Напротив оние кои наоѓаат вредност во таквиот пристап се сосема обратно од се она кое го напиша.
Животот е илузија? Смртта не постои? Не постои реалност? Се е резултат на голем ум од кој зависиме? Па ова бре религија некоја се проповеда или за реалноста збориме?
“Животот е илузија - вреди ли да се мачиме и да веруваме во принципи кои само ни ја отежнуваат илузијата?
Смртта не постои - со тоа овој живот и не е толку важен, поважен ќе биде “наредниот“ (најчесто користена религиска измама за да се ограничи слободата на човекот преку условување, уцени и закани). Смртта на телото не значи и смрт на душата - туку напротив, спојување на истата со творецот (ме потсеќа на секташи-масовни самоубијци).
Не постои реалност - секој си ја перцепира онака како што сака. Тогаш зошто јас да не си креирам своја реалност? Забегување во бесмислени филозофии, кастрирање на храброста и вољата да се дејствува, предизвикување рамнодушност...“
За разлика (спротивно од тоа што сакаш да го препишеш на материјалисите), тие знаат дека животот е еден и единствен, сега и тука. Тој треба да се живее разбуден, да се осознае природата, планетата, космосот, онаков каков што е. Другите луѓе постојат, не само во свеста и нашите перцепции, тие постојат реално, независно од нас. Тие не се духови, привиденија, илузија која треба да ја искористиме за задоволување на нашата нереална потреба. Тие се битија кон кои треба да се однесуваме одговорно и со почит, зошто само така се создава подобар живот.
Планетата Земја е реалност. Таа е материја. Од неа сме настанале сите, носиме атоми од нејзината кал, а се однесуваме кон неа како да сме дошле на екскурзија на неа, како да не треба друг да живее на неа. Проблемите со храна, вода, енергенси... се проблеми од материјална природа. Тоа не е прашање на перцепција, не е илузија - тоа е РЕАЛНОСТ со која живеат милиони луѓе во светот, боси, гладни, жедни. Луѓе кои по некоја случајност имале можност дел од неорганската материја да ја претворат во органска, а кои нема да видат ни “ж“ од животот. Ќе ги снема без да имаат втора шанса да го почуствуваат некогаш.
Материјализмот се бави со реалните, опипливи проблеми.
Идеализмот е слабост да се прифати реалноста. Тој е колевка на религиите кои уништиле толку животи и го уназадиле прогресот на човековата свест за себе. Тој е дрога со која слабите манипулираат со силните, заради своја корист.
Држи се ти до црвите на крајот на патот...
Барем знам на што сум. И можам да определам тек и цел на животот мој. И не живеам во илузии.
Инаку ќе постирам и некои работи од последните истражувања...ама да не се разочараш...и да станеш вернииик
Патот на еден секуларен човек, секогаш води преку религиите.
Верници се раѓаме. Од страв и незнаење.
Некои еволуираат со свеста. Други не.