Ваша идеја за бизнис во Македонија

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Ја отварам групава за да разгледаме најразлични предлози за бизнис во Република Македонија.

Мора да наведете факти и причини за нивното економско оправдување, на кој регион ке се работи, на кое поле, начинот на кој што ке работи.
Може и да дадете предлог за усовршување на некој бизнис што го знаете.
Секој предлог мора да биде во рамките на законските регулативи, а не во спротивност со нив.

ПС ако темава е дупликат се извинувам...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Можеби не е во согласност со темата..ама едно мислење ми треба..кој бизнис би работел подобро..произвотствен или услужен сектор..пример почнуваш бизнис со еднаков капитал и што да почнеш? дали производство на пример храна или да отвориш ресторан..Кој сектор би бил попрофитабилен и би се исплател кај нас.. Знам дека за кафаните нема зима :)
 
коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Па зависи каде планираш да работиш, дали има недостиг и дали воопшто го има тој бизнис во определен регион. Ако нема многу ресторани во одреден крај отворање на ресторан би било добра идеја затоа што клиентите би немале голем избор на ресторани и би го посетиле. Истото и со производството на храна.

Да за кафаните нема зима. Јас сум од Кавадарци па за кафаните никогаш нема зима кај нас
 
Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Според мене во момент вистински бизнис на кој треба максимално да се дејствува е пакување и обработка на овошје и зеленчук, имам развиено многу добар бизнис план за ова. Прошетајте низ пазарите во Македонија ќе видете прекрасно овошје и зеленчук меѓутоа меѓу нив ќе наидете на скапани овошки кои сакаат да ви ги подметнат несоодветно спаковани без никаков HACCP систем и слично, е сега замислете да се најде некој кои ќе вложи околу 20.000 евра да инвестира во една машина за паковање или вакумирање на овошје и зеленчук се разбира претходно сортиран и грижливо одбрани, со HACCP систем кој гарантира безбедност на храната, со добра промоција и маркетинг може да порасне во многу добар бизнис, следно што треба да преземи претприемачот што би се занимавал со овој бизнис е извоз во странство, цената на еден килограм лубеници во Грција е 1 евро(пример) а кај нас можеш да ја земеш за 5 денари и уште 40 да имаш трошоци 15 денари имаш чист профит на еден килограм лубеница (се разбира ова е хипотетички кажано без никаква пресметка ). Не бара големи инвестиции овој бизнис, според некои мои пресметки кои ги имам правено околу 20.000 илјади евра би биле повеќе од доволни.
Се разбира и овој бизнис има слаби страни меѓутоа не е овде место за анализа на бизнисот го наведов само како пример.
Имајте на ум дека овој бизнис може да биде потпомогнат и од бројните Европски фондови.
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
136
Поени од реакции
32
Pa jas da vi kazam razmisluvam na nosenje na nekoj proizvod od stranstvo ili zastapnik za nesto od stranstvo aj nekoj ako znae nesto za toa neka kaze
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
а да размислувате во правец на производство од МК па извоз во странство? кога барем 20% од трговциве наши би се преориентирале наместо на увоз, да идат на извоз, или барем на реекспорт на трговска роба, македонската економија би зацврснала и би била појака барем за 50% од сегашната. читајте колку средства сеодлеваат од касата кај нас со тој трговски дефицит. секоја година е се поголем и поголем. тоа се пари што излегуваат од дома и не се враќаат веќе никогаш...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

Кое производство драг мој онак?Па ќе не изеде конкуренција надвор со се партали :)
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Како што ја гледам цената на становите во Скопје по 1500 евра од квадрат и пола се продадени однапред ако има некој врски во министерството за врски или општина нека бара ниви, дозвола за маркица и почнува да гради. Со оваа цена на работните ресурси и материјалите за вградување мене ова ми изгледа најдоходовен бизнис.

Не се нормални 1500 евра квадрат стан на Водно, да го ренташ 130 години нема да ја повратиш инвестицијата
 
коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
а да размислувате во правец на производство од МК па извоз во странство? кога барем 20% од трговциве наши би се преориентирале наместо на увоз, да идат на извоз, или барем на реекспорт на трговска роба, македонската економија би зацврснала и би била појака барем за 50% од сегашната. читајте колку средства сеодлеваат од касата кај нас со тој трговски дефицит. секоја година е се поголем и поголем. тоа се пари што излегуваат од дома и не се враќаат веќе никогаш...
Точно.

Кое производство драг мој онак?Па ќе не изеде конкуренција надвор со се партали :)
Не мора да значи. Треба само добра проверка на пазарот за кој е наменет производот, да се спореди и унапреди во споредба со другите и може да се направи добра продажба. Македонија во споредба со другите земји(мислам од ЕУ има евтина работна сила) што би придонело за пониска цена на производите. На пример земјите од ЕУ секогаш купуваат земјоделски производи од органско производство по добри цени. Македонија во одредени земјоделски култури има добри услови да ги произведува и продава без проблем, со малку постручен кадар.
Мислам дека тука лежи шансата на Македонија за зголемен ивоз, бидејќи не гледам некој просперитет во друга гранка за извоз. Македонија има многу невработени, не толку јака инфраструктура, и големи површини погодни за одгледување на земјоделски култури, и голем дел од невработените и вработените во РМ се занимаваат со земјоделие.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Кое производство драг мој онак?Па ќе не изеде конкуренција надвор со се партали :)
зашто да не изеде конкуренција? со песимизам ако се гледа тогаш си во право. не ти треба превише за да испиташ пазар. еве од мое гледиште, т.е. моја професија ке кажам. котлови на струја. имаме ладна валавница која ги обезбедува сите потребни материјали за казани, кутии и слично. ја имаме електро лукс на пример или кобил битола кои произведуваат греачи, понатака раде кончар произведува склопки, неготино за кабли и фала богу имаме заварувачи и фарбари низ македонја колку сакаш. сето ова дава продукт наречен ЕЛЕКЕТРИЧЕН КОТЕЛ кој кај нас од увоз се продава по цена од 350 до 700 евра по комад. јас рака во оган ставам дека кога ке се пресмета на големо производство цената нема да му прејде повеке од 160-170 евра до нај скапиот од 450 евра кај нас. се вкупно т.е. материјали и работна рака. значи тоа е финална цена која е доста конкурентна на пазарот, да не речам пониска нема да има. зашто? затоа што кај нас има котлови од италија, германија, франција, аустрија, грција.... сите тие имаат по минимум 5 пати повисока работна рака одколку кај нас. значи тоа не е само раб. рака за котелот, туку и за оние што работата во валавница на лимови, 5 пати повисока раб. рака и за оние што работат на производство на склопки, кабли и слично дадов пример од моја бранша... нека даде некој своја...

ај смешно ама вистинито уште едно прашање.... дали знаете дека ПИПЕРКИ само во мк има и во грција? нагоре веќе нема... просперираат само бабури...
 
Точно. Бидејќи за сите компоненти на електричен котел во странство работната рака е повисока и финалната цена на самиот производ е повисока. Треба некој да го увиде и да ја искористи ситуацијата, евтината работна рака и материјали и да почне да произведува, не само електрични котли туку и многу други работи. Со тоа би се намалила невработеноста, повеќе прилив во буџет од даноци, придонеси, профит и тргна државата. Но не може се во една ден.
Како што кажав Македонија има иднина во земјоделието, особено органско производство.
Одгледување на јагоди на пример. Можат да се одгледуваат голем број на корени на релативно мал простор. А и не бараат многу работа за одржување, систем капка по капка и немаш гајле. Секако се во затворен простор па со органско прскање еднаш или двапати и толку е работата. Цената на јагодите во РМ во последните 5 год е во пад но се бележи мал пораст, а и башка не паднала под едно евро за килограм.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
зашто да не изеде конкуренција? со песимизам ако се гледа тогаш си во право. не ти треба превише за да испиташ пазар. еве од мое гледиште, т.е. моја професија ке кажам. котлови на струја. имаме ладна валавница која ги обезбедува сите потребни материјали за казани, кутии и слично. ја имаме електро лукс на пример или кобил битола кои произведуваат греачи, понатака раде кончар произведува склопки, неготино за кабли и фала богу имаме заварувачи и фарбари низ македонја колку сакаш. сето ова дава продукт наречен ЕЛЕКЕТРИЧЕН КОТЕЛ кој кај нас од увоз се продава по цена од 350 до 700 евра по комад. јас рака во оган ставам дека кога ке се пресмета на големо производство цената нема да му прејде повеке од 160-170 евра до нај скапиот од 450 евра кај нас. се вкупно т.е. материјали и работна рака. значи тоа е финална цена која е доста конкурентна на пазарот, да не речам пониска нема да има. зашто? затоа што кај нас има котлови од италија, германија, франција, аустрија, грција.... сите тие имаат по минимум 5 пати повисока работна рака одколку кај нас. значи тоа не е само раб. рака за котелот, туку и за оние што работата во валавница на лимови, 5 пати повисока раб. рака и за оние што работат на производство на склопки, кабли и слично дадов пример од моја бранша... нека даде некој своја...

ај смешно ама вистинито уште едно прашање.... дали знаете дека ПИПЕРКИ само во мк има и во грција? нагоре веќе нема... просперираат само бабури...
Кога ќе ги споиш Раде Кончар,кабли Неготино,греачи и слично во еден производствен погон,тогаш ќе збориме за извоз.Додека сите си седат настрана и си произведуваат делчиња,дотогаш Македонија ќе биде увозна земја.А и не би сакале да се спојат,оти вака им е убаво.

Патем пиперки има кај нас,да.Еве сега од мојата бранша ќе ти кажам.Се извезуваат во ладилници на температура за одржување.Додека не им дојде сезона,газдите на овие капацитети се понашаат како говеда,даваат ниска цена за превоз,па не ти даваат тури и слично.Денес е екот на извоз....камионџиите не им возат ни за дупло повисока цена на превоз.Нема ладилници во Македонија,има пиперки за извоз...ќе скапат и ќе изгубат на квалитет.Сите се заглавени негде надвор,неможат да се вратат оти Македонија нема толку голем капацитет ни на увоз за да ги врати.И така доаѓаме пак до неорганизирано производство.И така...:)
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Кога ќе ги споиш Раде Кончар,кабли Неготино,греачи и слично во еден производствен погон,тогаш ќе збориме за извоз.Додека сите си седат настрана и си произведуваат делчиња,дотогаш Македонија ќе биде увозна земја.А и не би сакале да се спојат,оти вака им е убаво.
ти изгледа не ме свати мене... зашто да ги спојуваш различни фабрики во еден производствен погон? никој неможе тоа да го направи. она што на нив им е убаво да се поделени,јас би им го направил уште поубаво. ке им нарачам на неготино 16 километри кабел, на кончар 5000 склопки, на валавница 30 киломтерти лим, од електро лукс ке земам 40.000 греачи (и за толкави количини ке добијам сосем други цени нормално) ке земам 10 заварувачи, 10 виткачи на лим, 2 фарбари и 3 електричари. го добиваш сопствениот погон во кој ТИ си производител. ти виткаш лим, ти правиш казани и на крајот ти си тој што организирал производство на финален продукт. и ете ти извоз на евтини котли со нај конкурентна цена во европа и балкан. 90% од потрошачите ке се префрлат од другите на тебе, зашто они не ке можат да ти ја срушат цената. лично сум ги правел калкулациите како изгледа да се склопи еден електричен котел. значи за 1 целосен котел, цената излага околу 200 евра. а замисли за 5.000 колкава би била производната цена? никој во европа нема да може да ја сруши таа цена. не ке може да се постигне со производство после еден извесен период...

меѓутоа... за се ова треба капитал за а се почне. потребни се барем 100.000 јуреци за почеток... а такви кои можат да издвојат таа сума во мк не се ни малку ни многу, ама повеќето одма ги трошат за увоз на некоја брендирана роба. и парите идат надвор, наместо на 100.000 евра, кои ке се свртат низ македонија, по македонски фирми, македонски производители и плати на македонски граѓани и при тоа на секоја таа цифра да влезат нови 150.000.... тоа е поентата на извозот на домашен продукт. глеј ги словенците и хрватите мама расплакаа со извоз на млеко... растурија човече... па имаат силна економија... е па имаат... јас се фатив за котел пошто тоа ми е бранша.

еве за радијатори... во гевгелија има грчка фирма за производство на панелни радијатори.... што мислиш зашто гркот отворил на сама граница ама од оваа страна на границата таква фирма? па нормални, заради работната рака која е 5 пати помала одколку во грција. си носи од грцијалимови, материјали и се што треба само раб. рака е македонска. а што мислиш може ли гркот да донесе-увезе поевтини лимови (челични) од грција одколку што може домашна фирма како валавница да ти ги продаде? а да не збориме што имаш поврат на ддв-то од 18% на целата сума... и на крајот на тие радијатори им се лепат грчки декларации, нормално. зар не му текна на некој од нашиве бизнисмени наместо да увезува радијатори, истите да ги произведува па да извезува со конкурентни цени? наш човек од македонија ја купи фабриката во гњилане за панелни радијатори и брендот југотерм и со налепница југотерм парче прави низ европа... зашто не и кај нас да се отвори капацитет, кога сите потребни материјали ги имаш на тацна?

п.с. за оние што ке спомнат или прашаат... алгрета од ресен произведува само алуминиумски радијатори, а панелните се по евтини и далеку по барани... односот е 1:10 на алумински спрема панелни во побарувачка

--- надополнето ---

ауууу... ама сум се изнапишал....
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Ти држи вода ова што го пишуваш Онак, при поголемо производство фиксните трошоци значително опаѓаат со тоа и цената на финалниот производ, работна сила колку сакаш за 9 илјадарки, суровините и материјалите со рабат при толкава нарачка, само тешкото ќе биде да се пробиеш на странскиот пазар, за тој сегмент не сум сигурен како ќе биде, иначе како замисла е многу добро.
Конкретно за твојата фирма, газдата со добар бизнис план може да извади кредит од некоја од банкиве.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom