Економски факултет

Статус
Затворена за нови мислења.

juve_persempre

▐ I am VIKING▐
Член од
17 февруари 2010
Мислења
296
Поени од реакции
83
Vonreden sum KUB vtora godina mi ostana samo eden predmet da polozam, ako ne go polozam sega dali mozam da zapisam 3 godina plssssssssssssssssssssssssss neka pise nekoj ako znae nesto :smir:
FALA ODNAPRED !
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
Сакам да прашам нешто во врска со запишувањето на бруцоиште..Колку чини еден индекс? и Дали оди заедно со цената студенска легитимација или тоа посебно?и уште само едно дали овие работи ќе бидат достапни во книжарата?
Да, ги има во книжарата, нормално, а легитимацијата, индексот, уплатниците и другите слични работи ме чинеше се на се околу 700 или 900 денари (не памтам убаво), ама знам дека откако ќе се платеше и уплатеше се, излегуваше околу 100 евра :)
 
juve_persempre

▐ I am VIKING▐
Член од
17 февруари 2010
Мислења
296
Поени од реакции
83
DALI IMA NEKOJ STO GO POLAGAL BILANS NA PLAKANJE NA ISPIT I MU BIL NA PISUVANJE???AKO IMA GO MOLAM NAJMNOGU DA MI SE OBRATI ZOSTO MN MI TEBA ...FALAAA:))))
 
Член од
26 декември 2009
Мислења
43
Поени од реакции
1
Гледам дека има некои благи измени во предметите (измени барем има за сметководство втора година, за други не знам).
Ме интересира какви предмети се информациски технологии и математички методи (лесен/тежок, мал/обемен материјал и сл.) и дали е полесно да се фаќат на колоквиуми, дали се тешки на испит (затоа што се во ист семестар со менаџмент, сакам еден на оставам на испит)... Или пак некој изборен да ми остане на испит? Колеги?
За какви благи измени станува збор? Нешто поврзано со распоредот на предметите во зимски, летен семестар или ... ?
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
За какви благи измени станува збор? Нешто поврзано со распоредот на предметите во зимски, летен семестар или ... ?
Да. Во зимски беа само математички методи и основи на менаџмент, а во летен имаше 4 задолжителни, а сега и информациски технологии е префрлен во зимски, и пак е 3 на 3. Листата на задолжителни (и изборни) ја имаш тука
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.000
Поени од реакции
5.635

Математички методи НИКОГАШ не бил во зимски семестар, исто и Информациони технологии. Не се водите според податоците на веб страната, бар за старата програма беа погрешни.

--- надополнето ---

Еве гледам дека и по нова програма имаат грешки.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
Математички методи НИКОГАШ не бил во зимски семестар, исто и Информациони технологии. Не се водите според податоците на веб страната, бар за старата програма беа погрешни.
Сакаш да кажеш дека програмата на интернет им е грешна? Јас не се сложувам, бидејќи прееске беше недостапна страната, ваљда ги вршеле измените или што ти знам јас.
Еве за прва година, сметководство е ставен во летен, а лани и годините претходно беше во зимски. Е-бизнис лани беше во летен, а претходната годна им бил во зимски. Вчера информациски технологии беше во летен, а еве сега е ставен во зимски. Не е можно туку-така да си ги преместуваат предметите, без да забележат дека не е во ред.
Нели факултетот ни беше со 3, сега ќе е со 2 колоквиуми. Факт е дека факултетот претрпува реформи, ваљда имаат реформи и во предметите.
 
СтрумичанецО

infinite harmonies...
Член од
21 март 2006
Мислења
506
Поени од реакции
46
Гледам дека има некои благи измени во предметите (измени барем има за сметководство втора година, за други не знам).
Ме интересира какви предмети се информациски технологии и математички методи (лесен/тежок, мал/обемен материјал и сл.) и дали е полесно да се фаќат на колоквиуми, дали се тешки на испит (затоа што се во ист семестар со менаџмент, сакам еден на оставам на испит)... Или пак некој изборен да ми остане на испит? Колеги?
незнам оваа година како е со деловниот јазик, т.е. во кој семестар е сместен и дали ти "лежат" јазици, но јас би ти препорачал да си го оставиш англиски од изборните (ако ти е во план да го земеш) за испит.. јас го земав на колоквиуми но прелесен бил и на испит.. полуписмени го положија со високи оценки. инаку оваа година која помина, инф. технологии и мат. методи беа во летен семестар и ги земав на колоквиуми.. збор два за предметите/
информациони технологии предава Сашо Јосимовски, со асистентите од е-бизнис тимот, Мијалче и Марина. првите 2 колоквиуми се теорија, третиот е практичен на компјутер. колоквиумите му беа соодветно 30/40/30 бодови, границата му е на 50%, иако за првиот пушташе и со 10 од 30, под услов да се надокнади на втор колоквиум, со што од првите 2 ќе се има минимум 35/70 услов за полагање практично. годинава, на практично пушташе и оние кои имаат 31-34/70, исто така условно да надокнадат на практичниот. првите два колоквиуми се по околу 130-150 страни, не се многу обемни бидејќи најголем дел од работите се познати од информатика од средно и од општо познавање на компјутери, мрежи и сл., меѓутоа прашањата му беа доста незгодни, посебно првиот колоквиум... незгодни во стилот на паднаа прашања кои ретко некого да ги очекуваше, некои глупи статистички податоци од неговите презентации и општо земено небитни делови за предметот, додека од поделбите, лекциите, дефинициите и некоја формула т.е. само една памтам со логаритмрањето, паднаа малце прашања. има прашања и на заокружување и на пишување, јас најповеќе се извадив на отворените прашања, бидејќи носеа повеќе бодови, а имаш слобода и да ја иступиш донекаде одоколу пред да дојдеш до решението/заклучокот на твојот муабет. вежби обавезно присуство, не пуштаат списоци и не е задолжително, но Мијалче уште кога ќе почнете со решавање на задачите ќе ви соопшти некои статистички податоци за тоа од оние редовните на присуство колку положиле а колку паѓаат.. во целост сум согласен со него, не испуштив вежби, задачите не се воопшто тешки иако на почетокот додека да се влезе во шемата се прилично чудни и прелесно поминав на практичниот дел.
Математички методи ... предава Вера Наумовска.. жената толку нема контрола на часовите, башибозуците се нула во споредба со студенти на предавање по мат. методи. Пушта списоци и дава доста бодови за присуство, годинава пушти 12-13 списоци и секој носеше по 1,4 бодови, без разлика колку пати си бил присутен, ги впишува бодовите во конечната оценка. колоквиумите апла предавање атмосфера со благи екстремности..жената нема асистенти/демонстратори да држат вежби, Кире Наумов (математика) одвреме навреме доаѓаше додека полагаме да види до кај сме, се полага во двете копмјутерски лаборатории, прво се полага теорија (прелесни прашања од книгата) пола саат, па потоа задачи. Задачите се скроз исти од позади по секоја тема задачите за вежбање, неретко на колоквиумите студентите доаѓаа со УСБ и готови решени задачи од дома, па летаа објекти, цедиња, листови и усб флешови на сред полагање, контрола НУЛА. Многу луѓе го положија преку колоквиуми, верувам дека и оние кои останале на испит немале некои тешкотии при полагањето... не дека се лесни задачите, без вежбање ко теле у шарена врата ќе ги гледаш на полагањето, но поради тоа што исти задачи вртат со генерации наназад веќе е пробиен кодот.
и да не ја тупам уште... со оглед на околностите, лесни предмети и лесно се поминува, немаш потреба според мене да оставаш нешто за испит, вози ги на колоквиуми. :)
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.000
Поени од реакции
5.635
Сакаш да кажеш дека програмата на интернет им е грешна? Јас не се сложувам, бидејќи прееске беше недостапна страната, ваљда ги вршеле измените или што ти знам јас.
Еве за прва година, сметководство е ставен во летен, а лани и годините претходно беше во зимски. Е-бизнис лани беше во летен, а претходната годна им бил во зимски. Вчера информациски технологии беше во летен, а еве сега е ставен во зимски. Не е можно туку-така да си ги преместуваат предметите, без да забележат дека не е во ред.
Нели факултетот ни беше со 3, сега ќе е со 2 колоквиуми. Факт е дека факултетот претрпува реформи, ваљда имаат реформи и во предметите.
Сметководство само последните две години беше во зимски семестар, инаку претходно секогаш бил во летен. Прееска бев на факултет да си проверам што предмети имам во овој семестар и ги имам баш тие што ги очекував. А сега на веб страната еден од предметите што ми е во зимски семестар ми е во летен. Кога се запишувате на факултет сите добивате студиска програма. Испитите по семестри би требало да ви се исти како што ви се запишани во студиската програма. Промени не се прават така едноставно, една недела пред упис.
 
Член од
26 декември 2009
Мислења
43
Поени од реакции
1
Јас мислам дека и во претходните години задолжителните предмети биле распоредени 3 со 3, и по еден изборен во зимски и летен семестар, а на веб страната не се точни податоците, гледав според водичот, па не знам дали ќе остане исто или пак ќе прават некои измени
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
незнам оваа година како е со деловниот јазик, т.е. во кој семестар е сместен и дали ти "лежат" јазици, но јас би ти препорачал да си го оставиш англиски од изборните (ако ти е во план да го земеш) за испит..
со оглед на околностите, лесни предмети и лесно се поминува, немаш потреба според мене да оставаш нешто за испит, вози ги на колоквиуми. :)
англиски I е во летен, обавезно го земам, добар сум со јазикот :icon_lol:
фала за обемниот одговор, веројатно сега со измениве на 2 колоквиуми ќе има измени и во материјалот и stuff ама во секој случај ќе ги терам колоквиумски (ме предомсили :) ), а изборниов ќе го земам на испит (страв ми ако 4те ги терам на колоквиуми да не ги заглавам многу)... ако не те мрзе, и ако имаш вишок време ѕирни ги изборните во зимски тука (нема директен линк, ќе мора од страната на изборни да кликнеш) и предложи некој. фала најмногу за одговорот :smir:
 
girl_girl

пловам на асфалт
Член од
13 јуни 2010
Мислења
913
Поени од реакции
132
И значи ако во прва година Основи на сметководсто е префрлен во зимски семестар нема да можеме да земеме трговско право. 3 задолжителни х 9 кредити=27 + трговско право исто 9=36 :toe:
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.000
Поени од реакции
5.635
И значи ако во прва година Основи на сметководсто е префрлен во зимски семестар нема да можеме да земеме трговско право. 3 задолжителни х 9 кредити=27 + трговско право исто 9=36 :toe:
Не верувам дека Трговско право има 9 кредити, веројатно си гледала на веб страната на факултетот... Уствари само два предмети имаат по 9 кредити а тоа се Основи на Економија и Економика на претпријатијата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom