За филмски ентузијасти

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
Имав една тема Андерграунд серии, добро помина, имаше неколку страни квалитетни постови, содржајни и напишани убо.
Оваа тема е некаква слична на нејзе, а можит и слична на некоја друга тема шо во моментов не можам да се сетам, па ако е слична канта.

Значит вака.
Болиглава пред некое време имаше напишано рецензија за Mr. Nobody, филм кој многу форумџии не го имаа гледано, а испадна ко кец на десетка, вистински погодок. Значи филм кој не е многу познат/рекламиран, кај нас на форум стана хит и малку се одморивме од предлози за Принцот од Персија.

Епа, темава е за филмови кои си ги сметаме за "наши", т.е. не знам дали тоа е правиот збор. Или поточно да кажам филмови за кои мислиме дека мал број на луѓе ги имаат гледано, а се добри и сакаме да се пофалиме какво ремек дело сме откриле.
Темава е малку слична со Предлог за филм и Последен гледан филм, ама не е со иста замисла и намена.

Имено, наидов на еден филм, пред неколку месеци. Го имав дома на двд долго време, ама решив да го гледам тек летово.
Филмов сигурно го имаат гледано барем 2 од 5 форумџии, така да скоро е невозможно да кажиш филм кој барем некој не го гледал овде зато шо стварно да се пофалиме, иаме голем број на членови шо пишет во филм и тв, особено последнава една година процентот на пишани постови овде расте многу :)



Станува збор за овој филм. Тигарот и Снегот, како шо кажав и погоре 2 од 5 форумџии сигурно го гледале, ама мислам дека заслужува повеќе внимание филмов.
Едвај 5 илјади луѓе му дале оценка, а пак на фејсбук да има околу 600 фанови на филмов.

Уште еден пример е Најдобриот татко на светот со Робин Вилијамс кој излезе во период во кој беа актуелни блокбастери и повеќе се рекламираа и овој филм не беше баш прикажан на поголема јавност. Знам боби2008 го има гледано филмов тоа сигурно :).

Значи темава не ми е за преценати филмови, не е за потценети, темава не е за Inception, Star Wars или филм со Бред Пит, зато шо по дифолт, овие филмови се многу познати, многу рекламирани, многу рецензирани и многу достапни. Исто како некој да гледа фудбал и да каже еј види го Пирло јак играч е, зато шо одамна е познато дека Пирло е јак играч, или дека Милан е јак тим, мада и некој ако не се слагат, не е битно.

Темава е за филмски ентузијасти кои сакаат нешто ново и неоткриено.
Мислам дека онака објаснив посликовито во која насока да се оди, па ставив привлечен наслов.

Има многу "андерграунд" ремек-дела за препорака, ако ја биват темава ќе е убо, пошо и онака сигурен сум на голем број форумџии им е смачено од напумпани блокбастери и сл. :)

Значи - филмови кои се запоставени, неоткриени, ретко достапни, слабо рекламирани, било што, ама вредни за гледање.

Очекувам европска кинематографија повеќе, зато шо Холивуд е многу исцрпен, а и немора да значи.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.577
Поени од реакции
2.560
Значи овај филм што ќе го предложам, не можам да речам дека потценет, или преценет, бидејќи е од 1957 година, а има оценка 8.3 на ИМДБ. Меѓутоа сигурен сум дека многу мал број на форумџии го имаат гледано филмов.
Името му е Witness for the Prosecution и е дело на Агата Кристи. Филмов е за судењето на еден човек осуден за убиство.
Значи ако ме прашате мене, да ви кажам поим за терминот ТРИЛЕР, без да размислам ќе ви речам Witness for the Prosecution . Значи приказната е крај, и до последната секунда од филмот нема да знаете кој крај да го фатите :) Друго што ме бендисува е, што тогаш не се обрнувало толку внимание на ефекти, колку што на глума.
Знам дека има многу скептици што не гледаат црно-бели филмови. И јас бев од нив. Но ако сакате да гледате стварно поим за Криминалистички трилер, ова е Must see!!!
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
162
Поени од реакции
17
Па малку е деликатно за да постираме нешто што би влегло во тоа што ти го нарекуваш ново и неоткриено.
Незнам колку , што и како имаш гледано.
Еве на пример ми паѓаат на ум два филма, додуша не се некој страшен андергроунд ама мислам дека може да се наречат најлесно на англиски Overlooked, немам мак.превод:
Сега незнам колку Wong KAr Wai е андерграунд, ама има доста луѓе кои незнаат ништо .

401px-High_art_ver1.jpg
In_the_Mood_for_Love_movie.jpg
 

penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
Па малку е деликатно за да постираме нешто што би влегло во тоа што ти го нарекуваш ново и неоткриено.
Незнам колку , што и како имаш гледано.
Еве на пример ми паѓаат на ум два филма, додуша не се некој страшен андергроунд ама мислам дека може да се наречат најлесно на англиски Overlooked, немам мак.превод:
Сега незнам колку Wong KAr Wai е андерграунд, ама има доста луѓе кои незнаат ништо .

Прегледај го приврзокот 35455
Прегледај го приврзокот 35456
Вонг Кар Ваи е тотален андерграунд за доста филмаџии од форумов без разлика што е светски познат режисер,а филмов што го предлагаш е ремек дело за мој вкус така да и јас се приклучувам во препораката да се изгледа:). Еве мои предлози : Le boucher филм на Claude Chabrol ,кој неодамна почина R.I.P., Picnic at Hanging Rock јас сум заљубена у филмов, можда и здосадувам ама кој и да ме праша за предлог го препорачувам овој. Филмов е поезија во слики:cuc:
П.С. Браво Џимеј за темава баш е за филмски ентузијасти,зошто ретко кој гледа не американски филмови!
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
Clerks. (1994) иClerks II (2006)


Имав напишано рецензии во предлог и последен филм но дефинитивно вреди уште еднаш да се споменат.Прво неколку интересни факти:
Од каде доаѓа насловот- Clerk :).
Прв филм на Кевин Смит снимен во црно бела техника(зборувам за првиот) поради нискиот буџет кој го имал за снимањето.
За прв пат се појавуваат Џеј и Сајлент Боб и тоа во најдобро светло без многу сајнс фикшн елементи како во неколку од другите филмови...
Сторијата е за двајца вработени ,едниот во продавница а другиот во видеотеката која се наоѓа веднаш до продавницата,односно за сите случки кои ке им се случат во еден ист ден.
За хуморот- Најмногу ми се допадна затоа што нема сцени во кои на пример главниот лик додека оди по улица случајно се мава во бандера па го прегазува кола а останува жив и здрав,односно нема ефтин хумор.
толку и погледнетего :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Нема потрба од рецензија само трејлерот гледајте го:

 
G

grande-juve

Гостин
Супер тема, еве за почеток едно пакетче од одлични корејски трилери:
Memories_Of_Murder
Mother
The_Chaser
Oldboy

Еден од моите топ 3 анимирани филма, веќе го имам предложено на форумов:
Mary_And_Max

Eден од повеќето филмови на Хичкок кој има 10-ка од мене, а мислам дека не е доволно познат:
The_Lady_Vanishes

И за крај, можеби филмот што најмногу одговара на темава, за кој си мислам дека јас сум го открил, за мене еден од "најтоплите" филмови:
Dean_Spanley

Толку за сега
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.321
Поени од реакции
57.792
Јас не сум многу по европската кинематографија еве ќе ви фрлам еден филм кој го прославивме со пропаганда овде на форумов, инаку беше и е релативно непознат: Hard Candy (2005). Значи филмов ви е нехоливудски, мал буџет, мала заработка, прв проект на режисерот, филм во кој „ѕвездата е родена“ и тоа во ликот на Ellen Page. Дефинитивен must-see филм и кој не го гледал прво нека го гледа а после нека бара информации, зошто секоја информација може да го уништи филмот. Дури ни на IMDB немојте ништо да читате.
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
162
Поени од реакции
17
Вчера го гледав:

315466-fish-tank-en-competition-aux-european-637x0-3.jpg

Одличен филм, извонредно направен.
Се бави со прилично тешка тема, атмосферата е непријатна, но сепак препорачувам да се одгледа обавезно!
 
I

Intex

Гостин
Сите филмови на Аронофски можат да се најдат на темава. Со мал буџет се, мала заработувачка, а ебено тешки.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Charade

Љубителите на стари филмови веројатно го имаат гледано... јас не уживам којзнае колку во стари филмови(освен Хичкок) ама овој беше исклучителен.
 

penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
The Aura Еве уште еден одличен филм, во ноар стил, го гледав минатата недела на Телма и пријатно ме изненади:).Филмов е на прерано починатот режисер, Fabiаn Bielinsky кој остави за жал два филма, овој и Nine Queens.
 
G

grande-juve

Гостин
The Aura Еве уште еден одличен филм, во ноар стил, го гледав минатата недела на Телма и пријатно ме изненади:).Филмов е на прерано починатот режисер, Fabiаn Bielinsky кој остави за жал два филма, овој и Nine Queens.
Првиот ми е симнат, вториот лани го гледав, во стил на единаесемината на Оушн( само подобар), исто го гледав по твој предлог на темава, Пикникот На Висечката Карпа(на нашки), и стварно се беше одлично во филмов, музиката, глумата, атмосферата, и најмногу, мистеријата. Кога завршува филмов, всушност не завршува, ти продолжува во главата, треба ти да му одбереш крај, од мене има 9/10.
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Whatever Works

Мислам дека не беше доволно изрекламиран и дека го немааат доволно гледано иако филмот е нешто стварно добро.Сарказам,црн хумор и иронија во изобилие како и хуморот кој во овој филм е на едно повисоко ниво а сепак го има доволно.Сум се смеел како зелен на филмот а сепак не е комедија и има еден интересен пристап како што се монолозите на стариот и други работи кој беа пресудни овој филм кај мене да остави добар впечаток.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Првиот ми е симнат, вториот лани го гледав, во стил на единаесемината на Оушн( само подобар), исто го гледав по твој предлог на темава, Пикникот На Висечката Карпа(на нашки), и стварно се беше одлично во филмов, музиката, глумата, атмосферата, и најмногу, мистеријата. Кога завршува филмов, всушност не завршува, ти продолжува во главата, треба ти да му одбереш крај, од мене има 9/10.
Oригинал име на болдов кое е?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom