Двајца убиени и еден тешко повреден во пукотница во населбата Аеродром

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
бидејќи има некои проблеми кај мене со сајтот. еве линк само од мене,

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/mak...-povredeni-vo-pukotnica-vo-naselbata-aerodrom


ЕДИТ:

Тројца припадници на МВР изрешетани до смрт во скопски Аеродром

Со калашников в раце влегол и изрешетал тројца додека јаделе во рибниот ресторан. Излегол, ја фрлил пушката пред влезот и избегал.

Еден починал на лице место, другите двајца со тешки повреди се пренесени во Ургентниот центар каде се уште трае операцијата.

Со пискотници минувачи, тинејџери од блиската сендвичара во паника бегале насекаде низ скопски Аеродром.

Се слушале рафали низ целиот блок. Станарите од соседните згради шокирани од пукотниците но и од ладнокрвноста на убиецот.

Од МВР не го откриваат идентитетот на убиениот и на повредените. Детали нема ниту за убиецот.

Полициски извори за А1 велат дека сите тројца се припадници на МВР. Убиениот бил висок функционер во МВР од Велес - дел од личното обезбедување на министерката за внатрешни Јанкулоска.

Еден од повредените пак бил баџанак на член на обезбедувањето на премиерот Груевски.

Со нив била и една девојка која бил однесена на распит во полициска станица. Засега од МВР нема официјална потврда на овие информации.

Но, на местото каде се пукаше дојде речиси целиот кабинет на Јанкулоска. Вработени во кадровското одделение, како и задолжени за протокол.

За инцидентот не сакаа да зборуваат ниту роднините на повредените кои чекаа пред ургентниот центар. Пред болницата имаше неколку полициски возила. Нема информација за здравствената состојба на ранетите.

http://www.time.mk/read/beb14ae537/3d90e90f27/index.html
 
А во која рибарница се случило тоа, во таа до сендвичарата Седмица или им аво Аеродром и некоја друга рибарница?
 
какви МВР нема врска... 2ца ги познавам од убиените .. ц ц ц
еден е од МВР некој шо седел со нив ..

метата бил Ркулот .. Јордан Јорданов .. сега кажаа на Канал5 и ми се јавија пред 20тина мин не ми се веруеше ..
 
Починаа и останатите двајцата ранети во престрелката во Аеродром и вкупната бројка на убиени вечерва се искачи на тројца.

Според првичните информации на полицијата повеќе истрели се слушнале од пржилницата во трговскиот центар "Три Бисери" во скопски Аеродром. Еден од застреланите загинал на лице место, додека две биле тешко повредени и пренесени во болница. Подоцна од тежината на ранетите починале двајцата ранети на клиниката КАРИЛ во Скопје.

Според очевидци човек на возраст од околу 50-тина години со пиштол влегол во објектот и ги застрелал трите момчиња кои седеле внатре на една маса. Подоцна излегол, го оставил оружјето и со автомобил избегал од местото на престрелката.

Неофицијалните информации говорат дека убиецот седел на иста маса со жртвите и со уште една девојка, а по кратка расправија си заминал од локалот. Се вратил со оружје по 20-тина минути и ги застрелал луѓето со кои седел на маса.

Канал 5 јавува дека цел на нападот бил извесен Јордан Ркулот од Велес, кој беше осомничен како дел од велешката "Франкфурт мафија". Покрај него настрадал и извесен Владо викан Црни, близок роднина (баџанак) на шефот на обезбедувањето на премиерот Груевски, Дејан Митровски-Урко.

Официјално од полицијата се уште не се соопштени никакви детали за убиените и за напаѓачот, ниту за мотивот.

www.zdravo.com.mk
 
До Седмица

Кога сум во Скопје таму редовно јадам, најдобра риба имаат во градот ама ете ќе се најде некоја будала да ти го расипе апетитот!!!
Нека почиваат во мир жртвите на оваа трагедија!
 
какви МВР нема врска... 2ца ги познавам од убиените .. ц ц ц
еден е од МВР некој шо седел со нив ..

метата бил Ркулот .. Јордан Јорданов .. сега кажаа на Канал5 и ми се јавија пред 20тина мин не ми се веруеше ..

Кој од мач живее од мач и ќе умре...
П.С. Пред малце го фатиле типчето звани Ркул!
 
какви МВР нема врска... 2ца ги познавам од убиените .. ц ц ц
еден е од МВР некој шо седел со нив ..

метата бил Ркулот .. Јордан Јорданов .. сега кажаа на Канал5 и ми се јавија пред 20тина мин не ми се веруеше ..
Чек малце... еден од убиените е Урко??? нема шанси
 
100% било за девојката. оти седела и некоја девојка која излегла не допрена

тоа ти се мафии дете
 
Чек малце... еден од убиените е Урко??? нема шанси

Кај прочита Урко ..

--- надополнето ---

Кој од мач живее од мач и ќе умре...
П.С. Пред малце го фатиле типчето звани Ркул!

Го фатиле убиецот на автопат Скопје-Велес .. Ркулот е убиениот ..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom