Енџи (Angelina Jolie) згрозена од најавата за палење на Куранот
"Денот за палење на Куранот" според америкаснкиот пастор Тери Џонс, кој сака со тоа да ја одбележи 9 годишнината од нападот на САД, ја шокираше светската хуманитарка. Најавата за палење на Куранот, со која пасторот Тери Џонс сака да предупреди дека Исламот е многу поопасен и насилен отколку што се мисли, ја згрози светската јавност, па и Анџелина Џоли.
"Неможам да пронајдам зборови за некој кој сака да запали нечија света книга" - кажала Џоли во текот на посетата на Пакистан.
Како што пренесуваат медиумите, Џоли била разочарана од тешката состојба во која се наоѓа таа земја поради неодамнешните поплави, но и дека истовремено е обесхрабрена поради тоа што не добивала доволно медиумска подршка.