џамија околу каменот Кабе, и Мухамед тука го прави последното поклонување. Умира 632 година. Не рачунал дека ќе умре така рано, па затоа и не оставил свој наследник.
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Ziv ti Istorijata Joan. Sto da se iskomentira na vakvi nebulozi.... Istorijata na Islamot mnogu ubavo se znae,nikogas ne bila sokriena od ocite na lugeto,kako sto bilo primer so biblijata.... sekogas i odsekogas dostapna za lugeto.
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
ДЕТСТВОТО НА МУХАММЕД А.С.

ПРЕДГОВОР

Пејгамберот Мухаммед с.а.в.с. е последен и величенствен Пејгамбер на Аллах џ.ш. кој е испратен до целото човештво, за кого Аллах џ.ш. вели:
„И ние те испративме како милост на световите“ (Ел-Енбија 107) Тој целиот живот, со неговите искушенија тешкотии, со неговиот карактер и висок морал, со неограничена трпелливост стана единствен пример за многуте потреби на луѓето. Човештвото има голема потреба да го познава овој величенствен лидер и да го земе за предводник во секојдневниот живот.
Ова вредно дело, е подготвувано со големо внимание кое го раскажува неговото раѓање, неговите необичности (муџизи), неговото детство, кои ќе бидат морален пример за нашите мали и мили деца. Ова вредно дело кое ќе биде на професорката Бејза Билгин, верувам дека ќе биде од корист за нашите деца, за нашите млади, дури и за нашите возрасни. Верувам дека ќе го читате со големо внимание и интерес.
Хусаметтин Сонмез (28 август 2003, Коња,
ДЕТСТВОТО НА ПЕЈГАМБЕРОТ МУХАММЕД (САЛЛАХУ АЛЕЈХИ ВЕ СЕЛЛЕМ)

Ја започнувам оваа книга со потсетување на довата за изгубениот извор Земзем, што ја направил Абдул-Mутталиб - дедото на Пејгамберот.
Како се молел Абдул-Mутталиб откако го пронашол изгубениот извор Земзем?
- „Господе мој! Ако ми подариш десет машки деца, едното од нив ќе го жртвувам за тебе“
Неговата молба била примена. Абдул-Mутталиб добил десет машки деца, од кои што најмал бил Абдуллах (таткото на Мухаммед а.с.). По природа тој е и најсаканото дете кај Абдул-Mутталиб.
Абдул-Mутталиб не го заборавил својот завет што го имал дадено кај Аллах џ.ш, кога го копал изгубениот бунар (извор) Земзем. Поради тоа една вечер ги собрал своите синови и им раскажал се што се случило. На неговата одлука никој не се спротивставил. Никој од синовите не сакал да биде причина, нивниот татко да не го изврши дадениот завет. Меѓутоа дилемата била на кој начин да избере, кого од десетте синови да жртвува. Најпосле се решил овој проблем да го реши со „фрлање стрела“(тогашен нивен обичај). Зел десет стрели, на секоја од нив им ги запишал имињата на децата и ги однесол во Ќабето. Во тоа време Ќабето било исполнето со камени идоли, а секое племе имало свој идол - кои што ги обожавале, сметајќи ги за свети.
Започнало извлекувањето.
Абдул-Mутталиб наредил да се извлече една од стрелите.
Бил возбуден. Кој син би можел да го жртвува?
Заедно со дадениот збор, љубовта кон неговите синови се повеќе растела во неговото срце.
Друг избор немал, туку да си го исполни ветениот збор.
Извлекле една од стрелите, со името на Абдуллах, - најмалиот и најсаканиот син. Абдуллах бил убаво и привлечно дете што сите го сакале.
Абдул-Mутталиб се вратил дома и ги известил своите домашни. Потоа се повлекол во еден агол и останал сам. Одеднаш веста се проширила низ Меkка. Сите биле зачудени.
– Како, дали е можно? Едно толку убаво дете да се жртвува како јагне?!
Овој настан колку не потсетува на хз. Ибрахим и Исмаил?
Абдул-Mутталиб им наредил на своите слуги да го припремат Абдуллах. Го избањале, му ставиле мириси и го облекле. Никој не знаел што треба во моментот да се направи. Мајката, браќата паѓале во бесознание.
РАЃАЊЕТО НА ПЕЈГАМБЕРОТ

Родното место на Пејгамберот е Мекка. Како што ни го опишува Кур'анот ова место е среде пустина, една неплодна долина. Или како што се изразуваат арапите, Мека се наоѓа во центарот на Земјата. Во ова место се наоѓа Ќабето, кое го привлекува целосно вниманието кон него.
Тука, во една година се одржувал панаѓур четири пати. Учествувале луѓе од разни места на светот чувствувајќи се безбедно.
Мекка ја управувале десет големи фамилии, а една од нив била и фамилијата на Пејгамберот а.с. Мекканците многу се занимавале со литература. А Мекка била многу населен град и во неа живееле разни народи (заедници). Тука јазикот не можел да ја сочува својата чистотија и оригиналност. Затоа мекканците за да ги научат своите деца на почист јазик, после раѓањето ги испраќале надвор од градот кај своите блиски.
Знаеме дека Мухаммед а.с. потекнува од лозата на Исмаил а.с. Мајката на Исмаил а.с. Хаџер била Египчанка, а татко му Ибрахим а.с бил од Бабилон. Што значи Пејгамберот а.с. потекнувал од крвта на различни раси. Така бил далеку од секаков вид на фанатизам.
Таткото на Пејгамберот а.с. Абдуллах после женидбата со Амина, со некој трговски караван отишол во Сирија. Враќајќи се од таму назад, се разболел во Медина и останал таму кај своите вујковци. Кога караванот стигнал во Мекка го известиле Абдул -Мутталиба дека син му Абдуллах, се разболел и останал во Медина. На ова Абдул-Мутталиб испратил еден од неговите синови во Медина, а Абдуллах веќе бил преселен на Ахирет. Ваквата смрт предизвикала стрес во фамилијата, а и во цела Мекка, посебно кај Амина, која била бремена, размислувајќи со солзи на очите како ќе го роди своето дете без татко.Од Абдуллах како наследство на Амина и останала една слугинка, пет камили, неколку овци, една сабја и неколку ситни сребрени пари.
После два месеци завршила бременоста и се родил Мухаммед а.с. Три жени и служеле на Амина. А Абдул-Мутталиб неа ја сметал за аманет од својот син Абдуллах.
Според арапските месеци тоа било утрото на 12 Ребиул-еввел, понеделник, а според новата ера (од раѓањето на Исус) било 20 април 571 година.
Со појавувањето на зората, се раѓало најсаканото суштество на Аллах џ.ш. Мухаммед а.с. Му го пресекле папокот и го измиле со млака вода. Во тие моменти Амина ги слушала овие зборови што и биле нејзе наменети:
- „Нека ти е со среќа, еј Амина, мужде, и биди радосна, ти навистина го донесе највредното битие на овој свет.“
Иако Амина раѓала еден сирак сепак била радосна што постанала мајка.
Болките веќе и престанале. Абдул-Мутталиб се уште не бил известен за раѓањето на својот внук. Тој со својот најголем син Ебу Талиб, и претходниците на к*рејш, заедно седеле под сенката на Ќабето. Како известувач ја избрале Умму Ејмен. А таа била слугинката што ја оставил таткото на Пејгамберот - Абдуллах, како наследство. Ете таа ја имала оваа чест. Со радост дотрчала и со овие зборови му ја кажала веста на Абдул-Мутталиб:
- Еј, величествениот на Мекка, Аллах ти подари најубав внук. Нека ти е со среќа .
Абдул-Мутталиб со голема возбуда скокнал од своето место. Веќе бил стар, но оваа вест била како лек за неговите колена. Испуштајќи солзи од очите ја прашал:
- Како е детето? Здраво е нели,? Не се случи нешто обратно во текот на раѓањето?
Умму Ејмен му одговорила:
- Здраво е. Ниту една мајка такво здраво дете нема родено, а и раѓањето беше толку лесно, како само од себе, а ние само гледавме. Амина е многу добра и се чувствува како таа да не пораѓаше

--- надополнето ---

http://www.islamski-centar.org/forum/showthread.php?t=5103&highlight=muhamed.a.s&page=7
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Алал да му е, ете, што се вели „муж„...
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Ziv ti Istorijata Joan. Sto da se iskomentira na vakvi nebulozi.... Istorijata na Islamot mnogu ubavo se znae,nikogas ne bila sokriena od ocite na lugeto,kako sto bilo primer so biblijata.... sekogas i odsekogas dostapna za lugeto.
Не ти пишувам за историјата на исламот, туку за животот на Мухамед, а Мухамед не е цел ислам. Жално е кога исаламот е врзан за Мухамед, кој е обичен човек, роден од маж и жена како и секој обичен човек, и неговот тело е во гробот. За историјата на исламот во друга прилика.
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
ОСМИОТ ДЕН ОД ЗУЛ-ХИЏЕ НА 7 МАРТ МУХАМЕД ,А,С, СО СИТЕ ХАЏИИ ОТИШОЛ ОД МЕКА ЗА МИНА И ТУКА ОСТАНАЛ ЦЕЛ ДЕН И ЦЕЛА НОК , ЗА ТОА ВРЕМЕ МУХАМЕД А,С, СО ВЕРНИЦИТЕ ГИ КЛАЊАЛЕ СИТЕ 5 ПРОПИШАНИ НАМАЗИ УТРЕДЕНТА, ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА САБАХ НАМАЗ ХАЏИИТЕ СЕ УПАТИЛЕ СПРЕМА АРАФАТ КАДЕ МУХАМЕД,А,С ОДРЖАЛ ГОЛЕМ ГОВОР (ХУДБЕ)КОГО ТРАДИЦИЈАТА ВЕРНО ГО СОЧУВАЛА,,,,,, ТОА Е СЛЕДНИОВ ТЕКСТ



,,ПРОШТАЛНО ХУДБЕ(ПРОШТАЛЕН ГОВОР),,


ПРОШТАЛНО ХУДБЕ НА МУХАММЕД С.А.В.С.
-О Луѓе!Слушајте што ќе ви речам,зошто незнам дали и вгодина ќе ве сретнам на ова место.
-О Луѓе!Имајте страв од АЛЛАХ и обожавајте Го само Него.Бидете човечни и правични спрема себе и спрема другите.Ова е ден на жртвување во името на АЛЛАХ џ.ш.Навистина вашите животи и вашиот имот се свети за вас,како што се свети и овој овој месец и овој ден како и местото каде што сме,се додека не се сретнете со Вашиот Створител.


-Чувајте а и со респект вредноста на човечкото достоинство.
-Човекот е највозвишеното Аллахово дело и тешко на тој што го потценува делото на АЛЛАХ џ.ш.
-О Луѓе!Ние сите ќе дојдеме пред АЛЛАХ и Тој ќе не прашува заите наши дела и за нашата работа.
-О верници!Да знаете и бидите сигурни дека заврши времето на незнаење и на лоши традиции што му донесоа многу зло на човечкиот род.Јас ви го кажав правиот пат-патот на спасот по кој вие треба да одите.
-


Нештата што ви се дадени како аманет чувајте ги како свои, и вратете ги доброволно и навремено на тие што им следуваат.

-Крвната освета е забранета.Сите слични казни што произлегуваат од пред времето на ИСЛАМОТ се поништуваат.Прва казна што се поништув е крвната освета од мојот стрико(миџо)Амирб,Ребиб`б Абдулмтталиб кој без никаква вина беше убиен од фамилијата Худејхел.Оваа крвна освета да се забрани, и сите други да се опростат.
-лихварските каматии крвната освета се забранети,заемодавателот на заемопримателот да му го земе само она што му го взајмил.
Првите камати што се бришат се каматите земени од мојот стрико Абас.


-О Правоверници!Опростетеим ги каматите на борчлиите.Послушајтего мојот совет и вашиот имот ќе биде повеќепати зголемен.
-
Но ако не постапите вака треба да знаите дека длабоко го лутите и АЛЛАХџ.ш. и неговиот Пратеник.
-Ако вашиот взаемопримател е во неволја треба да му го одолжите рокот на плачање,а ако сте во можност да му го отпуштите заемот ,тогаш тоа е уште подобро за вас.

- О Правоверници!О Луѓе!Плашете се од денот што со сугурност ќе дојде.кога сите ние ќе застаниме пред АЛЛАХ џ.ш. единствениот судија што ќе ни суди со апсолутна правда за нашите дела.


-Кога превземата обврска за навреме враќање на заем направете го тоа писмено,со потпис,и со доверба направете го тоа.

-О смртници!Сакајте Го и слушајте Го АЛЛАХ џ.ш. Створителот на се матријално и нематрилално.Тој што створи машко и женско од кој се разви човечкиот род.

-Имајте страв од АЛЛАХ џ.ш. и од гревовите од кои сите сме запознаени.Ние сме обични смртници и секој миг сме се поблиску до смрта исредбата со Семожниот АЛЛАХ-Праведниот судија.

-Изразете го потребниот почит кон фамилијата и пријателите.Со длабока почит исполнете ги задачите и обврските што постојат помеѓу мажот и жената,помеѓу родителите и децата.

-Детето Џеннетот го заработува под нозете на својата мајка.

-Чувајте се од проституција,брачно неверство и љубомора.Прституцијата и неверството се голем грев,додека љубомпрата може да предизвика растурање на БРАЧНАТА ЗАЕДНИЦА.


-Стапувајте во брак со тие што ги сакате и кога Аллаховата вољја ќе ве обедини,ѕекогаш сакајте се едни со други и живејте во љубов и почит.
-Бидите секогаш добри и милостиви спрема вашите жени.
-Одбегнувајте смутови и озборувања,

Тие што озборуваат и зборуваат невистина за совесни жени,тие ќе бидат проколнати и на овој свет и на другиот свет,тие што ги осудуваат жените за брачно неверство или за неморалност,а неможат да најдат четири верни сведоци,таквите осудете ги и неверувајте им во иднина за ништо,зошто таквите се смутливи и лоши.

-Ако мислите дека помеѓу вас и вашите жени не постои повеќе љубов,немојте да брзате,помислете се добро.
Можеби АЛЛЛХ џ.ш. ве става на искушение,за потоа да ве усмери на патот на среќата и радоста.
-Не барајте развод без оправдани причини, и покрај тоа што од сите дозволени работиАЛЛАХџ .ш најповеќе го мрзи разводот.

-Бидете секогаш добри и милостиве спрема вашите жени, чувајтеа нивната чест и поштеност,затоа што тоа ви е аманет од АЛЛАХ џ.ш.
Навистина од АЛЛАХџ.ш. ги добивате и со нив законски да постапувате.


-О Правоверници!Кога одлучувате за поделба на оставнината,бидете праведни и придржувајтесе кон Аллаховата книга(к*р`ан),чувајте го имотот на сираците ,неспособните и болните.


-Детето му припаѓа на тој на чија што постела е родено.
-Кој тврди дека освен на родителите ,детето му припаѓа на друг,него ќе го стигне клетвата и казната од АЛЛЛАХџ.ш.
-Забрането и е на жената да дава од имотот на ма=от без негова дозвола.
-Долгот треба навреме да се плати а заемот да се врати.
Поклонот вратете го со поклон.
Тој што се согласува да биде сведок за него треба со потполна одгиоворност треба да сведочи.
-Со робовите и слугите однесувајте се на човечки начин.
Хранете ги нив како што се хранете вие и облекувајте ги така како што се облекувате вие.
Не смеете да ги злоупотребувате зошто и тие се слуги на АЛЛЛАХ џ.ш.


-О Правоверници!Слушајте што зборувам, не заборавајте и земете го ова при срце.Морате да знаете дека секој муслиман е брат на другиот муслиман.
Сите вие сте исти и имате исти права и обврски.
Никаква предност нема арапот над неарапот,ниту црнецот над белецот,ниту белецот над црнецот.
Сите вие сте потомци Адемови а Адем е створен од земја.


-О Муслимани треба со потполно внимание да се сакате и да се помагате меѓусебно.
Несмеете меѓусебно да се навредувате ниту со сила да одземате едни од други.
Од својот брат муслиман земете го само она што тој сам ќе ви го даде.
Чувајте се од неправда.


-Во вашата работа,Исламот и целокупниот интерес нека се воздигнат над вашите интереси.
Насочете ги вашиот живот кон Исламот и дајте се од себе во работата за Исламот.

-Никогаш не газете на правата на ниеден човек.Не заборавајте дека почитувањето е едно од главните основи на Исламот.

-О луѓе!Слушнете што ќе ви речами запамтете.Јас ви ја оставам Аллаховата книга к*р`анот, кој додека секогаш се придржуваре кон Него секогаш ќе ве чува да не залутате и да не го изгубите правиот пат,патот на среќата ,радоста и вистината.
к*р`анот е света книга на вистината вистинско дело на АЛЛАХџ.ш. Негови зборови во кои нема двоумење.


-Пред вас е целиот мој живот,моите зборови моите дела. Се што сум зборували работел се надевам дека е во полна согласност со одредбите на АЛЛЛАХџ.ш.
-Вие навистина нема да се најдите во недоумица се додека се придржувате кон к*р`анот и мојот Сунет.
-О Правоверници! Секогаш кажувајтеја чистата вистина и не плашете се од тоа.
Никогаш не дозволувајте омрзата да ве отргне од правиот пат и од патот на правдата.

Правдата е сестра на мудроста.

Плашете се од АЛЛАХ џ.ш. Тој ги гледа вашите дела.
-О Луѓе! слушате ги моите пораки,ставете ги во вашите гради и во вашите срца.
-Сите вие што ги слушавте ове мои зборови пренесете им ги нати е што не ги слушале,зошто некој од нив повеќе ќе разберат отколку тие што слушале.(После кратко време Аллаховиот Пратеник со малку потивок глас рече):



-О дарги АЛЛАХ! “Дали ја извршив задачата и мисијата што ми ја довери“?



- О Аллахов Пратенику !“Ти верно ја исполни задачата и мисијата, и нас ни соопшти што АЛЛАХ џ.ш. ти довери.“

-Потврдија сто илјади хаџии во еден глас,лицето на Аллаховиот Пратеник беше исполнето со радост, од очите му течеа солзи радосници,ги крена рацете кон небото и рече:


-О Драги АЛЛАХ биди сведок на сево ова!

-Истиот ден Алллах џ.ш. го објави последниот к*р`ански ајет:



“Денеска неверниците ја изгубија и последната надеж дека вие ќе отпаднете од вашата вера,затоа не плашете се од нив,туку плашете се од Мене.

Јас сега вашата вера ја усовршив и со потполн благодет ја насочив кон вас и задоволен сум што Исламот ќе биде ваша вера“
(суре Маиде
 

Kajgana Shop

На врв Bottom