- Член од
- 11 февруари 2009
- Мислења
- 1.072
- Поени од реакции
- 1.144
На лоџиите и балконите се забранува држење на работи кои го нагрдуваат изгледот на зградата, како и држење на необезбедени саксии со цвеке и други предмети кои со пагање може да повредат, оштетат или го испрљаат минувачот или ауто под нив- стои во член 9 од општите одредби објавени на сајтот на Минстерството за транспорт и врски, без притоа да се поведе сметка дека добар де од зборовите се напишани на дијалект

Нема веќе простирање алишта на балкон. Новиот Закон за домување кој стапи на сила забранува панталони, гаќи, маици да висат на жица на балкон. Домакинките ќе мора да најдат начин како да ги исушат испраните работи, без притоа да го прекршат новиот Закон. Мора да се внимава и какви цвеќиња и саксии се поставуваат на балконите и прозорите. Тие не смеат да го нарушуваат изгледот на зградата.
- Не се дозволува сушење на алишта на отворени делови на зградата (прозори, балкони и лоџии) кои се видливи од страна на улицата или друга јавна површина. На лоџиите и балконите се забранува држење на работи кои го нагрдуваат изгледот на зградата, како и држење на необезбедени саксии со цвеке и други предмети кои со пагање може да повредат, оштетат или го испрљаат минувачот или ауто под нив- стои во член 9 од Општите одредби објавени на сајтот на Минстерството за транспорт и врски, без притоа да се поведе сметка дека добар де од зборовите се напишани на дијалект.
Понатаму, интересен е и член 14 кој гласи: - При користење на станот и заеднишките простории во зградата забрането е со викање, бука, скокање, играње со топка и слични постапки да се вознемируваат другите станари во мирно користење на станот. Користење на разни машини и уреди, музички апарати, радио и телевизиски приоемник, како и свирење и пеење во станот, односно зградата не е дозволено во време од 13.00 до 17.00 часот и од 22.00 до 5.00 часот. Се забранува тресење на теписи, постелнина и други работи од прозори, балкони и лоџии.
Со новите правила се забранува и фрлање или оставање на отпадоци, губре и нечистотија на скалите или други заеднички простории, пушење во лифт, на “степениште“ и ходник.
- Забрането е да се прљаат или на било кој нашин да се оштетуваат зидовите, вратите, прозорите иуредите и другите делови на зградата- стои вака напишано на официјалниот сајт на Транспорт.
Регулиран е и начинот на чување куче, мачка и други животни. Сопствениците треба да внимаваат кучињата да не лаат, мачките да не мјаукаат за да се зачува мирот и тишината во зградата.
Ова се само дел од одредбите од Куќниот ред објавени на сајтот на Министерството за транспорт и врски. Делови од текстот се цитати извадени од документот објавен на официјалната страница.
Извор