С
Спенсер
Гостин
Воената академија повторно во строј
Првата група од педесетина студенти треба да биде запишана во октомври, а за нив ќе биде гарантирано вработување по дипломирањето.
Воената академија повторно ќе се активира како образовна институција од октомври годинава откако пред шест години беше ставен мораториум за нејзиното функционирање. Собраниската Комисија за образование, наука и спорт вчера го поддржа Предлог-законот за Воена академија во прво читање, со кој се овозможува нејзиното реактивирање. Заменик-министерот за одбрана, Емил Димитриев, вчера изјави дека новата концепција на Воената академија не може да се спореди со старата.
- Има многу важни новини. На новата Воена академија ќе има можност за втор и трет циклус на студии, магистерски и докторски, а се предлага покрај студентите-питомци што ќе се запишуваат за потребите на АРМ и МО, да запишуваме и профилираме кадри за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување и на Центарот за управување со кризи. Тие студенти би имале цивилни дипломи и нивна сфера на ангажман би била управување со кризниот менаџмент - рече Димитриев.
Со измените во Законот за високото образование е овозможено Воената академија да биде придружна членка на еден од државните универзитети. Академијата и Министерството за одбрана ќе одлучат со кој од државните универзитети ќе склучат соработка. Тоа ќе биде и поекономично зашто општите предмети би ги предавале од Универзитетот, а за стручните ќе бидат ангажирани лица од МО и од Генералштабот на АРМ. Првата група од педесетина студенти треба да биде запишана во октомври, а за нив ќе биде гарантирано вработување по дипломирањето.
Воената академија работеше од 1995 до 2003 година. Во 2006 година, кулминира револтот на стотина потпоручници, кои не беа вработени откако дипломираа на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“. Тие повеќепати протестираа, барајќи да им се реши статусот по што Владата во септември 2006 година реши тие да се вработат во Министерствата за одбрана, за правда, за внатрешни работи... Меѓутоа, набрзо потоа се појавија многу проблеми ссо нивното распределување на работни места што се несоодветни за нивната стручна подготвеност.
Dnevnik
имааа надеж...ке ја отворат повторно...