Улицата Илинденска прерасна во булевар Илинден

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.340
Денес беше пуштен во употреба булеварот Илинден на потегот од крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски до крстосницата со булеварот 8-ми Септември. Изминативе седум месеци се работеше на проширување и реконструкција на овој сегмент со должина од 2.140 метри, со што тој од тесно сообраќајно грло прерасна во современ булевар со четири коловозни ленти и зелен семафорски бран.

На проектот просечно дневно работеа околу 150 работници на главниот изведувач „Гранит“ и на подизведувачите. Во коловозот се вградени 22.700 тони асфалт и изградена е атмосферска канализација во должина од 2.313 метри и променлив профил од 400 до 1.000 милиметри. Булеварот го осветлуваат 120 столба на коишто се поставени 170 светилки со моќност од 150 до 250 вати. Изведени се 9 семафоризирани крстосници, при што се поставени 25 конзолни семафорски столбови, 35 обични семафорски столбови, 95 возачки лантерни и 76 пешачки лантерни. Поставени се и 200 сообраќајни знаци.

По должината на булеварот уредено е парковско зеленило со површина од 13.525 квадратни метри. На потегот од крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски до крстосницата кај фонтаната „Лотосов цвет“ засадени се 66, а на делот од фонтаната до булеварот 8-ми Септември засадени се 78 дрвја. За наводнување на зеленилото изведена е хидрантска мрежа во должина од 1.494 метри. Од објектот на Зоолошката градина до крстосницата со булеварот 8-ми Септември во средишниот е изградена и жардиниера со вкупна површина од 2.000 квадратни метри, за којашто се изведени дополнителни 720 метри хидрантска мрежа.

Вкупната вредност на проектот за проширување и реконструкција на Илинденска изнесува околу 201 милион денари или околу 3,3 милиони евра. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, појасни дека првично соопштената сума била пониска бидејќи таму не биле вклучени трошоците за дополнителните работи како 42 милиони денари за атмосферската канализација, 14 милиони за семафоризација, 8 милиони за осветлување и 13 милиони за уредување на зеленило. За реализација на проширувањето на сообраќајницата извршена е и експропријација на имот во вредност од 20 милиони денари. За експроприраното земјиште се доделени три еднособни и еден двособен стан. Целосно се урнати три објекти што се наоѓаа на трасата на булеварот, а делумно се урнати четири објекти.

Градоначалникот исто така нагласи дека на булеварот нема да бидат дозволени прекопи и дека во иднина ќе се налага подземно премостување за разноразните водови. Трајановски за до крајот на годината го најави пуштањето во сообраќај на проширениот дел на булевар Србија кој се гради во моментов, а за следната година отпочнување на работите на проширување на улиците Првомајска и Митрополит Теодосиј Гологанов. Изостана најава за тоа кога ќе се продолжи со дореализација на булеварот Илинден , проект кој опфаќа проширување и продолжување на трасата кон Карпош 4 и понатака кон Волково и поврзување со северната обиколница.

bul%20ilinden%2008%2001.jpg


bul%20ilinden%2008%2002.jpg


bul%20ilinden%2008%2003.jpg


bul%20ilinden%2008%2004.jpg


bul%20ilinden%2008%2005.jpg


bul%20ilinden%2008%2006.jpg


bul%20ilinden%2008%2007.jpg


bul%20ilinden%2008%2008.jpg


bul%20ilinden%2008%2009.jpg
 
Каде се тие што се бунеа пред да се почни да се прави. Е вака бидува главен град, со широки улици и булевари.
 
Изгледа супер. Сигурен сум дека и функционира исто така. Голем дел од градскиот метеж ќе почуствува олеснување, барем во овој дел од градот.
 
Супер, само што толкава реклама, направиле улица. Па тоа ви е работа бе луѓе, али ај ќе им простам барем направиле нешто.
Иначе мислам дека сме единствена држава во свет каде што се прави улица, па после 1 година истата се копа за канализација. Барем јас знам неколку примери.
 
Изгледа супер. Сигурен сум дека и функционира исто така. Голем дел од градскиот метеж ќе почуствува олеснување, барем во овој дел од градот.

Се согласувам дека изгледа супер, ама метежот нема да се олесни, уште 5 километри да ја прошират пак ќе има огормен метеж, заради сообраќајната (не)култура кај нас. :)
 
Се согласувам дека изгледа супер, ама метежот нема да се олесни, уште 5 километри да ја прошират пак ќе има огормен метеж, заради сообраќајната (не)култура кај нас. :)

грешка. Сега ќе се растерети гужвата што ја имаше на Партизанска. Времето ќе покаже :wink:
 
Едно големо Браво за тоа што засадиле нови дрвца како замена за пресечените!
 
грешка. Сега ќе се растерети гужвата што ја имаше на Партизанска. Времето ќе покаже :wink:

Додека не се “реновира“ сообраќајната култура - НИКОГАШ нема да се растеретат гужвите и нервозите на возачите. :wink:
 
Булеварот е убав и корисен.Плус од мене.
 
Одлично сообраќајно решение чекаме и други долгонајавувани улици да прераснат во булевари.

ПС. И возете повеќе точак :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom