Ova go tolkuvam na najednostaven nacin, deka Noviot Zavet so Stariot nema blaga vrska, i deka biblijata e kniga polna so gluposti i kontradiktornosti vo koja sto mozes da najdes se sto ke posakas...
Зарем и оваа поука за љубовта од Св Павле е глупост
За љубовта
13 Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски,
штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи.
2 Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да го имам сето знаење, а и така силна вера, што и планини да преместувам, - ако љубов немам, ништо не сум.
3 И да го раздадам целиот свој имот, да го предадам телото да ми изгори, -
штом љубов немам, ништо не ми користи
4 Љубовта е великодушна, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не е горделива,
5 не е непристојна, не бара свое, не се срди, не памти зло,
6 не се радува на неправда, туку се радува на вистина,
7 се покрива, во се верува, на се се надева, се поднесува.
8 Љубовта никогаш не пропаѓа. А пророкувањата? Ќе минат. Јазиците?
Ќе замолкнат. Знаењето? Ќе исчезне.
9 Зашто само делумно спознаваме и само делумно пророкуваме;
10 а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното.
11 Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував;
а кога станав маж, го оставив детското.
12 Сега гледаме како низ огледало, нејасно, а тогаш - лице в лице; сега спознавам делумно, а тогаш ќе спознаам совршено како што и сум спознаен.
13 А сега остануваат овие три работи:
верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта.