Во повеќето судири на противниците на “Парадата на гордоста” која денеска се одржува во Белград, и полицијата на централните улици во Белград, повредени се повеќе од десет лица и приведени се повеќе од десетмина.
Како што пренесува Бета, пред зградата на претседателството на Србија меѓу противниците се појавиле и неколку попови кои заедно се обидувале да го пробијат полицискиот кордон.
Како што пренесуваат известувачите на Бета, меѓу групите кои се противници на парадата биле и голем број на навивачи.
Група од стотина противници на парадата се собрала и на паркингот пред Домот на Народното собрание скандирајќи погрдни пораки и фрлајќи петарди, камења, и шишиња на полицијата
Според некои податоци полицијата во обид да ги растера противниците на парадата користела и солзавец. Во неколку наврати полициски хеликоптер го надлетувал централниот дел на градот.
________________________________
Еве вака прегледно, полесно да забележите кој тоа е деструктивен, насилен, нецивилизиран и ... уапсен,