Нека дојде Спалети пак ''мистер'' Марота ќе склопи тим со еден куп нови играчи и наредна година во ова време пак ќе го правиме овој муабет :wink:
Единствена грешка на Бепе Марота во трансфер политиката која ја водеше е плаќањето високи 12 милиони на Катанија за Мартинез.
За купување класа фудбалери потребен е голем буџет,а доволно е да се видат трансферите за да се увиди со колкав буџет располагал Марота во летниот трансфер рок. Освен Красич,Мартинез и Бонучи, сите други играчи кои дојдоа во летото беа на позајмица со откупна клаузула (Кваљарела,Аквилани итн).Марота не е воопшто виновен што клубот летото располагаше со минимални финансиски средства за трансфери.
Ањели и Марота го презедоа клубот во најлошиот период во историјата на Јувентус после фарсополи.Клубот не се квалификува во Лигата на Шампионите што доста ги намали финансиските придобивки од учество во тоа натпреварување, Марота мораше да се ослободи од играчи кои земаа високи плати во Јувентус,мораше да направи реконструкција на тимот,а од друга страна не поседуваше големи суми на пари за купување на класа играчи. Неколку фудбалски медиумски „експерти“ во Италија ја критикуваат работата на Марота поради тоа што не ангажирал класа фудбалери,а очигледно не ја познаваат финансиската состојба на клубот, која е доволна да се утврди потрошената сума на пари за играчи:
-
Сторари - 4.5 милиони евра
-
Марко Мота - позајмица со откупна клаузула
-
Бонучи - (Алмирон + 2мил.евра на Бари) + Кришито на Џенова
-
Ринаудо - позајмица
-
Траоре - позајмица
-
Соренсен - 100.000 евра
-
Мартинез - 12 милиони евра на 2 годишни рати
-
Красич - 15 милиони евра на 3 годишни рати
-
Аквилани - позајмица со откупна клаузула од 16 мил. евра на 3 годишни рати
-
Пепе - позајмица со откупна клаузула од 4 мил. евра
-
Кваљарела - позајмица (однапред платени 3 мил. евра, и ако сака Јуве да го купи треба да даде уште 13-14 милиони евра на 3 годишни рати)
-
Лука Тони - слободен трансфер
-
Алесандро Матри - позајмица (однапред платени 2,5 милиони,и тоа тие се платени со 50% од договорот на Ариаудо кои ги поседуваше Јуве, и со можност Јуве да го купи за 15 милиони на 3 годишни рати)
-
Барзаљи - слободен трансфер
Според овие трансфери Јуве минатото лето вкупно потрошил
20,5 милиони евра (
4,5 мил - Сторари, 2мил - Бонучи,5 милиони - 1 рата од Красич , 6 мил - 1 рата од Мартинез, 3 мил - Кваљарела).
Со сума од 20,5 мил. може да се ангажира само 1 класа фудбалер.