Евентуален напад на Иран!? – дали, кој, зошто, како?

Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Ќе има ли напад на Иран? Чудо едно низ колку теми се провлекува ова прашање (тука мислам пред се на странските медиуми и форуми ). Ај што го има низ темите врзани за политика, таму му е и местото, ама човек налетува на ова и на верски форуми, па и во темине за мистерии (во стилот WWIII, почеток на крајот, пророци, крај на светот, светски заговори...).

И на овој форум веќе има неколку теми што го покриваат ова, ама отворени пред се со некоја интересна информација и траат до следната – уште понова вест. Сигурен сум дека во наредниов период ќе има уште многу вакви вести/ анализи, па можеби најдобро е сите тие да бидат на едно место.

Па конкретно - ваше мислење во однос на насловот на темата – дали ќе има напад на Иран и зошто, кој би го извршил, и она што пола свет во моментов би сакал да го дознае – КАКО???

Како што реков, наидов многу теории по нетов, некои повеќе, некои помалку веројатни, ама во принцип не наидов на логичен одговор на сите прашања – и кога три од нив се разумно одговорени, четвртото не држи вода и така во круг.

П.С. И да, би било добро ако се држиме на страна од „нов поредок, судир на цивилизации, светски влади, демократија, диктатура„...па дури и она – кој е во право. Нормално, најубаво е секаде да има мир, секој човечки живот е вреден итн... ама

во случајов прашањето е чисто од технички аспект.

Па повелете.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.435
Поени од реакции
5.128
Баба Ванѓа предвидела дека Третата светска војна ќе почни во ноември 2010 година. -Само теорија.

Последиците од евентуален напад врз Иран ќе бидат тешки за оној што го нападнал. Доколку се вмешаат и други држави...ех, тогаш ќе се исполни предвидувањето на Ванѓа.
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Многу припреми има за светска војна а причината поради која почнала може да биде најапсурдна.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
За предвидувањето не би коментирал, барем не овде. Со вториот дел се сложувам, ама затоа е и отворена темата - кој и зошто би го нападнал и најинтересното - КАКО?

За кој - горе доле е јасно. До душа голема е разликата и кој прв би почнал - Израел, САД или заедно? (Или пак можеби Иран ;) ) Само сигурно е кој не би се вмешал - европејциве се преблизу за да „продаваат демократија„ таму:pos2:.
А последиците секако ќе бидат огромни, ЗА СИТЕ
 
Доколку дојде до напад врз Иран (велам доколку), најбезболно, со најблаги последици би било тоа да го стори Израел.
Но сепак, не се знае како ќе реагира Иран и дали во тоа ќе ги вмеша и САД, Турција, Сирија и се што е околу Иран - а тоа е целиот Блиски исток.
Доколку САД го нападнат Иран - јасно е, тогаш Иран ќе нападни се што може... базите во Ирак и Авганистан, сојузниците на САД во Блискиот исток, Кувајт, ОАЕ, С, Арабија, потоа ќе лансира и на Израел, ќе го активира Хезболах, Сирија... едностанво ќе настане вистински пекол.
Доколку пак тоа го направи Израел, можно е Иран да се одмаздат само на Израел со помош на Хезболах, што не би требало да доведи до масовни судири.
Сепак, сето тоа преставува голема коцка...
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.113
Поени од реакции
9.489

Сосем точно.

Иран нема да биде нападнат, поголема штета ке има него корист од нападот на Иран. И за Израел и за Америка.
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Иран и сега е нападнат, а тоа е најтешкиот напад... играње со живците и ржење. Тоа често пати повеќе истоштува отколку во класичниот напад.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Доколку дојде до напад врз Иран (велам доколку), најбезболно, со најблаги последици би било тоа да го стори Израел.
Но сепак, не се знае како ќе реагира Иран и дали во тоа ќе ги вмеша и САД, Турција, Сирија и се што е околу Иран - а тоа е целиот Блиски исток.
Доколку САД го нападнат Иран - јасно е, тогаш Иран ќе нападни се што може... базите во Ирак и Авганистан, сојузниците на САД во Блискиот исток, Кувајт, ОАЕ, С, Арабија, потоа ќе лансира и на Израел, ќе го активира Хезболах, Сирија... едностанво ќе настане вистински пекол.
Доколку пак тоа го направи Израел, можно е Иран да се одмаздат само на Израел со помош на Хезболах, што не би требало да доведи до масовни судири.
Сепак, сето тоа преставува голема коцка...
Болдираното е „најбезбедната„ варијанта, ама не ми изгледа остварливо. Израел едноставно нема капацитет сам да го изнесе тоа, Иран е и преголем и предалеку макар и за ограничени акции (сам во смисол САД секако да ги помага логистички, ама доволно „дискретно„ за Иран да нема повод да го прошири конфликтот). Би било прашање на време кога САД директно би се вмешале, можеби од самиот почеток, можеби подоцна - ама кога и да биде тоа следи сценариото што ти го опиша - Иран веќе се изјасни дека евентуална војна нема да се води само на нивно тло.

Марко@
Иран низ историјата има долго искуство со притисоци, а богами и САД со години го прави тоа: сите заврзлами во регионот меѓу другото значеа и стационирање во близина на Иран (Авганистан, Ирак), во јули имаше извештаи за масовно концентрирање на ирански сили кон Азербејџан (наводно групирање на САД сили во Азербејџан за упад од копно), сомнителни поддршки на фракционери во самиот Иран.... да не ги споменуваме санкциите и секојдневните притисоци.

Во секој случај, изгледа Иран не се потресува многу околу ова, а дефинитивно не е добро време човек да биде „лидер„ во САД :D :D
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Не верувам на нападнат.Само уценуваат.Куче што лае не каса.
 
M

.:makedonec:.

Гостин
Доколку дојде до напад врз Иран (велам доколку), најбезболно, со најблаги последици би било тоа да го стори Израел.
Но сепак, не се знае како ќе реагира Иран и дали во тоа ќе ги вмеша и САД, Турција, Сирија и се што е околу Иран - а тоа е целиот Блиски исток.
Доколку САД го нападнат Иран - јасно е, тогаш Иран ќе нападни се што може... базите во Ирак и Авганистан, сојузниците на САД во Блискиот исток, Кувајт, ОАЕ, С, Арабија, потоа ќе лансира и на Израел, ќе го активира Хезболах, Сирија... едностанво ќе настане вистински пекол.
Доколку пак тоа го направи Израел, можно е Иран да се одмаздат само на Израел со помош на Хезболах, што не би требало да доведи до масовни судири.
Сепак, сето тоа преставува голема коцка...

Abe opasen si ti nogu jako razmisljas Iran e Rusija pa ke aktivira sve okle nego hahahhh
 
B

Borg_Drone

Гостин
Болдираното е „најбезбедната„ варијанта, ама не ми изгледа остварливо. Израел едноставно нема капацитет сам да го изнесе тоа, Иран е и преголем и предалеку макар и за ограничени акции (сам во смисол САД секако да ги помага логистички, ама доволно „дискретно„ за Иран да нема повод да го прошири конфликтот). Би било прашање на време кога САД директно би се вмешале, можеби од самиот почеток, можеби подоцна - ама кога и да биде тоа следи сценариото што ти го опиша - Иран веќе се изјасни дека евентуална војна нема да се води само на нивно тло.
Се е пресметано, достижен е Иран за израелските авиони (со дополнување гориво во лет, нормално) но проблемот е тоа што они веќе водат војна со Иран и тоа добра економска војна со нивната нафта, и се чека моментот кога Иранците ќе станат бесни на својот Ајатолах и неговата марионета, тој момент се чека од страна на западните земји.Иран како земја е зависна од рафинирана нафта, немаат голем капацитет за производство на рафинирана нафта па извезуваат во земји каде имаат капацитет да ја вршат таа работа.Ама земјите во кои извезуваат нерафинирана нафта им го скратија извозот од 400 000 барели на 200 000 барели нафта.Иран додуша сега гледа излез од сето тоа во отворање на рафинерии во Африка, и тоа во Нигерија ама колку ќе им успее стратегијата тоа ќе видиме допрва, во блиска иднина.
 
M

.:makedonec:.

Гостин
Прочитај пред да тропнеш глупост. Еве ти нешто ко за почеток:
http://en.wikipedia.org/wiki/Armed_Forces_of_the_Islamic_Republic_of_Iran
Abe mlado mom4e ti ima muabet so mene da praes za ovie raboti be ejjjjjj kako prvo gledam Iran ima aktiven i rezerven personal 895 000 a znaes li so ke se slu4e koga ke im pisnat Izraelcite so 550 000 + i Amerikancite so 1 455 000 a za Evropskite drzavi to est natovcite da ne pravime muabet i4 2 000 000 regularna vojska samo a uste 5 pati poeke rezervisti ,toa bese od gledna to4ka na ziva sila od od druga strana site znaat a se nadevam i ti deka NATO-vcite a i izraelcite vo posledno vreme go imaat najsofisticiranoto oruzje to est oruzja od 5 generacija i nemoj ti da mi drzis predavanja so e Iran, Iran mozebi e jak ama za drzavickite okolo nego drzavite vo koi sto lugeto nemaat leb da jadat a ne pak oruzje da kupuvaat:Avganistan,Turkmenistan,Kuvajt,Irak,Azerbejdjan i taka natamu, so misles ako svetot saka ne moze da go sredi Iran mislis tesko ke im bide da napravat pustos i da go napravat protektorat kako Irak i Avganistan mozat ama toa ne go dozvoluvaat najverojatno svetskite organizacii za mir posto najverojatno mislam sigurno vo ovaa vojna ke bide upotrebeno nuklearno oruzje koe sto preku vozduhot ke go oste celiot svet bea taka i Irak edno vreme koa bese Sadam Husein kako se zborese i togas isto kao sega eeee amerika ke go sredi Irak nema sansi Irak so 700+ borbeni avioni pola milion vojska i 2-3000 tenkovi taka se zborese ama eve i samiot si svedok sto e denes Irak da ne bide istoto so Iran takvi se amerikancite,izraelcite i britancite sto e stvarno taka taka e tia narodi se bolni po vojna non stop vojuvaat sekade so se vika tie se izvezbani na krf veke a Iran vo poslednite 50 godini ima vojuvano ednas i toa so pomala i pomalkubrojna zemja (Irak) i taa vojna ja izgubi gledaj gi globalno rabotite ne e sabo da pises treba da mislis so ke pises :)
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Се е пресметано, достижен е Иран за израелските авиони (со дополнување гориво во лет, нормално) но проблемот е тоа што они веќе водат војна со Иран и тоа добра економска војна со нивната нафта, и се чека моментот кога Иранците ќе станат бесни на својот Ајатолах и неговата марионета, тој момент се чека од страна на западните земји.Иран како земја е зависна од рафинирана нафта, немаат голем капацитет за производство на рафинирана нафта па извезуваат во земји каде имаат капацитет да ја вршат таа работа.Ама земјите во кои извезуваат нерафинирана нафта им го скратија извозот од 400 000 барели на 200 000 барели нафта.Иран додуша сега гледа излез од сето тоа во отворање на рафинерии во Африка, и тоа во Нигерија ама колку ќе им успее стратегијата тоа ќе видиме допрва, во блиска иднина.
Кога човек чита паметно срочен текст (а постов е паметно срочен) може да си помисли дека со Иран е завршена работа. Само, недостатокот е што претпоставките се некако премногу „западњачки„, а сите овие наведени работи не се баш така едноставни како што изгледаат (растојание, санкции, внатрешни немири...)
Касно е сега, ќе пробам само накратко да ги покријам со она што ми останало во глава, па деновиве здравје ќе побарам и поточни податоци, нормално, ако се развие дискусијава.

Достижноста и тоа како ќе биде проблем, а ако остане само на Израел и невозможна - зборуваме за територија од скоро 1,8 х 2 илјади км, со 80 мл луѓе. Немам поим каде им се потенцијалните мети, ама логично би било да не се на самата граница, туку негде во внатрешноста. Полнењето во воздух е комплицирана работа и за време на вежба, а над Иран не доаѓа предвид. Евентуално учество на САД и планирање на танкирање пред влез во Иран можеби е опција, ама тогаш конфликтот ќе се прошири во регионот ( и Human го спомена тоа), па Иран сигурно нема да ги чека над нивна глава овие да си играатт бензиски пумпи.
Санкциите - Иран е веќе 30 години под санкции. Од една страна беше хендикепиран поради тоа, ама во последно време тоа може и да му е предност. Значи зборуваме за земја која од тој аспект многу личи на бивши СССР - сами произведуваат скоро се што им треба. Памтам дека се можеби единствена земја во регионот која нема потреба од увоз на храна ( а најбројни се) и со најголеми резерви на питка вода, покриваат преку 90% од потребите во фармација, авто индустрија... Плус што доста го развија образованието, а богами и науката.

Внатрешни немири - подобро нека не рачунаат на тоа. На карта изгледа многу шаренолико, ама без разлика на етничките групи националното чувство им е силно. Зборот ми е, можеби дел од нив сакаат промена на власта, ама тоа не значи дека со задоволство ќе им помагаат на америте/израелците. Впрочем, тоа е и пробана работа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom