Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Можеш да си видиш низ википедија дека и во Афганистан има Христијански Цркви. Тоа за влијанието - Па твоите родители или роднини не се Христијани? Сигурно вие цела фамилија не сте атеисти. Така да како ти не си потпаднал под влијание нивно да бидеш Христијанин, така и јас, а? Понатаму, како тоа не држи, кога ете мене ми држи. Спротивно на твоето пак, јас откако ја прочитав Библијата станав верник каков што сум денес. Ти оти си ја читал онака атеистички, со предрасуди, со претходно оформени ставови дека тоа што ќе го прочиташ е лага, тоа е твој проблем.
- Во право си, има. А под какво влијание би бил, тоа ни ти ни јас не знаеме со сигурност. И овде имаш и џамии и синагоги и што уште не ама не си станал ни муслиман ни јудаист ни нешто друго. Не не си бол под влијание....жими мајка
- Со кои предрасуди ти ја читаше библијата? Како апсолутна вистина? Значи ти си бил верник и пред да ја прочиташ.

Епа тоа е работата. Нострадамус вели ќе летнале два гулаба, и денес луѓето тоа го споредуваат со 11 септември. А можеле да го поврзат и со нешто друго. Со било што. Кога се пишува така со загатки и не директно. За разлика од тоа пак, во Библијата има пророштва кажани директно - тоа и тоа ќе се случи, тогаш и тогаш. Е сега ти мислиш дека биле додавани од некого, но нити имаш доказ нити знаеш кој што додал, ни кога додал, ни зошто додал.
Сосем небитно кој и што и кога додал. Јасно е дека додал. Та нели и Јахве (Бог, Алах... кое и да е име богот е тој) забранува пророци и гатачи? Кој смеел и можел освен олмајти да знае однапред?


И? Тоа треба да ми е доказ дека Христијанството украло од овие? Ете мене не ми е.
Дали негде погоре спомна предрасуди?
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
- Во право си, има. А под какво влијание би бил, тоа ни ти ни јас не знаеме со сигурност. И овде имаш и џамии и синагоги и што уште не ама не си станал ни муслиман ни јудаист ни нешто друго. Не не си бол под влијание....жими мајка
- Со кои предрасуди ти ја читаше библијата? Како апсолутна вистина? Значи ти си бил верник и пред да ја прочиташ.
Ок. И ти имаш право. За она со читањето, не сакав да кажам дека претходно не бев верник, туку откога ја прочитав Библијата станав поголем. Можеби на сум се изјаснил јасно во претходниот пост. Сакав да кажам дека откога ја прочитав Библијата ми се зацврсти верата и станав поголем Христијанин отколку што бев, и добив одговор на многу прашања. А друго пак, кога прв пат отидов на литургија во црквата, ми се исполни духот и сватив дека сум на правото место, дека ова е вистината. Значи човек има повеќе можности како да дојде до вистината. Или да ја прочита Библијата, или да појде во црква па да види што се прави таму, или да поразговара со некој Христијанин итн. Ете во премин списанието имаше една статија за Индонезиец муслиман,. израснат во такво семејство, кој откога ја прочитал Библијата и зборувал со еден Христијанин поверувал и сменил вера. Така да некои луѓе можат сами да си прочитат неколку религиски книги и да увидат која е вистинската. Некој пак и покрај се пак може да си остане на своето, да не стане Христијанин.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Што вели христијанството/библијата за второто доаѓање на Исус?
Вели дека Христос ќе дојде пак, оти Он така ни вети....

--- надополнето ---

Каде ќе се спушти? ?
Нема да се спушти никаде: Хрстос ќе биде во воздухот.

--- надополнето ---

Како ќе биде препознаен?(затоа што сега брзо видовме дека луѓе се представија како Исус и Марија и придобиле неколку следбеници...)
Лесно ќе биде препознаен: по Неговата слава, која ќе биде најавена со крсен знак на небото и со ангелски гласници.

--- надополнето ---

Како ќе се бори против антихристот и така натаму?
Христос ќе се бори против антихристот се Неговата Божја специфика: со заповед.

--- надополнето ---

п.с. што ако не биде онаков каков што го цртате гол по црквте закован на дрво?
Христос еднаш беше закован на крстот за нашите гревови: Он нема да дозволи да Го заковаат и по втор пат.

--- надополнето ---

Како ќе знаете дека е тој Исус кога вие го цртате поинаку, и го замислувате поинаку?
Ние не Го замислуваме Христа Богочовекот на поинаков начин од оној начин на кој Он ни се објави.

--- надополнето ---

Епа дај цитирај ми да видам, да не барам сега по архивите ....
Откровение, 22.20.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Е Многу пишувало? Што содржи откровение, 22.20???

20 Зборува оној што го сведочи ова:
„Да, ќе дојдам скоро!” - Амин! „Да, дојди,
Господи Исусе!”


Многу бе
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да бе...

Детаљен опис за второто Христово пришествие, дава романскиот мохан Клеопа, во неговата книга „Голем Е Бог.„
 
Член од
19 мај 2011
Мислења
61
Поени од реакции
2
Ние не Го замислуваме Христа Богочовекот на поинаков начин од оној начин на кој Он ни се објави.

Како не го замислувате? Зарем во
православните цркви на сликите не представен гол обесен/закован на крст, со малце брада и долга коса...? Или...? не е ваков, овај е некој друг што е обесен не е Исус?... се надевам на одговор..:salut:


--- надополнето ---

Значи мене ми е зборот, што ако не е ваков како што е представен на сликата? Тоа и прашав погоре, а ти ми кажа дека нема да биде закован по вториот пат , дека нема да дозволи...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Штом иконописците/фрескописците така Го насликале ликот Христов, тоа значи дека Он така ни се објави.

Тоа што етиопската Црква, иако е монофизитска, Ги прикажала Христа со црна боја, не е проблем: Христа Го сликаат и со жолта боја. Како што Адам е нашиот пра-татко, со црвено-кафеава боја од тенот (не со бела, црна или жолта...), така и Христос е новиот Адам: нашиот Спасител.
 
Член од
19 мај 2011
Мислења
61
Поени од реакции
2
Значи иконописците така го замислиле, тоа значи сите различно го сликаат и он нема да изгледа на никој од тие што го цртаат...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Значи иконописците така го замислиле, тоа значи сите различно го сликаат и он нема да изгледа на никој од тие што го цртаат...
Погрешно...

Иконописците се повикуваат на вистинскиот лик Христов, оставен како оптечаток на парче текстил од Неговиот лик. Откога постои Црквата, таа (Црквата) Го изобразува ликот Христов на ист начин: долга дводелна коса, брада, ореол за Светост...
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Погрешно...

Иконописците се повикуваат на вистинскиот лик Христов, оставен како оптечаток на парче текстил од Неговиот лик. Откога постои Црквата, таа (Црквата) Го изобразува ликот Христов на ист начин: долга дводелна коса, брада, ореол за Светост...
Прашање: Зошто тоа парче текстил потекнува од 13век?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Прашање: Зошто тоа парче текстил потекнува од 13век?
Никаде немам напишано дека тоа парче текстил потекнува од 13-от век, туку дека тоа парче текстил е од 1-от век. Ликот кој Христос самиот го остава на тоа парче текстил е модел според кој дири и раната Црква Го прикажува ликот од Богочовекот, па тој лик, изработен иконографски, преставува колективно сеќавање на Црквата за Неговиот лик во изминативе 2 000г..

Разбира се, тој текстил не „држи„ 2 000 г., така да не е сочуван...

Еве, се обидувам за „закачам„ еден примерок од најстарите ликовни записи на ликот Христос, но форумов одбива.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom