onak me interesira za pekar sto mislis da otvoris nekoe malo ducance da prodavas primer burek jogurt ,kifli itd ... I me interesira od koj grad si pretpostavuvam od SK
Freedom2say sto znaes da rabotis ?? Ima eden albanec moj dobar prijatel naodja rabota vo Ceska ama treba da si majstor zidar formirate ekipa i odite ama se razbira da znaes da rabotis
Ima polno od Ceska spored pisuvanjata ovde na forum sto se tamu i sto rabotat tie mislam deka mozat da ni kazat povece
Sto go nema Dimitar88 da ni kaze sto odlucil ??
можеш, ама треба да имаш доста кеш. тоа мало дуканче (кое патем треба да исполнува одредени хигиенски стандарди, а не како кај нас, маса и шалтер за продажба), ке мора да биде за таква дејност со површина од минимум 40 квадрати. па витрини за чување продукти и слично... какои да е, ја спомна чешка... таму не ти гинат баре 50.000 евра за да почнеш, без гаранција дека ке ги вратиш...
за Freedom2say
ти го прочитав прашањето дури сега. ке ти одговорам и на тебе и на сите заинтересирани подробно, ама вечер покасно, сега морам да идам...
--- надополнето ---
Не знам како Онак ја добил визата за Нов Зеланд. Баш ме интересира и тој нивниот систем на оценување на работно искуство и признавање на образованието, зашто на Интернет читам постојано се бара некакво признавање од национални агенции, што знам што!
Каде и да се оди - де факто мора да знаете јазик! Без јазик никаде не примаат.
значи за нов зеланд, потребни се следниве работи:
1.иелтс со минимум 7,5, тоа е сега а во мое време беше 6,5 на скала од 1 до 9
2.работна понуда од фирма која е во нов зеланд
3.здравствени прегледи кои содржат:
-тест за леукемија
-сида
-белодробни снимања
-снимање со гама зраци на плуќа
-и другите ситни тестови како крвна слика, мокрача и дрн дрн дрн
4. доказ за место на сместување кога ке пристигнеш на англиски јазик.
5. одредена сума на пари по човек кој доаѓа која во моментов мислам дека е 10.00- новозеландски долари т.е. околу 5.300 евра по човек
6. извод од матична книга на родени, ама меѓународен. 900 денари по човек
7. доказ за неосудуваност (не се секавам колку беше) плус судски превод на англиски
по ред објаснување:
1. иелтсот се полага кај нас во бритиш касил, и чини околу 8.300 денари за полагање. без оглед кој колку ке каже дека знае англиски, за да успее да извади 7,5 оценка треба ПЕРФЕКТНО да знае, бидејки има некои сокриени да не речам тајни договори помеѓу нашата влада и бритиш кансил за деградирање на вредност на оценки. се секавате кога се збореше дека власта се залага за младиот интелект да не се сели од државава? е па ете... се залага од многуте начини и на овој. значи не ви гине миниму по 3-4 полагања додека да добиете потребна оценка. познавам луѓе кои полагале и по 15-18 пати. прерачунајте секој пат по 130 евра колку е тоа....
2. работна понуда... сите ке речете пих... лесно е тоа... е ај пробајте па ке видите колку е лесно... само ако имате свој човек, кој има своја фирма, која работи според струката за која имате земено диплома и под услов да не е сељачки балканец кој е јак на вилица а слаб на дело и секако нејќе да ве заебе, пошто ке му се јават да го проверат и него и тебе... значи, кога се приложуваат документите со џоб оферот, мора да се принесе и судски превод на дипломата од средно или факултет, вклучувајки ги и додатни дипломи ако ги имате, и се тоа со судски превод. ако вашата струка според дипломата не кореспондира со бараното раб. место, вие сте во аут, па макар и да имате 10 на иелтсот...
3. здравствени прегледи... многу ригорозни прегледи, башка со зрачење се и само на две места се прават тие. едното е на државна клиника во скопје и сите прегледи траат околу 4-5 дена, а другиот е во охрид, приватна ординација и сите тестови сеправат за еден ден. цена на прегледите се околу 14.000 по човек. само децата до возраст од 14 па нагоре се заобиколени (спасени) од гама зрачењето. овие две места имаат склучено договор со НЗ влада, друг неможе. имаат они свои специјални формулари на англиски и они ги пополнуваат.
4. доказ за сместување, тоа се документи кои ги праќа во писмена форма некој што живее таму. во принцип ако има некој кој воопшто би ви дал џоб офер, тој ке ви го даде и документот за сместување.
процесинг фии за во амбасада е околу 600 НЗ долари или да заокружиме на 300 евра. авио карта која МОРА ДА БИДЕ ЗАКАЖАНА за денот кога полетувате за НЗ (во апликацијата се бара и ден кога доаѓате). инаку истата мора да биде и заверена и регистрирана како повратна. јас мојата тогаш во економска класа кошташе 1600 евра повратна. има и за 1400, ама тешко се стига до нив а регуларно без проблеми кошта негде околу 1850 евра ПО ЧОВЕК. на шалтер дамата што ми ги издаде картите ми рече дека патување до месечината е поблиску од НЗ. од МК нема подалеку на земјава кај да се иде... НЗ е нај далеку. дури австралија е поблиску.
додадете сега на целата сума судски превод, ама овластен судски превод кој се движи помеѓу 350 и 700 денари ОД СТРАНА а не од лист. значи имате два типа на преведувачи. судски преведувач и овластен судски преведувач. не е исто.
банкарските гаранции се исто така потребни. може да ставите пари на сметка, да побарате извод и пак да си ги извадите парите, тоа не е проблем... ама ако ги имаш парите, а ако ги немаш, треба некој друг да ти издаде гаранција со која те овластува непречено да подигаш средства... или некој трет начин да дојдеш до таков документ.
50 евра поштарина по брза пошта, бидејки и пасошите ги пракаш, не е паметно по стандард пошта да праќаш туку само по ДХЛ или ФЕДЕКС. после праќање на документите му се молишна бога, почињаш да грицкаш нокти и да се нервираш секој ден... секој ден после 5-тиот, тензијата почиња да ти расне се повеќе. таа тензија може да трае од 2 месеци до 9 месеци. одкако ке го добиеш писмото од амбасадата, може да се десат 3 работи:
1. добиваш виза, пушки пукаат, сите се веселите
2. те одбиле, се помируваш и тоа е тоа, и си викаш, барем заврши голготава
3. да ти побараат некој дополнителен документ. ако ти се деси ова, тогаш знај дека си со 1,5 нога во нов зеланд, ама голготата се пролонгира за дополнително време од неколку месеци
и сега, ете си добил виза и си стиган во НЗ. идеш да бараш работа. да речеме електричар си. отвараш огласници и таму работни места има милион. работна сила за во НЗ секогаш е мањак. им требаат работници дефинитивно... меѓутоа, на крајот од огласот стои една реченица која е од прилика ваква:
the perfect person for this job opportunity, must hold the New Zealand EWRB licence. си викаш, ај ке пробам,има веќе документи, диплома и слично, ваљда ке упали негде и без пардон на сите огласи пушташ (електронски се разбира, таму се е преку нет) апликации. после неколку неделна голгота, се помируваш со фактот дека никој не те прима на работа без таа глупа регистрација на струка, која за СИТЕ СТРУКИ ПОСТОИ. значи иако ти си завршил школо, мораш да бидеш регистриран и заведен во борд организациите како личност која е професионалнообучена за тоа поле на работа. и почињаш да бараш како да се регистрираш. конкретно за електричар, го наоѓаш кај е
EWRB (electrical worker bоard organization), се јавуваш ти ги појаснуваат следниве работи:
-превод од диплома (ја имаш)
-раб. искуство од струката во време трање од минимум36 месеци. тука запињаш малку ама од таму вртиш некои телефони низ МК, прават документче и ти го праќаат по е-маил преведено...
-е она што не ти го кажуваат во прв момент е дека треба да имаш минимум 12 месеци КОНТИНУИРАНО работно искуство со работење во НЗ за да добиеш фул лајсенс. ТОНЧ. па како да работам ако немам регстрација, а за да ја добијам истата ми треба работа? е тогаш добиваш
primary licence, и можеш да идеш да работиш. арно ама со таа лиценца, платата ти е на пола па и подоле. значи ринташ како коњ или вол за слама 12 месеци, па поднесуваш пак. секое поднесување е околу 300 долари, кои верувајте со живеење и работење таму, веке се минорни, и се со вредност да речеме како кај нса 500 денари... тие пари веќе не се толку проблем... е одкако ке ја добиеш лиценцата тогаш ке си најдеш добра работа, добро платена, меѓутоа, пак нема да земеш баш нај добри примања, пошто ти си нели, сеуште со раб. виза и до пола емигрант. те чифша кој како стигне.
после 2,5 до 3 години ринтање, ти се отвара шансата да аплицираш за
permanent residence и аплицираш, многу брзо решаваат за тоа... неколку дена до 3 недели трае. ти гледаат дали рдовно си плаќал данок и слично и тоа е тоа. е сега веќе си жител на НЗ само за пасош ќе почеш уште некоја година... со сегашните услови пасош нај рано можеш да добиеш за 7 години од првото стапнување во НЗ. ако во било кој момент од твојот престој до добивање на пасош, излезеш од државата, без претходно да побараш дозвола од властите, визата веќе не ти важи. значи треба да си поднесеш барање, да ти залепат во пасошот
return visa и тоа со точно специфицирани датуми на идење и враќање. можеш да се вратиш порано, ама ден покасно и визата отиде.
јас стигнав до лиценцата. фул лјаснс поточно, уште некое кратко време останав, продадов се што купив во меѓувреме и се вратив назад.... само заради децата

. кој курац барам таму, ако они ми се дома и ми ги раснат и гледаат бабите? да си ги гледам преку скајп? да ми растат на другата страна од светот во бедотија додека јас живеам во некоја цивилизација? па не ми треба тоа бе... зашто ги правевме? за да ги оставиме да скапаат?
ама се изнапишав.... ваљда ги задоволив потребите со информации... можда и нешто пропуштив, прашјте ме слободно...
п.с. последниот пасус морав да го пишам... онака ми дојде тешко, зашто направив неправда према моите деца и ке се каам цел живот за тоа... тогаш сум одлучил дека НИКОГАШ ВИШЕ нема да мрднам негде, ако не идат и они со мене... никогаш више...