Фан Клуб: Јувентус

Член од
7 јули 2010
Мислења
1.695
Поени од реакции
828
Голот на Дел Пиеро со коментар на Клаудио Зулиани :icon_bigg

11 Бода разлика од Удинезе а пред нас се и Рома и Лацио така да немаме шанса за ЛШ. :toe:
 
Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.042
Поени од реакции
6.070
Конечно победа после 4 натпревари. Се надевам дека ќе им крене морал и ќе продолжат да тепаат понатаму.

p.s. New Season, Same S*it.
после 30 коло, исто бодови, 45.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Единствено нешто што менува победава е тоа што Дел Нери сигурно останува до крај на сезона друго апсолутно ништо, во новата сезона ќе ни доде тренер како Спалети и пак почнуваме од ново, познатото вртење во круг 5 години.
Ањели пред неколку кола изјави дека нема да се прават промени во текот на сезоната туку на крајот од сезоната,а тоа се докажа и по крајот на минатото коло кога Дел Нери не доби отказ после нерешениот резултат со Чезена.

За нареден тренер на Јуве,Ањели треба да се обиде да го доведе Капело,а ако не Капело, и враќање на Липи е одличен избор.Ангажирање на Лучијано Спалети е ризик,а Јуве нема право да ризикува повеќе.На тимот му треба трофеен тренер.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.757
Поени од реакции
3.794
Капело е човек кој е познат по тоа што е верен на своите принципи, ставови, сваќања, пристапи. Својата работа ја работи профсионално, а понекогаш и премногу професионално. Тој човек работи за една цел.

Токму ради сево ова, Капело нема шанси да се откаже од англиската репрезентација до завршувањето на Европското првенство. Неговиот ангажман таму останува и ништо нема да му ја смени таа замисла освен ако претходно федарцијата не одлучи поинаку.
Втор факт контра Јуве е тоа што Капело јавно кажа дека англиската репрезентација е неговата последна тренерска одисеја.
Точно е дека на Јувентус му треба Капело, човек кој командува строго но праведно - но. . . Капело нема да биде тренер на Јувентус.

Липи после светското првенство делува како испукана пушка. Ни еден клуб/репрезентација не се дрзна да го ангажира уште од летото. Имаше благ интерес од Украина, но се остана така. Во моментов, Липи не е човекот што може да ја врати бојата на лицето на Јувентус. Најдобро е неговото време во Јувентус да биде запаметено како позитивно. Сценарио ала "Враќање на местото на злосторот" како со репрезентацијата не му одговара на никому.

Потребна е свежа крв и нови идеи. Претежно навивачите се ограничуваат со нешто што веке поминало во Јувентус. Дали тоа значи дека Јувентус може да победува само со Капело? Или со Липи? Дали постојат само тие двајца и ако едниот од нив не е на клупата Јувентус никогаш повеке нема да освои трофеј?

Спалети би бил супер решение во ваков Јувентус. Уште додека беше во Рома лично, имав симпатии кон неговата работа. Освен што освои неколку купа што и реално е максималниот дострел на Рома, во Зенит освои 3 титули во една година.
Го познава добро првенството и не би имал проблем да не води бар додека здраво не застанаме на нозе. Факт е дека ниту еден навистина квалитетен тренер во моментов не би сакал да дојде во Јувентус кога во раце има тим кој што се наоѓа во хаотична состојба.
На Мацари и Гасперини не треба воопшто да се размислува.

Најдобро ке биде Марота и Ањели новиот тренер да го најдат час поскоро. На тој начин Марота ке има време да работи за новиот тренер и да му направи тим, кој ке одговара на неговиот модел на игра.

Освен Спалети, Вилас Боас и Дешампс се лично моите фаворити.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.451
Поени од реакции
87.189
Еве како што кажа фосил,ако ги отпишеме Липи и Капело, мои фаворити би бил Виали.Не му верувам многу на Спалети
 
HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212

Тоа дека Липи е слаб тренер и ''испукана пушка'' кажувај му го на некој друг, само еден од Липи, Дешамп и Капело можат да го вратат ЈУВЕ донекаде во нормала, Спалети и Боас ќе завршат како Дел Нери. Еве 4 години пробуваме со нешто ново како што велиш ти и гледаме како завршува сето тоа. Нешто ново нека се пробува во Самп во Палермо не е ЈУВЕ тим за непроверени ликови. Проблемот не е само во тренерот туку и во многу други фаци кои моментално се наоѓаат во клубот. Нека дојде Спалети пак ''мистер'' Марота ќе склопи тим со еден куп нови играчи и наредна година во ова време пак ќе го правиме овој муабет :wink:
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
желбите се едно,а реалноста е друго.....Капело или Липи ќе побараат осетни засилувања и многу пари за трансфери-во никој случај сега нема да си ја засенат тренерската кариера и да седнат на клупата на некој просечен италијански клуб ! дури не се случат такви промени-нема враќање на старите патеки-се ќе остане на чиста случајност !
 
С

сашенко

Гостин

Па следната спалети и некои добри засилувања и после тоа може липи или капело ке дојдат ако имаме сигурна лига на шампиони и добар состав кој веќе ветува и со неколку добри засилувања по нивна мерка да направи нешто посериозно.Тоа требаше да биде готово оваа сезона и дел нери да биде спалетито што го планираме следната а следната да дојде класа тренер со играчишча ама тоа е тоа.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.757
Поени од реакции
3.794
А божем ако дојде Липи ке го "обезбеди редот", или ке направи тим за врвни дострели ?:icon_eek:

Од репрезентацијата направи корпус на ветерани кои беа толку истрошени што не можеа да си ги држат мочалата. Една комична група го мачкаше од натпревар во натпревар и дозволи цел свет со прст да и се смее на репрезентацијата што беше бранител на таа титула. Неговата умрена замисла ја доумре целата репрезентација. Закоравеноста во неговите поими за тимот што победува не се менува, ја фрли у сенка светската титула што ја имаше до тогаш.
Липи е човек на Јувентус и го почитувам, но неговото последно тренерување беше повраќаница. После сето тоа и добри 5 години од неговата последна титула, како јас да верувам дека "ке се препороди" баш сега, во килавиов Јувентус ?
 
а каков избор имаше Липи од фудбалери ??? ПРОБА со дел од шампионската генерација да стори нешто,Липи не е ништо виновен што во Калчото немаат наследници Неста,Канаваро,Тоти,Дел Пиеро,Пирло,Замброта,Каморанези и останатите !!! Калчото не случајно ги губи натпреварите и местата во европските купови-очигледно фали од квалитет
 
Член од
7 јули 2010
Мислења
1.695
Поени од реакции
828
Доколку има шанса за Липи и Капело тие се најдобри опции.Доколку не Дешамп е мојот фаворит.Спалети последниве години го промени моето мислење за него сепак во Рома не беше ништо посебно и не ми е во поомилените менаџери.Вилас Боас има голем потенцијал но не е времето за да дојде во Јуве од причина дека нема искуство во Италија и сигурно не зборува Италијански така да би му требало време што Јуве нема простар да му го даде.Виали ми е ист тип како и Ферара.. :toe:
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.757
Поени од реакции
3.794
Липи уште во стартот почна со предрасуди да го гради тимот. Јавно извјави дека играчите што го освоиле претходното светско ке имаат приоритет во однос на останатите. Тоа го кажа у сред здрав памет иако секој човек на светов што бар малце разбира фудбал, знаеше дека ако се потпре на тие играчи осуден е на пропаст.

Таа негова репрезентација немаше никаква основа. Во 2009 имаше Куп На Конфедерации каде неговата тактика, игра, селекција беа изложени на генерална проба. Таму доживеа тотален крах исто како и на светското. Наместо да се поправи нешто, тој една година подоцна без срам и перде ја однесе истата репрезентација. Не играа најдобрите. Играа играчи на стара слава и играчи кој во минатото му донеле успех.
Доказ за неговата закоравеност.

Од неговото ангажирање до светсткото имаше 2 години. Тој не направи ништо. Ниту направи основа за иднина, ниту регрутираше нови фудбалери, ниту менуваше тактика, став, пристап, начин.
За тоа не е виновен никој туку самиот тој.

Репрезентацијата ја презема во состојба каква што во моментов се наоѓа Јувентус. За 2 години не успеа да направи ништо. Зошто, еве и што ми гарантира дека ке успее да го спастри Јувентус, и зошто тоа би му успеало сега, а не му успеа во репрезентацијата ?
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Доколку има шанса за Липи и Капело тие се најдобри опции.Доколку не Дешамп е мојот фаворит.Спалети последниве години го промени моето мислење за него сепак во Рома не беше ништо посебно и не ми е во поомилените менаџери.Вилас Боас има голем потенцијал но не е времето за да дојде во Јуве од причина дека нема искуство во Италија и сигурно не зборува Италијански така да би му требало време што Јуве нема простар да му го даде.Виали ми е ист тип како и Ферара.. :toe:
-Липи е фаворит број еден кај мене, а за дебаклот на светското негова најголема кривица е шо се нафати да ја воскреснува репрезентацијата. Не би сакал неговата репутација да настрада поради хаосот кој владее во јувентус и да му се случи уште едно светско 2010. Вервам во неговите способности но веќе има 60 и некоја година па незнам колку и тој би сакал да се замара пак.

-Капело не ми е некој омилен тренер ама со неговиот карактер е еден од ретките кои вервам дека можат да направат нешто.

-Спалети - незнам од каде на оваа стока му ја креваат толку цената. Рома не ми беше ништо посебно во неговото време, еден Раниери стигна да му држи лекции како се (не тренира туку) мотивира тим (за треирање е појќе од ок ранко)

-Дешамп - има некакви успеси и делува надежно

-Вијали - не би го споредил со Ферара бидејќи Вијали ми делува како поголем мотиватор и лидер(веројатно она шо му фали на Јуве во моментов) - го оправдувам за тоа што бара гаранција да биди тренер на подолг рок бидејќи назначвање за кертејкер е како мајтап

-Конте - мислам дека е ок тренер ама сепак несакам да се испука како Ферара нека порасни низ Сиените еднаш.

-Џентиле - ако треба кертејкер мислам дека тој е мажот. Важи за чоек со воени принципи и мислам дека можи да донеси некој ред.

-Вилас Боас - премногу ризично, успесите со Порто не ми значат многу, освен дека португалксите се истакнуваат во еурпа, ама можи да е интересна опција секако нема што да се загуби ако нема попаметна варијанта

-Мацари - мислам дека овај е една од најдобрите варијанти. млад е и успеа да го искористи потенцијалот на наполи, игра со нестандардни формации и се прилагодува по потреба. Вервам дека има потенцијал во него за да го води Јуве.
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Липи уште во стартот почна со предрасуди да го гради тимот. Јавно извјави дека играчите што го освоиле претходното светско ке имаат приоритет во однос на останатите. Тоа го кажа у сред здрав памет иако секој човек на светов што бар малце разбира фудбал, знаеше дека ако се потпре на тие играчи осуден е на пропаст.

Таа негова репрезентација немаше никаква основа. Во 2009 имаше Куп На Конфедерации каде неговата тактика, игра, селекција беа изложени на генерална проба. Таму доживеа тотален крах исто како и на светското. Наместо да се поправи нешто, тој една година подоцна без срам и перде ја однесе истата репрезентација. Не играа најдобрите. Играа играчи на стара слава и играчи кој во минатото му донеле успех.
Доказ за неговата закоравеност.

Од неговото ангажирање до светсткото имаше 2 години. Тој не направи ништо. Ниту направи основа за иднина, ниту регрутираше нови фудбалери, ниту менуваше тактика, став, пристап, начин.
За тоа не е виновен никој туку самиот тој.

Репрезентацијата ја презема во состојба каква што во моментов се наоѓа Јувентус. За 2 години не успеа да направи ништо. Зошто, еве и што ми гарантира дека ке успее да го спастри Јувентус, и зошто тоа би му успеало сега, а не му успеа во репрезентацијата ?
не должи многу-Липи немаше никаков избор за креирање на шампионски тим,јас сум фан на Италија и прогнозирав дека нема да ги поминат ни групите.....Прандели се нафати да ја реорганизира репрезентацијата-кои играчи да ги повика и со која формација да игра??? без ниеден креативец,играч од потег,лидер во тимот ? Касано,Балотели или некој сличен ќе му ја додели таа улога ? Италија уште долго ќе нема шампионски тим-погледни го Калчото и тимовите кои играат во Европа,после Фарсополи Калчото е чиста фарса од фудбал !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom