Фан Клуб: Јувентус

Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Песимистичките коментари за Конте не ми се допаѓаат воопшто. Причината: онај кој шо коментира како да не знај за кој навива.
т.е. сите оние кои го оспоруваат назначувањето на Конте мислам дека воопшто не ја знаат историјата и филозофијата на клубот, а ако мислат дека со пари се купва тренер слободно нека сменат боја (реал, шинтер, шити, челзи ...)
Мало потсетвање на историјата:
Јувентус НИКОГАШ не се расфрлал со пари (не сакам да го слушам трансферот на Недвед и Буфон оти то беше реинвестирање на феноменалната зделка околу Зидан)
Јувентус ги земал секогаш играчите пред да го достигнат својот пик. Нормалку не можи да очекувате секој еден да се покажи али шо мислам со ова (еве неколку добри примери од посвежата историја: ДелПјеро, Замброта, Каморанези, Трезеге, Зидан, (Ибрахимович) ... ) Никој од овие не бил ЗВЕЗДА пред да дојди во ЈУВЕНТУС туку станал звезда ВО ЈУВЕНТУС.
Да се вратам на приказната со тренерите нели то е муабетот а не економијата на Јувентус.
Генерално тренерите на Јувентус се нивни бивши играчи кои знаат да го повторат како тренери она што успеале да го прават како играчи. Ретки се примерите кога тренерите се увезени.
Јасно е дека нема секогаш нашите играчи да се успешни како тренери (Ферара, Зоф) - имаат некакви успеси ама поради многу фактори не им успеало премногу како тренери.
Липи е еден од ретките увезени тренери кој како играч не бил поврзан со Јувентус ама како тренер успеал, од друга страна пак Капело бил афторитетен играч на Јувентус (мислам дека беше и капитен) ама многу доцна стигнал во Јувентус (ваков профил можи да е Конте)

Муабетот ми е дека Јувентус не е чергарски тим како Шинтернационале или Шити или Реал да врви низ тимот кој стигни (иако во последно време е малку разнишан и има такви симптоми) туку генерално се потпира на својата традицијаи го користи она шо го градел претходните децении.

Успешните циклуси во јувентус се повторуваат, генерално се работи за некои 10 години екстремно успешен тим и некои 5 години лов во матно со експериментирање како ова сега.
Последниот пат кога се случи ова беше крајот на 80тите и почетокот на 90тите, тогаш имаше неуспешен тренерски стаж Зоф (нешто како Ферара лани), Трапатони беше назад на втор мандат ама веќе беше надвор од форма бидејќи се имаше испукано последните 10 години во Јувентус со кариера слична на онаа на Липи. По таквото барање на тренер во тие години Јувентус го најде ЛИПИ (во тој момент ајде ќе речам анонимус - нема да речам како ДелНери бидејќи беше помлад ама ајде нешто како Мацари - неколку подвизи во просечни клубови колку да заслужи проба во Јуве). Конте не е далеку од ова. Значи Надежен тренер + Традиција (афторитетен капитен). Во две сезони во серија Б е гаранција за пласман на екипата во Серија А(не ја потценвајте Серија Б од тренерски аспект многу други СЕрија А тренери се вртеле по неколку сезони во СЕрија Б) .

Поздрав до сите кампањски навивачи на Јувентус, вака или онака за макс 5 години ќе бидиме во врв на Европа со некој како Конте, Вијали, Недвед, ДелПјеро. Ама никогаш со ВанГаловци на кои единствено гајле во Јувентус ќе им е банкарската сметка на 1ви.
 
С

сашенко

Гостин
јас

Брате не е ова песимизам туку коментарите за Конте реков дека ме потсетуваат на времето кога ферара дојде.Дај боже да не се и резултатите како на него ама со истите зборови го фалевме и него.Сакам да кажам дека тоа што го постгинал со јуве не тежи многу на кантарот во моментов, зошто бараме тренер.Сите ние го почитуваме тоа што го постигнал, исто како и на секоја легенда на јувентус.Ама неможеме да го споредуваме со некои луѓе кои се поим за тренер и сигурно неможе да биде подобра опција од нив во моментов.Но доколку не доаѓаат Липи, Капело или Ван Гал тогаш и на мене ми е прва опција Конте сигурно.За мене Конте е одличен тренер, и сигурен сум дека ке стане уште подобар, ама Конте ми е втора опција и е после тие класа тренери што ги набројав.За жал со нив неможеме да го споредуваме во моментов ама искрено се надевам дека еден ден ке стане дури и подобар.Никој не го оспорува квалитетот на Конте туку неможеме да ризикуваме премногу, уште една година со ваков избор на тренер не ми се допаѓа воопшто.Ако веќе фрламе толку пари тогаш нека дадат уште 5 милиона повеќе за тренер добар и нека го среди тимот и откако ке му помине договорот за 3 години донеси да не трошиме многу пари ке го донесеме Конте кој тогаш ке биде уште поискусен а и ке има среден и уигран тим.Тогаш тој со своите мотивирачки способности ке го одржава тимот, ке го подмладува и ке напредуваме.Ама мислам дека сите се согласуваме дека во овој момент на јуве му треба нешто револуционерно, некој што знае да се справува со вакви ситуации како тренер, некој кој поминал вакви работи со клубови и кој знае што треба да направи.Конте е одличен ама нема ваквво искуство како тренер и треба да го оставиме со Сиена оваа година во Серија а да ја изигра да видиме што ке направи.А во иднина тренерското столчне на јуве него не му бега.Едвај чекам да го видам на како тренер на јуве.
 
Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513

Го разбирам скептицизмот околу Конте ама како што кажав ова е Јувентус.
Можеби нема да запали Конте ама ќе биди некој друг од таа генерација онај што ќе го крени Јувентус. Ова не е баење од уплав ова е традиција во Јувентус која покажала дека функционирала многу години наназад.
Едноставно морам да го поддржам Конте пред било кој друг бидејќи одлуката за InHouse тренер во Јуве сметам дека е исправна.
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
И пак ќе напраат грешка како со Ферара ако го донесат Конте, ама ако, за памет.
 
Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
А бе читајте ги изјавите на Моџи во врска за Конте и се ќе ви биде јасно,ова е класично стил на Ањели,Моџи изјави дека ова е избор на Ањели,и за Моџи Конте е добар избор само треба да има раководство кое ќе го подджува,Ферара немаше кој да го поддржува.. како што кажа јас,ова е традиција на Јуве,ова е стариот Јуве иако и ја сум скептик за Конте али го поддржувам до коска:)
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.765
Поени од реакции
3.835
Сите знаеме дека како играч Конте имаше огромна подршка од секој фан на Јувентус. Сите ги почитуваат успесите што ги направи во овој дрес.
Но, како тренер е сосема поинаку. Моменталниот тренерски капацитет на Конте не е доволен за овој расипан Јувентус. Да го поставиме него за тренер е само уште еден горе долу сличен Чиро Ферара и не подобар Луиџи Дел Нери.

Со ангажманот на Конте правиме само поголема коцка затоа што носиме тренер од Втора Лига. Искусен тренер од типот на Ван Гал или Дешамп би била многу помудра одлука. Немаме јак менаџмент, немаме јак и уигран тим за да донесеме тренер од рангот на Конте. Ни треба докажан тренер кои ке го преобрне целиот клуб. Времето за коцка ни се потроши многу од дамна. Оваа година останавме без ЛШ, од идната ке бидеме и без ЛЕ. Со евентуална 3та година по ред неиграње во еврокуповите клубот ке претрпи огромни, огромни финансиски загуби кои веке и ги чувствува. (Ке) Имаме проблем и со носење на светски играчи. На ова се треба да се додаде и делот кој вели дека од идната година само првите 3 тима обезбедуваат ЛШ место.

Реално, ви личи ли Конте на тренер кои ке го донесе тимот до 3то место, ке го уигра новиот тим за 3 месеци, ке ја симне психолошката бариера на играчите, ке им врати гладта за победна, односно ке ги реши проблемите кои неговите 4 *(многу поискусни) претходници не можеа ?

Мене не!

Конте е далеку од идеалната опција за нас. Се надевам дека јас ке грешам, а менаџментот ке биде во право. Плус еден дел од мене вели да почекам до Понеделник/Вторник официјално да биде претставен новиот тренер, да сочекам да видам со оглед на тоа дека се шушкаше дека постои некоја можност новиот тренер да биде изненадување :)

Maци, Моџи си игра курташак со нашиве . Не се праи дека не си сватил:devil3:
 
С

сашенко

Гостин
А бе читајте ги изјавите на Моџи во врска за Конте и се ќе ви биде јасно,ова е класично стил на Ањели,Моџи изјави дека ова е избор на Ањели,и за Моџи Конте е добар избор само треба да има раководство кое ќе го подджува,Ферара немаше кој да го поддржува.. како што кажа јас,ова е традиција на Јуве,ова е стариот Јуве иако и ја сум скептик за Конте али го поддржувам до коска:)
за ферара исто збореше:helou:
 
HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Нема што да се чека до понеделник или вторник готова е работава, Конте ќе биде тренер и тоа е тоа. Се коцкаме веќе 4-5 години по ред и уште памет не им доаѓа во глава и затоа си се вртиме во круг. За да Конте успее во ЈУВЕ потребен му е јак грб а тоа во Јувентус моментално го нема, се надевам дека грешам ама се ми мириса на исто сценарио ко со Ферара. Е сега доколку биде донесен Агуеро (мора да биде донесен ако сакаме компетитивен Јувентус) и уште 2-3 класа играчи може и ќе направи нешто, но пак постои ризик да ни се случи фијаско. Сакаме тренер со плата од 500 000 евра и титули, тешко ќе оди тоа. И крајно време е веќе да се донесат бекови, доста се измачувавме 5 години со Зденко и слични ко него.
 
Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
за ферара исто збореше:helou:
Друга е ситуацијата , пет пати кажав,тогаш беа Блан и Секо,луѓе кои што немаат никаква врска од фудбал,кои што направија просечен тим,кои што го земаа Амаури за 29 милиони евра,да не бројам и други трансфери никакви,кој го знаеше Алегри пред да дојде во Милан?и они се коцкаа со него али они земаат 3-4 топ играчи нешто што и ова раководство планира да го направи,ја мислам со неколку топ играчи ќе се вратиме на врвот ,но и ја мислам дека Конте тактички е уште незрел за да го води Јуве и е неискусен но ќе видиме како ќе биде,многу е глупо одма да го проценувате како фејл,еве ви пример Алегри..

п.с барем не е скаут:tv:
 
Брат, мене ми е јасно све тоа.Сакав да кажам само дека мислењата на Моџи сега не ми се од некаква важност зошто и не кажува секогаш тоа што мисли.Знае тој што навистина е за Јувентус, ама се прави на тошо.Красич не му се свиѓаше, доаѓањето на Диего прво го поздрави а после рече не бил за јуве, секогаш неговите најдобри коментари се откако сите ке сватиме дека со нешто сме се поебале, а во тие моменти и ние на кајгана знаеме кај згрешиле управата не е ништо посебно тоа затоа и секогаш ни се слични мислењата со него.Суди по резултатите а тоа сите го знаеме.Да не ме сватиш погрешно Моџи за мене е мозок за фудбал и прав човек за Јувентус ама не кажува секогаш тоа што го мисли.Ти кажувам вака збореше и за Ферара па ете што се случи..мада имаше и други фактори кои доведоа до таква завршница на настаните.Ама тоа што за Конте рекол вакво нешто не е нешто кое би требало да ни даде уште повеќе сигурност и доверба во квалитетите на Конте.Ние ке го ангажињаме него, во тоа сум сигурен.АКо земеме добри играчи како што викаш и со Ањели зад него шансите да има поголем успех од претходните тренери се многу големи.Нека успее и ке бидам најсреќниот човек на земјава веруј ми брат.Ама Конте како што кажа претходно и фосил, не е сигурно идеалниот тренер за нас, посебно не во оваа ситуација.И сигурно не е најдобар избор сега во моментов.Треба да бидеме реални и да не се залажуваме.Доаѓањето на Конте ке биде добро за Јуве ама далеку е паметен потег во ваква ситуација и далеку од тоа дека ке имаме загарантиран успех за следната година.Можеби ама само можеби ке се сменат работите, не можеме да бидеме сигурни.Ако дојде нека му е со среќа, сите ке го подржиме многу е јасно тоа, наш човек е и се надевам нема да биде исфиркуван како Ферара од трибините.Ке го испоштуваме до крај сите ама се надевам дека знаат во што влегуваат нашиве со ова.Нека им е со среќа...
 
Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Дечки ај не пратам многу стање као ви иде со трнасвер шпекулациите... Ај у 2 реченици што е со Пирло ? Го земавте ?
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Јас Јуве вака си го замислувам наредната сезона ...

---------------------Кваљарела----------Агуеро(Матри)-----------------

Бастос---------------Пирло------------Мело/Маркизио----------Красич

Де Чеље----------Киелини-------------Бонучи-------------Некој нов, јак, солиден,десен бек (според мене таков е Мика Ричардс)

-----------------------------Буфон---------------------------------

Значи МОРА да се откупи Кваљарела, ако го купат Агуеро тогаш е супер ако не нека го откупат Матри, што е доста солиден играч (башка не сме ги виделе Кваљарела и Матри во тандем 1 утакмица, според мене би растурале) ... Да се земе Бастос и некој десен бек и тоа .. не ни треба многу туку САМО 2-3 класа играчи од кои 1 напаѓач, лево крило и десен бек ...
 
JUVE_Ultras

Ragazzo della piazza
Член од
22 септември 2010
Мислења
2.451
Поени од реакции
3.968
На 22 Мај 1996 година во Рим,пред точно 15 години,Јувентус ја освои Лигата на Шампионите.Поминаа 15 години,а овој Јувентус е далеку од оној шампионскиот од '96.Да се надеваме дена некои работи ќе се сменат и клубот повторно ќе се врати на шампионските патеки и ќе биде она што некогаш бил во Европа.

Kajgana Shop

На врв Bottom