Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Моџи сигурно доаѓа на лето,или не?
 
Порано се прашував дали ќе победиме некого, сега се прашувам дали на некој тим ќе му шутнеме во гол. Какви мизерии сме, два меча не сме шутнале кон противничкиот гол. Срамота.
 
Ете го проектот Марота и Дел Нери да се вратат од кај што дојдоа гледам колку подобрија сезонава и Гатузо почна голови да ни дава
 
ке го бркат дел нери бе или не?

Ке остане за сега се да му ебам ...
Али ако нека дојде тренер у Јуни негде за нова сезона вака на сред не верувам дека ни се слободни најдобрите опции.Евентуално ако сака Липи да дојде сега па да види кои играчи би му биле потребни за следната година и да ја оправи работава колку може уште подобро.Јас мислам дека ке го тркаламе стратегов до крај на сезона.:toe:
 
Замислете се повампири, освојат Јуве 4 место и овие од управа го остават :)
 
Замислете се повампири, освојат Јуве 4 место и овие од управа го остават :)


Не зависи више само од јуве,Лацио,Рома,Удинезе оваа година играат добро.

Ако успее дел нери да фати 4-то место алал да му е.
 
навивачите го барале наводно виали до крај на сезона ..на клупата ... ке видиме шо ке се деси линк тука
 
Да кажам и јас два три збора за утакмицата иако мислам дека ќе се повторам со претходните мислења.Толку анемична игра без шут кон голот не паметам да сум видел до сега.Една изгледна шанса за гол не створивме.Марота изјавува дека сме биле рамноправни во првото полувреме.Да го потсетам,Ибра за малку ќе ни дадеше гол уште во 5 минута.Да не ја заборавам и шансата на Касано кога го прати французот на трибини.Најлошо е тоа што тимот наместо после примен гол да игра уште помотивирано нашиве уште толку се губат а тоа пак им е оправдување на управава.Психичка блокада,ма немој молим те.
Единствен излез од ситуацијава според мене е преиначување на целта.НАместо борба за 4 место да биде борба за 6 место и било каков излез во Европа.На лето се што не чини од тренер,спортски директор до играчи и разни помошници на тренинг да си замине доброволно и да се направи ремонт па тогаш цел да им биде борба за 4 место.О за малку ќе згрешев :).Целта да им биде борба за 3 место :smir:
 
никој не го долови моментот кога одбранбен на Милан(мислам Неста беше) се фрли при еден удар и бранеше со рацево 16сетникот
 
Марота изјави дека за поразот биле виновни сите,и дека не требало целосно вината да се префрли врз Луиџи Дел Нери, и е потполно во право.Виновни се сите, но по сериа лоши резултати тренерот е првиот кој треба да ја понесе одговорноста.После овој пораз шансите за пласман во Лигата на Шампионите се уште помали од претходно,а Дел Нери после серија негативни резултати не успеа да го врати тимот на победнички патеки,и мора да биде отпуштен,а на негово место да дојде тренер само за да ја заврши сезоната, а влето Ањели да донесе класа тренер од рангот на Капело, и да не се експериментира со тренери.

Ако тимот, со скоро истиот состав на играчи во првиот дел од сезоната имаше најмногу постигнати голови,имаше одлична игра,постојано беше во првите 3, тогаш тоа е знак дека тимот има капацитет за освојување на едно од првите четири позиции.Тоа е јасен показател дека тренерот ја носи најголемата вина за слабите резултати. Дел Нери имаше грешки и на вчерашниот натпревар.Дел Пиеро требаше да биде стартер,или да влезе на почетокот на второто полувреме, а наместо тоа, Дел Нери го извади од игра Лука Тони го стави Јакинта, а Дел Пиеро го стави после 80 минута. Дел Пиеро е играч кој со еден потег може да реши натпревар, а Дел Нери упорно го става Јакинта наместо него.Друга грешка на Дел Нери е тоа што ретко кога се одлучува да го започне натпреварот со различна формација од класичната 4-4-2. Кога Аквилани е повреден,и Маркизио треба да се врати на централната позиција во средината, тогаш Дел Нери наместо да ризикува со Мартинез,може да ја смени формацијата во 4-3-3,или 4-3-1-2.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom