Анксиозност

Член од
9 јуни 2010
Мислења
29
Поени од реакции
0
Знам ова дека е многу лошо ама знајте дека: АНКСИОЗНОСТА НЕМОЖЕ ДА ВЕ ПОВРЕДИ/УБИЕ ИЛИ БИЛО ШТО, НИКОГАШ! ЗНАЧИ НЕ ПОЛУДУВАТЕ СИГУРНО! НЕ УМИРАТЕ СИГУРНО! НЕМА ДА ВИ СЕ ДЕСИ НИШТО ЛОШО! НЕ СЕ ГУШИТЕ СИГУРНО! НЕ СЕ ОНЕСВЕСТУВАТЕ СИГУРНО!

Запамтете го ова и водете се според него, ќе ви биде од огромна помош.

Поздрав
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Сум имал прилично доста напади на паника/аксиозност.
Едино решение ви е да дишете во ќеса (ко на филмовите) тоа го намалува доводот на кислорот и мозокот не работи баш “триста“ на саат ко што знае додека паничите - па автоматски се смирувате.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.760
Поени од реакции
5.039
Според објаснувањава , значи секој трет/а што го/ја знам - пати од анксиозност ...or is it bad weed what they smoking

what the world is coming to :nesum:
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.376
Поени од реакции
4.918
Кога сме кај музичката медитација,пробајте со слушање на трип-хоп или доунтемпо, поздрав.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Според објаснувањава , значи секој трет/а што го/ја знам - пати од анксиозност ...or is it bad weed what they smoking

what the world is coming to :nesum:
Немаат искусено вистински напад на паника...затоа мислат дека патат од анксиозност.
Вистинското нешто е бетер од луциден трип проследен со ладна пот и пострашен од најстрашната фобија.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.376
Поени од реакции
4.918
Немаат искусено вистински напад на паника...затоа мислат дека патат од анксиозност.
Вистинското нешто е бетер од луциден трип проследен со ладна пот и пострашен од најстрашната фобија.
и ти сега..ги напрај зависници од хероин.:smir:
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.376
Поени од реакции
4.918
Хах :D
Сам иам патено од тоа па знам шо зборам. Не ги напраив ништо :D
шалата на страна, во постовите погоре си во потполно право, бидејќи со ова што го прочитав доаѓа дека и јас патам од анксиозност, а колку што сум запознаен ја немам оваа болест (доколку може да се нарече така). Сепак во многу од симптомиве се препознав...утре на матичен.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
шалата на страна, во постовите погоре си во потполно право, бидејќи со ова што го прочитав доаѓа дека и јас патам од анксиозност, а колку што сум запознаен ја немам оваа болест (доколку може да се нарече така). Сепак во многу од симптомиве се препознав...утре на матичен.
Ако у сред сон се будиш, бладаш, глеаш големи сферични нешта како паѓаат врз тебе, гледајки во тепихот сфаќаш дека е многу длабоко надоле, гледајки напред си многу далеку од нештата но сепак ретардирано големи се и се приближуваат, не моеш да стоиш, седнуваш - бетер, затвараш очи - паѓаш, отвараш очи - пак пеколот го гледаш, те облева ладна пот, не се контролираш, се тресеш и збориш глупости. Сепак си свесен и тоа е најстрашното, и свесен си дека изглеаш ко лудак додека си убеден дека не си, ама стравот е тука, срцето 200 на саат, мозокот дупло....

Ако се пронајде - да, страдаш од анксиозност :D
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.376
Поени од реакции
4.918
Ако у сред сон се будиш, бладаш, глеаш големи сферични нешта како паѓаат врз тебе, гледајки во тепихот сфаќаш дека е многу длабоко надоле, гледајки напред си многу далеку од нештата но сепак ретардирано големи се и се приближуваат, не моеш да стоиш, седнуваш - бетер, затвараш очи - паѓаш, отвараш очи - пак пеколот го гледаш, те облева ладна пот, не се контролираш, се тресеш и збориш глупости. Сепак си свесен и тоа е најстрашното, и свесен си дека изглеаш ко лудак додека си убеден дека не си, ама стравот е тука, срцето 200 на саат, мозокот дупло....

Ако се пронајде - да, страдаш од анксиозност :D
Болдираново, да некогаш ги имам овие искуства, другово не..
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Треба да се направи разлика од паничен напад и анксиозност.

паничниот напад е пропратен со анксиозноста, но анксиозноста не е секогаш пратена со паничен напад. во основа и кај двете се јавува чуството на страв кој може да биде конкретен и апстрактен. паничниот напад се смета дека е поврзан со агорафобијата т.е. дека е последица на агорафобијата.

последица ако не се превземе медицински третман се психосоматските заболувања.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Koj ima napadi na panika ne smee da pie kave, kofeinski napitoci ko ruski chaj i sekako alkohol nikako, posle treba da se batalat i cigarinjata i da ne se zamara cuek so glupaci i da ne se plasi od nisto poso za smrtta imas garancija i sea so im plasenje sto ke bide neka bide vazno toa sto e do nego da batali a za drugoto sto saka neka bide, znaci vazno e da se batalat ovie raboti sto gi navedov i da ne se sekiras za buduchnost...
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.760
Поени од реакции
5.039
- Контролирајте ја својата загриженост: одвојте 30 минути за комплетно фокусирање на себе. Во амбиент кој што е удобен, пријатен и мирен, направете листа на се она што Ве загрижува. Кога сите грижи ќе ги ставите на хартија, ќе увидите дека најмалку половина од тоа што сте го напишале се ситуации за кои што нема никаква потреба за загриженост. Таму каде што навистина има проблем, размислете на кој начин би можеле да го решите. И, не заборавајте: секој проблем има решение, треба само да се најде најоптималното решение во мноштвото избори кои постојат.

- Вратете се малку во минатото и искрено поразговарајте самите со себе: дали до крај сте се избориле со проблемите кои тогаш сте ги имале или пак сте ги потиснале. Иако не се видливи, нерешените проблеми од минатото, често пати се причина за анксиозност и поради некоја најмала работа со која што не сте задоволни.

- Направете листа на своите стравови и рангирајте ги во однос на влијанието на Вашето расположение со оценки од 1 до 10. Потоа, вклучете го здравиот разум и согледајте ги вистинските опасности кои со себе ги носат Вашите стравови. Најверојатно ќе се добие дека мнозинството од стравовите кои што Ве вознемируваат се без причина.

- Во листата на секојдневните обврски венесете ја редовната физичка активност, најдобро на отворено, во природа, на свеж воздух. Ќе ги покренете процесите во организмот, пред се мускулите и ќе го стимулирате производството на хормони кои што носат задоволство, опуштаат и го релаксираат нервниот систем.

- Одвојте време за релаксација и опуштање и кога сте во домот: слушајте ја музиката која што ја сакате, научете ги основните јога вежби и применувајте ги секогаш кога ќе почувствувате и најмало вознемирување. Кога ќе почувствувате бран од необјаснети стравови – прекинете ги сите активности и пет минути дишете длабоко, полека вдишувајте и издишувајте.

- Неколку дена не конзумирајте кафе, газирани пијалоци, алкохол и цигари. Нивните субстанци го иритираат централниот и периферниот нервен систем и со тоа се влијае на Вашето расположение, доживувањето на себе си, околината и на се она што во Вас и околу Вас се случува.

- Разговарајте со Вашите блиски личности за тоа како се чувствувате. На тој начин ќе ги поделите Вашите грижи со некој друг и ќе Ви биде полесно. Ако е потребно, не се двоумете да се обратите за помош кај психолог или психијатар.

И, на крајот не заборавајте дека во борбата со анксиозноста најважна е акцијата, додека најпогубна е пасивноста.

Копи паст :toe: мож ќе се најде :))))))
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
летово што помина после одмор, недела дена после тоа, станувам во сред спиење чувствувајќи се бескрајно осамен бидејќи сум сам во кревет, мислев дека сите си отишле. Се запрашав како не сум приметил дека имаат иста спална како јас дома, и почнав да ги барам другите (со кои спиев на одмор - друштво) низ мојата куќа нив ги немаше такво чувство никогаш не сум осетил како сите да ме напуштиле си легнав и дури сабајлето сфатив што ми се десило. Инаку имам и доста чудни сонови каде што се сонувам самиот себеси каде што одразот во огледало не се совпаѓа со моите потези и ме фаќа паника. дали ова би можело да се смета како последица од анксиозноста. пијам асентра веќе можда година дена и неможам да ги откажам, пробав еднаш се јавува јака неподнослива вртоглавица неколку дена ама после тоа многу лесно ја губам контролата, имам многу лесни испади на нервоза за најситни работи, иако свесен сум за тоа. Неможам да мислам опуштено и смирено, Буквално нонстоп сум напнат и се ме нервира, а со асентра ми е подобро. Незнам како да ги откажам :\ На психијатар со разговор и психолошкиот тест пројде одлично бидејќи нема нешто посебно што ме мачи, туку од самото себе ми доаѓа
 

Kajgana Shop

На врв Bottom