Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.448
- Поени од реакции
- 5.134
Последни обиди свештеникот Тери Џонс од американската христијанска црква на Флорида да се убеди да не го организира палењето на светата муслиманска книга куранот на 11-ти септември, годишнината од нападот на САД.
Имамот Мухамед Мусри од Флорида скептик дека неговиот разговор со свештеникот Џонс ќе вроди со плод.
„Никогаш не е доцна да се откаже такво нешто. Му кажав како целиот свет ќе го цени и ќе му се восхитува на храброста ако се предомисли“, вели Имам Мухамед Мусри.
„Ме радува тоа што сме единствени во осудата на овој настан, што јасна порака упатија американските лидери од сите вери, евангелистичката црква и американскиот државен врв“, изјави Хилари Клинтон.
Најавеното палење на куранот, покрај властите во Вашингтон го осудија и Ватикан, ЕУ, глумци, верски лидери и експертите се дел од противниците.
„Тоа е чин со кој се покажува елементарно непочитување кон слободата на верата и религијата. За мене тоа е погрешно и одвратно“, рече Ангела Меркел.
„Должност на муслиманите е да реагираат. Ако се запали куранот, тогаш реакцијата ќе биде - американците ќе бидат убивани насекаде“, изјави Мухамед Муктар, муслимански свештеник.
„Ме остава без зборови помислата дека некој има намера да запали религиозна книга“, рече Анџелина Џоли.
Но и покрај овие осуди, свештеникот од Флорида засега не се откажува од својата намера. Следбениците на оваа мала евангелистичка заедница соопштија дека палењето на куранот претставува предупредување до радикалните исламисти.
А1