Првиот болд: Во право си. Луѓето го ИЗМИСЛИЛЕ бог и го ИЗМИСЛИЛЕ христијанството
Вториот болд: Па нели треба некој да го создаде за да биде вечен? Или можеби сам се создал?
Ова со болдот е апсурдност. Размисли, кој може да го создаде Оној кој е вечен, кој се создаде и создава?
--- надополнето ---
Во врска со настанувањето на теоријата и верувам на науката и ние сеуште го истражуваме тоа.Да речев јас дека знам кој или како се создаде се како што викаш ти дека тоа бил господ ке требаше да дадам и доказ како го направил тоа и зошто.Што значи штом веќе тврдиш дека бог создал се објасни како.А јас се што тврдам е дека бог не постои.Доказ колку што имам јас имаш и ти.Ти се водиш по некои книги а јас по тоа дека тие книги се напишани од луѓе, и тоа дека луѓето отсекогаш се што неможеле да го објаснат го препишувале на виша сила.Верувам дека и ти се согласуваш со мене за ова во врска со паганските богови, епа исто така мислам дека е и со христијанството и со било која религија.Нема потреба да давам докази единствено велам дека на тој начин се создаде религијата на земјата, неможеле да објаснат некои појави и си препишувале се на богови.Исто и денес кога нешто неможеш да објасниш си велиш ајде божба волја било.Поради тоа не верувам дека бог постои и мислам дека е измислица на луѓето.Денес науката и технологијата напредуваа и многу работи се објаснија.За настанокот на материјата сеуште се истражува и неможам да ти дадам точен податокАма ако ти велиш дека твојата религија го знае одговорот и дека тоа е БОГ тогаш објасни ни како.Можеби ако ми ги објсниш преку библијата меркур, венера, јупитер. сатурн, уран, и остали ке правиме муабет за ова.Но вие имате само приказни за деца, правила на однесување (божји заповеди) и пренесување нечија воља.А свесен си дека постојат други планети, свесен си за постоењето на многу работи кои денес ги откри науката а религијата за нив ништо не спомнува.
Еве вака: Болдирав три твои реченици кои се суштината.
Ќе започнам по ред.
Првата реченица:
„Што значи штом веќе тврдиш дека бог создал се објасни како“. Како Бог создал се. Тоа сакаше да прашаш? Ќе ти одговорам: Не знам. Не знам како Бог ја создаде вселената и животот. Моето тврдење се базира на ВЕРАТА во Бог. Јас верувам дека тоа е дело Божји. Има некои записи во Светите Книги за создавањето на вселената, земјата и животот, но од што и како нема. Тоа за мене и не е битно. Она во што верувам е дека во тие Свети Книги е запишана вистината да вселената и се во неа и животот се дело на Бог. Ќе поторам: Моето тврдење за основа ја има верата во Бог и објавите Божји кои се запишани во Светите Книги и преданијата Божји.
Втората реченица: Твоето тврдење:
„А јас се што тврдам е дека бог не постои“. Ако ова го тврдиш треба да го поткрепиш со нешто. Самото тврдење само за себе си е неиздржано и бессмислено.
Третата реченицна:
Доказ колку што имам јас имаш и ти. Мене лично не ми треба доказ во смисла на тоа што го тврдам лаборатосиски се остварува така како што го тврдам. Мене ми е доволна верата и објавите Божји. Но ти бидејки го негираш постоењето Божје, а со тоа и што е создадено од Него, треба да дадеш одговор на прашањата, но на начин да истите бидат вистински, остварливи и неменливи. Тоа подразбира, ако дадеш тврдење дека материјата настанала така и така, тогаш тоа не треба да биде само НЕКОЈА ТЕОРИЈА КОЈА ВО МОМЕНТОТ Е ПРИФАТЛИВА, туку треба да биде апсолутна вистина докажана во пракса, значи лабораторија, и да е вечна, да важи заскогаш.
Тоа е разликата. Јас моите „докази“ ги имам и тие се НЕМЕНЛИВИ ВЕЧНИ. Твоите докази, претставени како Теории базирани претпоставерни настани, не дават задоволителни одговори. Па и самите теории од пласирачите на теоријата изјавуваат дека немаат одговори на некои прашања.