Македонија одбележува 100 години од раѓањето на Мајка Тереза

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Македонија денеска одбележува 100 години од раѓањето на големата хуманистка и нобеловка за мир, Гонџа Бојаџиу - Блажена Мајка Тереза.
По повод јубилејот, Собранието на Република Македонија ќе одржи свечена седница, а на писателот Халил Зендели и на Олга Јотовска, доктор специјалист педијатар, ќе им биде врачена државната награда „Мајка Тереза“.
Во галерискиот простор на Спомен-куќата на Мајка Тереза вечер ќе биде отворена изложба на фотографии „Мајка Тереза-Мајка на сиромашните“ од хрватскиот уметник Звонимир Атлетиќ. Претходно, католичкиот катедрален храм „Пресвето Срце Исусово“ ќе одржи Понтификална света литургија на која ќе бидат изложени и моштите на Мајка Тереза.
„Мајка Тереза-Мајка на сиромашните“ содржи 44 фотографии кои ја прикажуваат Бојаџиу на спонтан и непосреден начин, во извршувањето на секојдневните обврски и за време на нејзините патувања во Хрватска. Посветени се на нејзината хуманитарна работа. Посетителите ќе можат да ја посетат изложбата секој ден до 19 септември. Влезот е слободен.
Одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза почна вчера со свечена академија во нејзин спомен и со отворањето на изложбата „100 портрети на Мајка Тереза“ од сликарот Мифтар Мемети. Вечерта се одржа и роденденско мајчинско бдеење.
Централното чествување ќе биде на 5-ти идниот месец, на денот кога Мајка Тереза починала, во Македонската академија на науките и уметностите каде ќе се промовира монографијата „Бидете благословени - молитви и пораки“ од Стојан Тренчевски. Прикажан ќе биде и документарниот филм „По патиштата на Мајка Тереза“, а ќе бидат врачени и статуетки за хуманост.
Мајка Тереза е родена на 27 август 1910 година како Агнес Гонџа Бојаџиу во Скопје. Израснала во добро ситуирано албанско католичко семејство. Мајката Дронда и таткото Никола ја воспитувале многу религиозно. Имала брат Лазар и сестра Агуша со кои пеела во црковен хор. По завршувањето на основното училиште, се запишала во српска гимназија.
На десетгодишна возраст, кога ненадејно починал татко и, Бојаџиу уште повеќе и се посветила на верата. По две години одлучила да живее како калуѓерка. Оваа желба консеквентно ја почитувала и кога наполнила 18 години молела за прием во редот Лорето кој се ангажирал посебно во наставата во Бенгал, Индија.
Бојаџиу не почнала веднаш со работа во Индија, туку била повикана во централата на редот Лорето во Ирска. На 28 септември 1928 отпатувала од Скопје за Ирска. По два месеца се приклучила кон редот Лорето во Бенгал. Во Калкута ја дала својата прва заклетва. Оттогаш, 17 години била активна во училиштето „Света Марија“ во Калкута, најпрво како наставничка, а потоа унапредена во директор.
На едно од бројните патувања низ милионскиот град Калкута, во 1946 година Бојаџиу го почувствувала Божјиот повик да им помага на сиромашните. Две години подоцна добила дозвола да го напушти редот без да се откаже од својот статус на калуѓерка и почнала да живее со најсиромашните во предградијата на Калкута.
Во 1949 година Бојаџиу стана Индијка и во 1950 година го основаше редот „Мисионерки на љубовта кон ближниот“. Членовите на овој ред мораа да се обврзат на несклучување брак, на сиромаштија и послушност. Подоцна овој ред беше признат од папата и беше под негова контрола. Редот се грижеше за лица пред смрт, сирачиња и болни, но посебно беше ангажман за болните од лепра. Денес редот на Мајка Тереза брои преку 3.000 сестри и преку 500 браќа во повеќе од 100 земји од светот.
За нејзиното несебично дело Бојаџиу доби голем број награди. Најзначајна е Нобеловата награда за мир од 1979 година.
Мајка Тереза почина на 5 септември 1997 година во Калкута каде и беше погребана во присуство на бројни претставници од светската јавност. Папата Јован Павле Втори ја прогласи за светец, давајќи и ја титулата „Блажена“.
По повод смртта на Мајка Тереза, во Скопје во 1997 година е откриена спомен - плоча на која е врежана нејзината најпозната изрека „Светот не е гладен само за леб, туку и за уште повеќе љубов“.

Cител
 
таткото Никола
брат Лазар

Nikako ne mi odi vo glava kako mozat Nikola i Lazar da bidat Albanci?

Pomos istoricari!!!!
 
таткото Никола
брат Лазар

Nikako ne mi odi vo glava kako mozat Nikola i Lazar da bidat Albanci?

Pomos istoricari!!!!

Не битно дали се Македонци. И 100% да била чиста Македонка, ако она самата рекла за себе дека е Албанка тогаш треба да ја почитуваме нејзината воља и со несмалена ревност да го славиме нејзиното христијанско* дело.

* во хуман, алтруистички контекст
 
Не битно дали се Македонци. И 100% да била чиста Македонка, ако она самата рекла за себе дека е Албанка тогаш треба да ја почитуваме нејзината воља и со несмалена ревност да го славиме нејзиното христијанско* дело.

* во хуман, алтруистички контекст

Да и не само на на неа туку треба да се почитува вољата на сите, со тоа нема да постојат македонофили, србофили, албаномани и други зошто никој не се чустува како србофил или македонофил туку како србин или македонец.:smir:
 
Чудна работа нема повеќе Мајка Тереза. Зар е можно со нејзината смрт човештвото да го изгуби единствениот хуманитарац.
 
тешко дека во блиска иднина повторно ќе се роди нешто слично на Мајка Тереза...
 
Нормално. Србин шо ќе ти каже..

Сепак, вистината.

Ватикан, документ запишан. Фала, пријатно.

тврди Волф Ошлис један од највећих немачких стручњака за југоисточну Европу

Мислам дека е германец , можеби е и македонец но сигурно не е србин. http://mk.wikipedia.org/wiki/Волф_Ошлис
 
Нормално. Србин шо ќе ти каже..

Сепак, вистината.

Ватикан, документ запишан. Фала, пријатно.
WTF ?
Каурски документи не се признаваат!
:)

--- надополнето ---

тврди Волф Ошлис један од највећих немачких стручњака за југоисточну Европу

Мислам дека е германец , можеби е и македонец но сигурно не е србин. http://mk.wikipedia.org/wiki/Волф_Ошлис

Нема врска што била. Јас лично верувам дека има и влашка крв во неа. Но битно е како се изјаснувала. А таа рекла дека е Албанка.
Треба да се почитува нејзиниот став и да се слави нејзиното дело.
 
WTF ?
Каурски документи не се признаваат!
:)

--- надополнето ---



Нема врска што била. Јас лично верувам дека има и влашка крв во неа. Но битно е како се изјаснувала. А таа рекла дека е Албанка.
Треба да се почитува нејзиниот став и да се слави нејзиното дело.

Дај да го видам тоа видео каде вели "Јас сум албанка".
 
Позивајући се на књигу о Мајци Терези енглеског социолога албанског порекла Гезима Алпина Ошлис наводи како постоје албански извори који „препознају“ Албанце у разним личностима. На том списку су шесторица папа, 17 турских султана, 43 везира. Постоје и теорије да су албанског порекла и Хомер, Александар Велики, Наполеон, Ататурк, Мусолини. Најсмешнија је, ипак, прича по којој је Албанац и Фидел Кастро за кога се каже да је рођен као Фадиљ Краснићи.

OMFG!
WTF ?

Ова не го очекував од Албанците...

Како и да е, додека ние овде се караме дали Мајка Тереза е Македонка или Албанка овие Швабите ја направија Саксонка...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom