Кајгана форум се спријатели со мобилните корисници :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.332
Поени од реакции
34.783
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Драги мобилни форумџии, земајќи го во предвид се' поголемиот раст на корисници на мобилен интернет во Македонија кои се зависни од нашиот форум, решивме да имплементираме еден згоден мобилен клиент кој ќе го олесни сурфањето и целокупното он-лајн искуство на Кајгана.

Веруваме дека повеќето од вас се веќе запознаени со функционалноста на TapaTalk клиентот за iPhone, Android, BlackBerry и Nokia, но за новајлиите - еве кратко објаснување.

TapaTalk е апликација која ви овозможува лесно, брзо и беспрекорно функционално форум-искуство. Со оваа апликација може брзо и лесно да навигирате низ форумите и подфорумите, да бидете во тек со последните мислења, да пишувате и читате приватни пораки, да реплицирате на теми, да прикачувате фотографии директно од вашиот телефон, да прелистувате профили, онлајн корисници и тн...

Апликацијата во read-only верзија е достапна за бесплатно симнување на App Store и продавниците за Android, додека целата верзија чини 2,99 долари. Бидејќи го поддржуваме секое интересно парче софтвер, ве охрабруваме да ја купите доколку ги исполни вашите очекувања.

Еве неколку скриншотови како изгледа сето тоа од iPhone:

tt1.png


tt2.png


tt3.png


tt4.png


tt5.png


tt6.png


tt7.png


tt8.png


tt9.png


tt10.png




Доколку има некакви нејаснотии околу користењето на оваа апликација, слободно прашајте.
 
Gut, gut! :). Подоцна ќе ја тестирам апликацијава на Андроид, а зависи каков впечаток ќе ми остави можда и ќе потрошам некој вишок $ за да може и да пишувам по темите.

Него нема да е подобро да се инсталира уште еден стил на форумот за мобилен и кога ќе биде регистрирана посета од мобилен автоматски да му го прикажува стилот за мобилен. Така ќе може и од обичен прелистувач на мобилниот да се пристапува и без потреба од инсталирање на некој софтвер ?
 
Може, не е проблем. Дури поедноставна инсталација е од оваа.
Само ова некако ми изгледаше пофункционално и пофенси, а самата апликација ја користат повеќето форуми кои ги посетувам - па ми изгледаше како позгодна работа од обичен ауто-детект и менување на стил :)

Како и да е, иако ова е убедливо подобра и по френдли варијанта, ќе има и обична мобилна верзија :)
 
Со среќа на сите на кои ке им е од корист, засега не сум во план да се закачувам на нет преку телефон, но сепак може некогаш ќе ми користи..
 
Tapa... talk :D

(ne mozev da odoleam)
 
Tapa... talk :D

(ne mozev da odoleam)
Tap-a-Talk, демек Типни-си-Муабетче (пошто нели, мора да си tap-неш на телефонот) :)
Али добра асоцијација во секој случај :)
 
ВЛегов преку андроид со демо верзијата, но кога пробувам да напишам пост не ме остава мора да се купи. Како и да е одлична работа 5+ за Кајгана
 
Браво Мац, одличен потег. Само напред.
 
Него нема да е подобро да се инсталира уште еден стил на форумот за мобилен и кога ќе биде регистрирана посета од мобилен автоматски да му го прикажува стилот за мобилен. Така ќе може и од обичен прелистувач на мобилниот да се пристапува и без потреба од инсталирање на некој софтвер ?
^ +1

Иначе браво за проектов. Штета шо неам ни ајфон ни телефон со андроид.
 
Сите овие можности ги имам на мојата Нокиа, со Опера. Немам потреба од ова, но убаво во секој случај.
 
Gut, gut! :). Подоцна ќе ја тестирам апликацијава на Андроид, а зависи каков впечаток ќе ми остави можда и ќе потрошам некој вишок $ за да може и да пишувам по темите.

Него нема да е подобро да се инсталира уште еден стил на форумот за мобилен и кога ќе биде регистрирана посета од мобилен автоматски да му го прикажува стилот за мобилен. Така ќе може и од обичен прелистувач на мобилниот да се пристапува и без потреба од инсталирање на некој софтвер ?
Готово, направив и мобилен стил. Стилот автоматски се детектира и аплицира кога ќе пристапите на форум со некој мобилен уред.
Пробајте, ова е бесплатната варијанта, а функционира одлично :)

IMG_0065.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom