Границата Србија-Македонија ќе се минува со лична карта

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Иницијативата пристигна од Србија, а ја соопшти министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ по средбата со министерката Јанкуловска.

images


Предлогот е прифатен но сега правните експерти ќе бараат модус тоа да се реализира. Варијантите се со одлука на влада, меѓудржавен договор или пак ревизија на постоечкиот од време на сојузна Република Југославија.

Ваков договор Србите веќе имаат со Црна Гора и Босна, а ја разгледуваат можноста истото да им го предложат и на Хрватите.
За нас ќе е прв, а во земјава влегуваат со лична карта само граѓани на земји од Европската унија.

Како показател од почетокот на годинава во земјава влегле 3,5 милиони Срби. За почеток договорено и потпишано граѓаните од Србија и Македонија од регионот на преминот Голеш Црцорија македонско српската граница да ја минуваат само со лична карта.
gordana-jankulovska.jpg
Гордана Јанкуловска

„Мислам дека е наш заеднички интерес и дека граѓаните на Србија и Македонија тоа ќе го поздрават, да можат да патуваат без пасош само со лични карти. Ќе ја најдме правната форма и начин како со тоа да го оневозможиме ширењето на криминалот“, изјави Ивица Дачиќ.

„Ја отворивме иницијативата, односно прашањето за заедничка гранична контрола на заеднички граничен премин во железничкиот сообраќај со што дополнително ќе се придонесе за протокот на патници и стоки преку железничкиот сообраќај“, вели Гордана Јанкуловска.

Исламскиот радикализам постои на овие простори и не е исклучено регионот да биде база за регрутирање на таканаречена бела Алкаеда констатира српскиот министер Дачиќ.

Не ја исклучува можноста вахабистите и во двете земји да имаат цели за напад, но сепак не смета дека голема закана по безбедноста не постои.
Двајцата министри задоволни од меѓусебната соработка најавуваат и заеднички вежби на полициите.

Останува определба за сузбивање на организираниот криминал, тероризмот, трговијата со наркотици и луѓе.
 
За сите важи, исто ко што беше до 95 година.
 
Па поубаво од ова нема уствари истото како од сфрј ке се врати
 
Уште со бугарите ама тие се у ЕУ, тешко со нив.
А за овој договор Браво и шуќур, добра иницијатива.
 
Супер еве олеснување претежно за Србите кои одат на одмор во Охрид, иако и за нас не е лошо :)
 
Граѓаните кои живеат на оддалеченост до 30 километри на македонско-српска граница ќе можат да ја преминат само со лични карти, се договорија на денешната средба министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и српскиот министер за внатрешни работни, Ивица Дачиќ. http://tocka.com.mk/index12.php?ID=20042
 
Граѓаните кои живеат на оддалеченост до 30 километри на македонско-српска граница ќе можат да ја преминат само со лични карти, се договорија на денешната средба министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и српскиот министер за внатрешни работни, Ивица Дачиќ. http://tocka.com.mk/index12.php?ID=20042
а наскоро тоа ќе важи за сите ЛИНК добар потег од властите,треба да продолжат со слични активности
 
ova dobra rabota sho napraele. a dali ce mozhe i so istecena licna karta preku granica?

ili ako ne mozhe, so zdrastfvena knishka so slikicka?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom