- Член од
- 8 декември 2009
- Мислења
- 702
- Поени од реакции
- 528
Добра мапа, вреди да се продискутира.
Вака обоен, Иран изгледа доста „шарен„ и остава простор за внатрешни немири. Не само нас што ни изгледа така, веројатно и некој друг размислувал слично, па константно се игра и на таа карта, за сега без успех. И реално, „сон„ на секој напаѓач/„ослободител„ како сакаш наречи го, е да испадне дека „народот сам се побунил„ - најбезбедна варијана.
Е сега, веќе реков дека само мапата остава реална можност за тоа. Ама еве и малку текст за сликата да биде комплетна.
Најнасевер се Азерите - ги има многу (24% од населението) АМА тие се повеќе Иранци околу Азербејџанци. Припаѓаат на иранската група на народи, а на крајот на краиштата и повеќе ги има во Иран отколку во Азербејџан. Националното чувство (иранско!!!) им е силно изразено, фактички тие и Персијанците (нешто преку 50%) се основата на државата. Значи добиваме скоро повеќе од 75% лојални Иранци.
Курдите на запад се шиити (7-8%), и за разлика од тие во Турција и Ирак се многу помирни. Дури и немам сретнато некаде информација дека они самите барале независност, за разлика од другите Курди (мислам на заедницата како целина, не на индивидуалци), ама еве да оставиме простор дека може да бидат некој фактор на нестабилност.
Сите викаат дека Балучите на југоисток се најпроблематични. Точно е тоа дека до сега кренале многу востанија (бараат независност) ама точно е и тоа дека ниту едно не им успеало. А пробувале секогаш кога Иран имал проблеми (и во Ирак-Иран војните). Мапата покажува дека се на голема површина, ама не покажува дека тоа е многу ретко населена површина - ги нема ниту колку еден кварт во Техеран. Вкупно се околу 2%. Скоро сигурно би искористиле ваква прилика за правење проблеми, ама ако никогаш до сега немале успех, малку е веројатно дека ќе го имаат и сега.
Останатите се сите околу1, 2, 3% мах (туркмени, ерменци, асиријци, казаци... не ми текнува на другите ќе треба да сурфам) ама не се фактор на нестабилност.
Точно е и тоа дека има и опозиција. Мислам дека не се доволно јаки, ама еве, можеби грешам. ама дури и да се појаки отколку што мислам, тоа што тие се против сегашната власт во Иран не значи дека се за Израел. Зборот ми е, ако веќе дојде до конфликт попрво ќе застанат на страната на сопствената земја отколку на страната на Израел/САД.
Нормално, вреди да се игра на оваа карта (и се игра), ама реално шансите не се нешто премногу големи.