Другар не знам што да ти кажам, ама дека кога ќе отидеш у Америка со средно ќе почнаат ружи да ти цветаат, тоа тешко малце. Ја имам еден другар кој доби грин кард на она он лајн лотаријата, беше на машински и го напушти факултетот за да оди во ЛА, пошто немаше никој таму, му најдоа преку матица на иселеници да седи кај едни македонци месец дена дур не се снајде. Помина месец и не најде работа, и мораше да бара некое место да седи под кирија, а со него дали имаше 2500 - 3000 евра. И најде да седи у едни бараки за 600 долари месечно со сите вклучени трошкови. Али џабе пак не можеше да најде работа, затоа што немал работно искуство во Америка и никакви препораки, значи праиме муабет за некоја работа која што може да ја работи секој, а да не праиме муабет за таму кај што ти бараат високо образование. Невработеноста е голема сега и таму и ми кажуваше дека за место келнер аплицирале и по 500 души, и на крај примиле некој што имал 20 години искуство како келнер, така да види кои се шансите. Нема врска, човеков не можеше да најде работа едно 4 месеци а бараше активно преку сите можни начини, на крај го примија да работи во еден супермаркет кој што го држеле некои Ерменци, и сега работи најразлични
работи од редење на артикли на полици до касиер итн, платата му е 7 долари од саат, а минималец во Америка е 8 долари од саат, што значи работи на црно и не е пријавен. Малце се стиска и не може да си дозволи некој полагоден живот, колку да си задоволи основни потреби. Сега ми збори дека жали зошто не завршел барем нешто, и има у план да аплицира на некој колеџ каде што државата давала целосна стипендија пошто шансите за добар живот во Америка без високо образование ти се мали.