Франко Зампа????? е поранешен полицаец кој ја водеше истрагата за аферата „Калчополи“, најголемиот скандал со лажирани мечеви што ја потресе Италија и по кој најголемиот клуб Јувентус стана второлигаш....
Зампа е инаку навивач на Јувентус, популарно наречен „јувентино“, кој по повод аферата Калчополи и четири години од неа, во својата книга околу скандалот, објави дека аферата била само плод на хистеријата на медиумите, односно дека сето тоа е измислено и дека немало докази против Јубвентус и Лучано Моџи, првообвинетиот во скандалот.
- Им ја посветувам оваа книга на сите кои ја знаат другата вистина од таа што беше во медиумите. Таа 2006 година се покажуваше дека Јувентус и Моџи се виновни. Но, натписите во досиеата, кои ги прочитав имаа недостаток на докази. Сакав да најдам нешто конкретно. Тоа беа описи на некои инциденти и апсурдни ситуации, но ниту еден прав доказ. Заклучосите се донесени без факти. Таму едноставно немаше докази. Шерлок Холмс рекол дека за да нема истрага без докази, треба да се продолжи со заклучоци. Моите колеги почнаа веднаш со заклучоци - рече Зампа.
Тој додава дека Моџи бил идеален да го распнат во медумите, од едноставна причина дека Јувентус им досади со победите во Италија.
- Тоа што објавуваа медиумите беше само ѓубре, едноставно не постои никаков доказ, а тоа што сега повторно се отвара процес е очекувано, затоа што на крајот вистината излезе на виделина - додал Зампа.
Јувентус во аферата го загуби прволигашкиот статус, а Интер, за кого сега се проширува аферата дека бил и тој дел од Калчополи го искористи сето тоа, па шест пати во низа е првак на Италија, од кои една титула ја доби адмиснистративно.
И на македонски имаше еве...ама од кај сеа ЗАМПА?