Кога ќе ги споиш Раде Кончар,кабли Неготино,греачи и слично во еден производствен погон,тогаш ќе збориме за извоз.Додека сите си седат настрана и си произведуваат делчиња,дотогаш Македонија ќе биде увозна земја.А и не би сакале да се спојат,оти вака им е убаво.
ти изгледа не ме свати мене... зашто да ги спојуваш различни фабрики во еден производствен погон? никој неможе тоа да го направи. она што на нив им е убаво да се поделени,јас би им го направил уште поубаво. ке им нарачам на неготино 16 километри кабел, на кончар 5000 склопки, на валавница 30 киломтерти лим, од електро лукс ке земам 40.000 греачи (и за толкави количини ке добијам сосем други цени нормално) ке земам 10 заварувачи, 10 виткачи на лим, 2 фарбари и 3 електричари. го добиваш сопствениот погон во кој ТИ си производител. ти виткаш лим, ти правиш казани и на крајот ти си тој што организирал производство на финален продукт. и ете ти извоз на евтини котли со нај конкурентна цена во европа и балкан. 90% од потрошачите ке се префрлат од другите на тебе, зашто они не ке можат да ти ја срушат цената. лично сум ги правел калкулациите како изгледа да се склопи еден електричен котел. значи за 1 целосен котел, цената излага околу 200 евра. а замисли за 5.000 колкава би била производната цена? никој во европа нема да може да ја сруши таа цена. не ке може да се постигне со производство после еден извесен период...
меѓутоа... за се ова треба капитал за а се почне. потребни се барем 100.000 јуреци за почеток... а такви кои можат да издвојат таа сума во мк не се ни малку ни многу, ама повеќето одма ги трошат за увоз на некоја брендирана роба. и парите идат надвор, наместо на 100.000 евра, кои ке се свртат низ македонија, по македонски фирми, македонски производители и плати на македонски граѓани и при тоа на секоја таа цифра да влезат нови 150.000.... тоа е поентата на извозот на домашен продукт. глеј ги словенците и хрватите мама расплакаа со извоз на млеко... растурија човече... па имаат силна економија... е па имаат... јас се фатив за котел пошто тоа ми е бранша.
еве за радијатори... во гевгелија има грчка фирма за производство на панелни радијатори.... што мислиш зашто гркот отворил на сама граница ама од оваа страна на границата таква фирма? па нормални, заради работната рака која е 5 пати помала одколку во грција. си носи од грцијалимови, материјали и се што треба само раб. рака е македонска. а што мислиш може ли гркот да донесе-увезе поевтини лимови (челични) од грција одколку што може домашна фирма како валавница да ти ги продаде? а да не збориме што имаш поврат на ддв-то од 18% на целата сума... и на крајот на тие радијатори им се лепат грчки декларации, нормално. зар не му текна на некој од нашиве бизнисмени наместо да увезува радијатори, истите да ги произведува па да извезува со конкурентни цени? наш човек од македонија ја купи фабриката во гњилане за панелни радијатори и брендот југотерм и со налепница југотерм парче прави низ европа... зашто не и кај нас да се отвори капацитет, кога сите потребни материјали ги имаш на тацна?
п.с. за оние што ке спомнат или прашаат... алгрета од ресен произведува само алуминиумски радијатори, а панелните се по евтини и далеку по барани... односот е 1:10 на алумински спрема панелни во побарувачка
--- надополнето ---
ауууу... ама сум се изнапишал....